Здраво мајки. Купивме дрвено креветче, меѓутоа малиот цело време го пика главчето во оградиците или плетенката (зависно на која страна е свртен) и тоа ми ствара немир, не можам да спијам мирно. Пробав да го местам, ама џабе, пак исто, сам си се мести како сака. Некоја членка да има такво искуство со бебенце старо месец ипол? Дури почнувам и да размислувам да купам и транспортно креветче, само да ми е безбедно детето.
Извади ги, одреден период нека биде без нив. Нема потреба да купуваш друго креветче. Ние сме со дрвено купив исто оградици но кога лежам не можам да го гледам и да е со плетенка па не ги стсвсм за да можам во секој момент да му го видам лицето и него дека е добар вака ќе се подразбудам го погледнувам се е ок и ородолжувам. Или ако се размрда го повлекувам креветчето до спалната мушкам рака и се смирива А во транспорно неможам да замислам нема да можам да го гледам воопшто .
Ќе се удри ако ги извадам. Од вертикално, се извртува хоризонтално скроз, а плетенката знае и да ја шутира со ногата. Транспортните не се на две нивоа?
Да дс се на две наајчесто. Но се затворени од сите страни па за да го провериш бебенцето мора да станеш . Инаку дс во транспортното неможе да се удри.
Јас имам оградици во дрвено спие не можам да замислам кко ти се врти и удира и моево е месец ипол се уште се нема свртено нс страна спие на грб само главчето го врти лево десно Како успева толку да ти се извртува во толкаво креветче?
Се поместуваат ако се на месец, месец ипол. И мојата беше така стави ја најгоре во креветчето, местејќи се ќе дојде скроз долу. И главчето си го ставаше потпрено на плетенката, ми беше страв да не и се искриви, дека многу мала беше. Сега, за десетина дена ќе полни пет месеци, многу помирно спие.
Се врти сам и на грб и на страна. И педијатар и ортопед ни рекоа многу да внимаваме. Сеуште спие во количка од што не ми се остава, башка и си се спушта на креветот,ама тоа е ваљда зашто му е поткренато душечето.
Исто вака и плус се пика во оградицата или плетенката со лиценцето. Во количка го легнувам, ама друго е на кревет да спие. Нз како да правам,а многу е мал.
Еве од Чиполино, на пример Мислам во Андреј компани дека носат од Чиполино, види пиши им, мислам дека овие конкретно се околу 4-5000. Претпоставувам дека има и по другиве продавници, пиши им на Фејсбук. Јас имам монтажно, ептен сум задоволна. Не може да се удри, нема оградици и раат сум да не се пикне во нив.
Ептен напредно затоа ме зачуди моево на 06.12 ќе прави 2м како го оставам во кревет така го наоѓам Мора да му најдеш некое чаре пред да земеш монтажно мора да постои порано кога немале монтажни што правеле
@..barbie.. а да пробаш убаво да ги зацврстиш оградиците за страницата на креветчето да нема луфта измеѓу, зошто знам обично само горе имаат за врзување а долу е слободно. И моето знаеше да сепостави на косо или се буткаше нагоре целиот со главата ама кај главата имам стсвено облаче перниче прицврстено убсво да не може под него да се мушне.секако со главс несе мушкал никогаш па незнам дали ќе успееш така. Но и во транспортно креветче може да се лепи со лицето на страницата...
Точно, може да се лепи со лицето, но мрежа има на страните и сепак не е исто со нурнување со глава во оградица.
И после кругчињата од мрежата да му се отцртаат на фацичето . Шала на страна, на темава, мое бебе има транспортно креветче за кај баба му, а дома дрвено, имаме стандард оградици и нема проблеми. Едно време му ги тргнав па си ја трескаше главата во дрвото и ги вратив. Со транспортно креветче, ако на мајката и е шубе да става обична оградица, тој проблем го нема.
Да д аако е такво креветчето. Но повеќето немаат мрежа или пакне дум видела зошто не сум разгледувала многу такви креветчиња. Муабетот ми беше дек аако е обично без мрежа исто му доаѓа дали е оградицата или страницата на тоа крветче. А ако е со мрежа е веќе друго . Најбитно е мајката да се чувствува дека бебенцето и е сигурно и безбедно.
https://kiwi.mk/product/aptamil-lac...a-formula-za-doenche-bez-laktoza-prav-400-gr/ https://24apteka.mk/product/nutriben-h-a-adaptirano-mleko/