Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.403
    Пол:
    Женски
    Мајка, не знам ти дали си го прочитала линкот.
    Има разноразни видови на плагиоцефалија, некои од нив бараат интервенција, некои не, во зависност од тоа која е причината.
    Не, не е веродостоен зборот на докторката.
    Пошто зборот на една докторка не може да биде поверодостоен од светски познати асоцијации на педијатри и неонатолози кои строго се против спиење на стомак со перници и крпи во креветчето.
    И не може да е поверодостоен зборот на една докторка која не е толку позната во државава, колку што се познати доктори како Видоевски на пример.
    Има разлика во квалитет, не значи дека ако е доктор тоа што ќе го каже е 100 % точно.
    Секакви небулози кажуваат.
    Не знам ни како ви се ризикува со нешто толку опасно кое недајбоже може да предизвика смрт, само заради естетска причина која секако ќе се среди како што ќе расте бебето.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  2. emits

    emits Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.042
    Пол:
    Женски
    Вие носете си го вашето дете кај тие што ги сметате за "познати". Докторите не се делат на познати и непознати според мене, туку на стручни и нестручни. Секоја мајка е одговорна за своето дете :). Мајката погоре побара совет како да го задржи бебето да не и се изместува во креветчето, на што и кажав како правам јас. Не е наше да судиме зошто тоа го прави или правам.Само и дадов одговор на тоа што праша. :) Ќе повторам секоја мајка е одговорна за своето дете :). И уште ова :) Во Ремедика бебињата што блуцкаа ги вртеја на страна, за да не се засркнат ако се на грб
     
    На zemzela91, eta, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    4.880
    Пол:
    Женски
    Не сакам да се мешам но ова што е обележано значи дека бебињата кои постојано се на грб легнати значи воопшто да не го подига никој или да не се врти да не се стсва на меше завежбање кога е будно. Во тој случај се јавува плагиоцефалија. А доколку само спие и кога е будно како што пишале се држи во раце се става на меше се менува положбата нема да им апроблем, особено икога ќе почнат сами да се вртат нема никаков ризик од развој на плагиоцефалија. Сепак секој има свој избор како ќе си го одгледува бебето.
     
    На 0ли, Milkiway, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. emits

    emits Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.042
    Пол:
    Женски
    Мајки јас не побарав совет како да ми спие бебето Само одговорив на друга мајка на тоа што имаше прашано
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.403
    Пол:
    Женски
    Па познати се поради тоа што биле по стручни :mm:
     
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.722
    Допаѓања:
    19.787
    Затоа што не отвориле да прочитаат нова медицина и истражувања како и за широк повој се водат по бабини деветини
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.722
    Допаѓања:
    19.787
    И мене ми викаа на десно да го вртам и ја не знаев дури не почнав да читам
    Ортопед ми даде Вежби и бебе веќе си се врти и на десно и на лево
     
    На BeLLaDona23 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    8.474
    Пол:
    Женски
    Не сум го испратила коментарот, имав пишано дека најбезбедно за новороденче е да спие на грб, таа положба си ја зафаќа самото и нема логика мајката да го врти на страна. Како што нема логика да се форсираат движења и маневри на бебето кои тоа не е спремно да ги направи, на пример седење или паткање.. И доктор да, може да препорача нешто, но други доктори и друго препорачуваат, затоа секој се информира барем сега има ресурси и извори на информации. Сепак, пак на крај мајката си одлучува, ние тука споделуваме искуства и мислења.
     
    На Jana06, babyboy1, Mantub и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Сакав да изнапишам околу засркнување, задушување или сидс ама why bother кога после треба да се расправам и објаснувам до сабајле. Сакам само да кажам не се плашете толку, не дај боже ама не може толку лесно да се задуши или да дојде до сидс. Тие имаат рефлекс од раѓање да се борат за здив. Да, направете им што побезбедна околина за спиење ама сега да не претеруваме и да се правиме подобри доктори од вистинските доктори. И вака и така се будиме само ако ја свртат главата, а не пак за нешто поголемо. Водете се по интуиција и слушајте си го докторот на кој му верувате.
    Јас го вртев некогаш на страна кога ете, нешто ми кажуваше да го свртам. Секако не спиев мирно и го гледав со едно око, сеуште спијам така, напорно е, хронично сум уморна, па ќе го наместам како што сметам дека треба да спие таа вечер и ќе врзам и јас 2-3 саати сон.
     
