Има ли некој искуство од вакво нешто. Под вратчето е, има гушичка и како прекопено и е овој дел. Денес зацрвенето и тоа бајаги. Внимавам на бришење после банјање, ставам кремче за лице веледа. Совет некоја од вас да ми даде.
Ета гледај да е суво ова место, со суво марамче чисто помини го, и евентуално јекодерм да намачкаш. Доста воспалено ми стои ова. Ништо од кремови за тело не мачкај во овој дел.
Убаво се потпарило вратчето. Пантексол ќе заврши работа многу брзо. Сме имале и ние, баш докторката ни го откри пантексолот и од тогаш за секакви црвенила го користам.
Веќе сте за антибиотик. Герамицин можеш да мачкаш 2пати на ден и да гледаш местото да биде суво. Ми делува бајѓи разрането. Во меѓувреме бепантен маст.
Секогаш да е убаво избришана бебка и сува скроз сегде кај што се преклопува кожичката. Знам дека внимаваш на тоа, ама да си кажам, зошто е битно. Убави совети ти дале, Јекодерм, Пантексол, ќе завршат работа. И мојата големата имаше исто вака под вратчето, јас пудра Бекутан и’ ставав да го суши местото и многу брзо се среди. Се правеше ваква и под мишките и зад колената, многу витки имаше, мишелинки Ќе се среди
Да исто и кај моето под мишка имаше,таман го средивме вратчето таму се појави. Се лигават многу, а со главата си го преклопуваат вратчето и затоа се јавува црвенило. Желчиња мали,ќе дигнат главче ќе пројде
Јас би ставила банеоцин прашок, многу малку, за да не вдише евентуално. Кај бебиња што имаат мишелинки се препорачува што е можно помрсна крема.
Мене па ми рекоја да не ставам креми на потпарено вратче туку пудра бебешка и така правев за 2-3 дена му помина.. Само треба убаво да се иссуши тој дел после капење
Ви благодарам на сите на советите. Не ставив ништо, денес веќе почна да се повлекува, скоро и да е поминато. Можеби не сум избришала убаво после банјање, во секој случај да внимавам повеќе на тој дел во иднина, зошто ептен се преклопува под гушичката. Инаку педијатарот од Систина ми предложи биодерма интензив.
Ова се создава од бљуцање. Моиј со вода, суши и ставај за пеленска регија (јас џинџира користам скроз на природна база) . Со едно миење му обеле.
Мајки дали некоја има искуство со вакво нешто. Носено три пати на педијатар само креми,маст не дава но никако да помине.Од последната маст мислам дека уште повеќе се прошири и разрани.Денес ја носев и друга некоја на мустела ни даде. Да напоменам дека менував памперс плус и со пегла дезинфекција правев но ништо не помага.
Ете ти погоре. Ме спаси пред крв беше, рана... Менувај ептен често пелени, прскај од спрејов и раат ќе видиш...
Мајка,јас како постара да ти дадам совет,зашто и јас сум го поминала ова,иако одамна беше. Пробај тетра пелени да ставаш ,исперени и добро исплавени,без омекнувач.Ќерка ми ја миев со раствор на хиперманган,бришење само со вода и крпа,никако влажни марамици.И пудра обавезно.Знам дека користев Пенатен крема.Ако добро се сеќавам. Не ми замерувај ова од пред 21 г.ти кажувам.И памперсите се помош но и проблем.Колку можеш оставај го голо...и само памучни пелени.
Влажни никако не. Ние од тетра пелените исечкавме на парчиња и кога ќе го ставаш памперсот врз него парче од пелената, помеѓу газето и памперсот, за да нема директен контакт кожата со памперсот. Со тие крпички од тетрата и бришеме , ја натопувам со вода и бришам.
Мамички на малиов по течна му е столицата од вчера од што може да биде? И дали може да дадам чајче од нане иначе на ад сме и сме 3месеци