Имам чепче.Значи да ставам место сируп.На големава мн и помагаа а на малава соруп и давав. А ви кажаа зошто не Блог Макс?
Заради тоа што чепчето побрзо делува и поголемо дејство има, а и не го оптеретуваш желудникот. Кај нас се покажа поефикасно. А што му е на бебуш, од што е температурата. Ние пред 2 недели се испитувавме беше вирус. Сега бактерија во урина, не ми е јасно од каде излезе сега тоа.
Инаку заборавив да ти одговорам за Блок Максот, заради тоа што содржи Ибупрофен ама вие сте поголемки,може да пие
Да да и јас наидов на многу мислења, бев исплашена бидејќи ми е прво дете и прв пат се соочивме со температура ама дадов бидејќи Парацетамолот делуваше ептен малку временски,морав
Здраво. Дали е нормално бебињата да имаат често топла глава? Ние сме 8 месеци и често е топла главата, а чело и образи не. Уште кога беше помал му спомнав на педијатарот рече не било ништо ама сепак се мислам. Овие денови му пробиваат и запчиња па дали може да биде и од тоа.
Mamicki bebe sto e na ad mleko denes mi povraka preraboteno mlekce kako urda i toa poslem 1cas pa nekogas i 2casa poslem jadenje? 3 i pol meseci sme
Исто ни се случува и на нас понекогаш. Еве вчера цел ден го правеше тоа. Денес нема. А не е повраќал кога беше ептен мал мидлам дека штом не е во млаз и непреработено нема страшно. 3+ е бебето
Незнам од синоќа со оброкот пред спиење ми направи вака и денес скоро од секој оброк поврака утре ќе одам на педијатар али знам ќе речи почекај од еден ден неможиш да видиш...
Моево беше со темп.викендов не крена многу до 38.3-4 и тогаш многу омалакса па го рассоблеков и му дадов парацетамол ја спушти и во апиење ако видев дека крева само го рассоблекував и ја проветрував собата да не е жешко па среќа не качи пак.. Иначе зедов чепчиња ако качеше на 39 ќе ставав чепче..поефикасни биле @mal.ecka
За мене Каличанин е една од најдобрите ортопеди во Мк. Да не беше таа детето ќе ми останеше со ептен сериозен проблем на ногата кој се реши за 3 недели, а за кој ортопедите од костозглобна викаа "па би требало да помине само од себе" или кога ќе им ја спомнев процедурата која треба да ја помине детето само бледо ме гледаа. Каличанин презеде мерки по тој метод уште истиот ден кога отидовме и сега е супер...
Чепчето кај беба за разлика од сестраи се покажа неуспешно. Под 38,1 не слезе.Туширав,поминаа 6 ч.38.6 дадов сируп.Се надевам ќе симни,се изнамачи.
Се изнамачи со температура, пролив и ќенкавост на бебе. Давам далерон, ја расоблекувам, туширам, малку оризова вода (не ја сакаше), кашички овие денови не сака, сака да цица и чајче. Ми ја спушта температурата, но кога спие пак крева. Имам и чепче ако качи 38.5
Се слушнав со педијатар сега ми вика да не стегам мн за меше додека ми е во раце, да сум следела како ќе кака денед и утре и како ќе пилни пелени и ме праша дали нормално јади.. Детево си јаде нормално али вчера влеговме во тој фамозен скок што се трга од шише што сака да го гледа да го држи тој па сознам... Ќе видам до петок како ќе биди.. А можи и го стегам многу не баш сака многу да се занимава со играчкки и голем дел од времето ми е во раце..
Мајки ве молам за мислење. Пратив слика пред некој ден но нема изгледа некоја со такво искуство. На бебето при мрдање на средина кжна мешето му се прави ко испакнато некогаш има некогаш не како ги стега мускулчињата на мешето знае да се испкане. Го однесов во систина кај Антони Христовски ми рече ништо страшно некоја мала хернија но треба само да се среди немам искуство со докторот отидов на дежурен ама некако многу чуден ми е. Имате ли искуство со него? Се мислам да го однесам и кај Марина во Ремедика, како сте задоволни од нејзе? Матичната ми вели нема потреба што нема пролив повраќање и слично но он премногу плаче мислев поради грчевите но сега веќе се ме плаши а на допир не го боли. Се изнапишав реферат но незнам веќе што да правам
Мој совет е да не го носиш на педијатар туку на специјалиста некој што си е стручен за тоа. Е сега не знам каков специјалиста би ти требало за твојот случај консултирај матичен. Дали ортопед, дали интерниста некој... Јас така би постапила