    На babyboy1, Snowflake92, Thallia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Dada2020

    Dada2020 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Имам две деца едното родено во Македонија другото во странство тука препорачуваат бебето да спие исклучиво на грб и цело време го потенцираат тоа ако бебето повраќа често што е случај со моето само си ја врти главата на страна
     
    На Mantub и elimkd им се допаѓа ова.
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Мене па сестрите во Ремедика ме советуваа само на грб да спие, и да блуцне не е страшно, ќе си голтне, или ќе се закашла, не може да се задави. Ама секако и кога спие на грб со главчето е свртено или на лево или на десно, така да нема ризик ни да се засркне, ниту да се направи плагиоцефалија. Ова по некоја моја логика :) Еве баш прееска ми се деси, на грб лежеше и си се сврти со главчето и си блуцна. Си имаат рефлекси, ако се мали.
     
    На Mantub, Coco31, eta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    5.196
    Пол:
    Женски
    Мајки совет..
    Бебка е со пролив 4-5 ден од кои еден ден и до 8 столици течни жолти и темп.до 38.4 најмногу крена а другиве дена има по 5-6 исто течни жолти и со слуз..и нема темп.
    Матичната ми препорача денес да давам пробиотик и да го сменам Ад со некое хумана за дијареа..и да не давам ништо од цврста храна..
    Се јавив на во плодност тие ми велат да давам ориз,компир,морков,банана...
    И сега незнам кај да терам..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    4.880
    Пол:
    Женски
    К
    Олку беше старо бебенцето? Има ли примено рота вакцина? Некој др дома со пролив и темперстура?
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Јас би постапила како во Плодност што ти кажале, не гледам причина зошто да не јаде. Баш морков, компир, банана, ориз, бисквита можат да помогнат. И направете си крвна слика.
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    5.196
    Пол:
    Женски
    6 и пол месеци е ..требаше да го носам на вакцина ама ја одложив заради проливот..друг дома нема никој со темп.и пролив
    Не била ситуацијата за носење бебе со темп.за крвна слика му кажав само еден ден имаше темп.3 дена нема ништо освен пролив..па да сум почекала до утре ако не прекинел проливот со млеково и пробиотикот тогаш да направам крвна слика...
     
    На Jana06 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  16. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    4.880
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Jana06 . Штом бебенцето веќе јаде цврста храна не гледам зошто да прекинеш. Се надевам брзо ќе помине. Да не вади заби? И тоа може да даде дијареа и температура
     
    На Jana06, Cherry333 и babyboy1 им се допаѓа ова.
  17. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    5.196
    Пол:
    Женски
    И јас на заби прво летнав ама ни непца потечени гледам ни некои промени ..
    Зедов од ова хумана за дијареа ќе пробам денес со него па утре ќе го носам за крв да испитаме
     
    На Jana06 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  18. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    4.880
    Пол:
    Женски
    Ајде се надевам брзо ќе се опорави душиче
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.493
    Допаѓања:
    127.825
    Што комбинирате за темп.9 месеци е малата.
    Се консултирав со матична и друг педијатар со различно мислење се.
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Babyiscomming

    Babyiscomming Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Ние пред 2 недели бевме со температура комбиниравме Парацетамол и Блокмакс наизменично ама беше до 38.6, минатата недела пак ми крена ама појака 39.2 завршивме на клиника и таму ми рекоа само Ефералган чепчиња и вистина со чепчињата имаше дејство 5 саати а со сирупите после 3-4 саати пак креваше. Мојава е неполни 7 месеци иначе
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.