Здраво девојки. Ќе може ли некоја да ми објасни колку скокови има, кога се јавуваат и во кратки црти - симптомите за истите? Исто така, ме интересира дали се пресметува неделата во која се јавува скокот од дента кога е родено бебето или од крајниот термин за породување во бременост? Мајка сум на едномесечно бебе и многу би ви била благодарна доколку ми излезете пресрет.
Бебе 3 месеци, од минатиот викенд беше поднастината, со затното носе, но по 2 дена почна да кака зелено, со слуз и траги од крв.. кака околу 5 пати во денот, но и предходно какаше околу 4 пати.. така е веке 6 дена, пред некој ден др на тел ми кажа дека можно е да е од настинката, ама еве настинката и помина но ова со столицата никако.. давам само пробиотик биогаја, инаку на доење сме.. некој вакво искуство? Спојлер
Здраво девојки Викендов се шетавме нормално облечени убаво, скафандер, капче добро покриени. Од вчера приметувам дека двајцата подзакашлуваат. Незнам дали е од плунката пошто многу се лигават и цело време им се рачињата во уста или се настинати. Како да препознаам од што кашлаат, осносно дали кашлицата е сериозна? 4 месеци сме. Инаку и вакцини треба да примаат во петок, нормално ќе направам и крвна слика иако педијатар но вика не мора кр. Слика пред вакцина.
Кашлицата дали е сериозна може само доктор да препознае. Секоја кашлица треба да се провери. Најверојатно е обична настинка.
Дали сите пелени се со траги од крв? Да испиташ некоја нетолеранција да не има, на нешто што јадеш. Најчесто се однесува на млеко и млечни производи, исфрли ги од твојата исхрана одреден период и следи ситуација со столиците, дали ќе има подобрување. Ако потраат вакви столици, мора испитувања.
Повели линк на кратко објаснето https://babyshop.mk/mk/skokovi-vo-razvoj-na-bebinjata Има посебна тема за скокови во развој а на плеј стор имаш Wonder weeks апликација околу 200ден беше. Инаку се гледа терминот на раѓање. Кај мене првиот скок го водев според дата на раѓање бидејќи забележав дека е во прв скок. Симптоми се често плачење сакаат вп раце одбиваат шише/цицање...
Дали ако едномесечно бебе врзе повеќе од 4 часа спиење, го будите за доење? Го избањав, пиеше млекце и заспа накај 19 часот. Се мислам дали да го разбудам или да го оставам сам да стане.
На еден месец не би го будела освен ако доктор не ти кажал различно. Ако ти се преполнуваат градите измолзи се малку колку да ти олесни.
Во 2 пелени дневно обавезно приметувам и крв.. денес педијатарот ни даде упат да испитаме мокрача и измет, ми спомна дека е можно да е алергија на мајчино млеко но за да се провери тоа морало 2 недели да ја хранам со ад при што постои можност скрос да се одбие од доење. Сепак ко што велиш ќе исклучам млечни, ќе почекам резултати од урина и измет пред да го исклучам скрос доењето..
Да не се збунил малку педијатарот? Повеќе би можело да значи алергија на казеин (кравји протеин), преку мајчиното млеко го прима од млечните производи кои ти ги конзумираш. Во ваков случај мајката прави диета со исфрлање на се што е млечно и што содржи млеко, околу 2-4 недели да се види дали ќе има подобрување кај бебе. Вештачките млека се исто на база на кравјо млеко, такашто најубаво да си побараш второ мислење.
Не давај ад млеко, туку ти исклучи го млечното од својата исхрана, убаво ти кажала членката погоре. Не постои алергија на мајчино млеко, барем досега не е докажана. Види како ќе биде некој период, ако има подобрување, постои можност да има алергија на казеинот, ама пак се потребни испитувања. Реално, не се ни нешто веродостојни, оти сепак е мало бебе, не е возрасен човек. Генерално, ваквите нутритивни алергии исчезнуваат во раното детство, ама да не поставуваме дијагнози и прогнози на невидено, направи си испитување на урина и измет и исфрли млечно од својата исхрана. Понатака ќе видиш. Има тука членки со слична мака, @BabyT* мислам дека може повеќе да ти помогне.
Бебе старо 3 дена се напило малце плодова вода и сега срипува наеднаш у сред ноќ кашлајќи и исфрла како меури, дали може тоа да се исфрли само или мора лекови во болница му правеа прегледи као ок е ама не на плуќа, иначе и цивка и чудно дише како да свири понекогаш
Уффф во болница сте уште? Нека го прегледаат убаво многу, да не даваме од ракав совети, што туку родено новороденче е, премногу е мало. Барај лекар, вчера
@enaena многу е тажно што ни педијатрите немаат никакво познавање со алергиите, па за жал мора сами да се обучуваме. Прво никако не тргај мајчино, ако е алергија на казеин ќе биде многу по лошо со ад, хипоалергено многу тешко кое дете прифаќа и ќе се доведиш до ситуација да незнаеш што да даваш. Исфрли секакво млечно од исхраната и види дали ќе смене нешто кај малото. Друго дали има грчеви, почеста столица или егзема? Тоа се и други симптоми кои укажуваат на алергија, што и немора да ги има.
Кога би требало да бирам ад или мајчино за да откријам алергија, никогаш не би избрала ад. Искрено, не можам да најдам податок за алергија на мајчино млеко, дури и да е интолерантна на лактоза значи ни ад не е спас. Мислам дека во моментов решение е само промена на твојата исхрана.