Ние сме малку помали. Го носам кај Антоније на ортопед и баш тој ми кажа дека на сите препорачува транспортно креветче. Со многу мерак му го купив дрвеното, ама на 2 мин цела ноќ да станувам да го проверувам, не бива, а мирно да спијам, не можам.
Тоа ме чуди ова ич не се врти моево вие рано сте почнале И јас таму го носам не ми спомнал ништо кој да знае такви работи однапред Ако имаш простор супер практично е како игрална ќе го користиш понатаму
Страниците се залепени, ги напикавме за да нема луфта, ама се пика скроз во нив, дури и цуцла кога има пак се пика. Сигурно така си се чувствува посигурно, ама јас му се плашам дека е мал, не знам колку осет имаат.
Не е безбедно така штом се лепи они имаат инстикнт најверојатно ќе се сврти недај боже да се залепи мн ама сепак д аси бидеш мина најдобра опција е транспортно со мрежа
Мајки нормално е вака да му се познава потечено на мешето? Не го боли и му се губи како мрда но страв ме фати зашто вака изгледа, чекам одговор од педијатарката
Здраво мајка. Моето исто од еден месец се вртеше цело низ креветчето, а спие во транспортно креветче. Единственото решение да го задржам колку-толку во некоја позиција ми беше само крпи замотани во ролна, една позади грбчето до врат и уште една од другата страна кај мешето до под рачето. Го ставам уште еве 3 и пол месеци е да спие на страна. Сега се изместува повеќе се врти и на грб, но не ми "шета" многу низ креветче
А добро зошто толку инсистирате да не се врти во спиење бебето? Не ми е јасно, затоа прашувам. Единствено на памет ми паѓа на некоја перница или оградица да не се нурне не дај боже па да не може да диши убаво. Вака со крпи во ролна мене ми звучи понебезбедно спиењето. Јас немав проблем кога беше мал бебе ваков, ама од кај 4 5 месеци цел се ротира низ креветче, не можан никако да го спречам а не гледам ни зошто. Доктор ви рекол да не му дозволувате?
Да, ортопед ми кажа мене дека бебе треба да спие на страна. Крпите ја имаат истата функција што и специјалните перничиња за тоа, само што перничето за нецел месец го надраснавме. Не е небезбедно бидејќи не му дозволуваат да се лизга надолу и нема опасност да се покрие преку глава.
Од колку време ти кажал ортопед на страна да спие? И зошто? Бебе дури само ме се сврти не треба вртење. Може да падне на стомак да се задуши или да бљуцне и да го повлече низ нос и да се задуши Со тие крпи и перничиња е доста небезбедно
@emits мене пак и педијатар и ортопед ме искараа зошто ја ставам на страна строго на грб.И околу неа да нема ништо ми напоменаа. @..barbie.. а да го местиш хоризонтално ? Може така му е поубаво.
Не знам. Маја Каличанин во Систина ми го кажа ова од причина што главчето уште им било меко не смее на грб да спие додека е помалечко и во случај да поврати не може да врати назад. Плус спие на закосена перница. Баш за да не се заврти на стомак се става крпата покрај мешето. На линкот подоле може да видите наведена причина за рамно главче дека е спиење на грб. https://mudgwaychiropractic.co.nz/flat-head-syndrome-brain-development/
Оф оф таа педијатар е или ортопед ?би ти предложила да си носиш дете на второ мислење кај ортопед др Антоније или Видоевски или види во тема за ортопеди Само да знаеш вртење на страна е една од причини за смртност кај новороденчиња. Самите бебиња кога спијат на грб и бљуцкаат ако им се врати си го имаат тпј механизам да голтнат нема да им влезе во душник. Тој механизам со тек на време се губи. Тоа со главчето ќе си се реши ќе го ставаш на стомаче дури е будно Твое си е секако но барај уште едно мислење https://kidshealth.org/en/parents/sids.html
Така треба. Исклучиво на грб, без никакви перници, крпи, глупости. Строго на грб. Ќе се задушело ако повратело, боже какви глупости. Отвори видеа на youtube што се случува кога бебе повраќа на грб, се враќа повратеното во желудник. Главчето за да не му се сплескува, во текот на денот кога е будно бебето се држи или во раце, или во кенгур или на стомак дури е будно да вежба мускули. И дури и да му се сплеска, ќе се опорави, на куп бебиња му се сплескани. И нема ниеден доказ дека пречи на развојот на мозокот. Не се нормални некои какви небезбедни совети даваат. Секој педијатар стана, боже сачувај
Па убаво ти пишува на линков, ваква повреда може да се добие од притисок во матката, повреда во родилен канал, некоја траума на главчето после раѓање и последното е вродена мускулна мана. Никаде не пишува дека се добива од спиење на грб. Пишува дека некои видови бараат итна интервенција и опишани се кои видови - кога се случила родилна повреда или постои вродена мана или тумор на мозок кој прави притисок. И за крај морам да ти го посочам сајтов, воопшто не е веродостоен. Не се чита сешто на секакви страници
Мајка очигледно не си ни го отворила линкот. А и да не е веродостоен, веродостоен е зборот на докторката, нели?