Феминки, не знам како да постапам - прееска малиот почна да плаче како и секој ден што плаче...Го земав во рака и отидов во кујна да му ја измијам цуцлата, плачеше, вриштеше...Со една рака го држев, а со друга ја миев цуцлата и му викнав да престане, веќе бев преморена и одеднаш видов во устата имаше крв, околу долната вилица...Мислам дека свест изгубив...Дојде маж ми, го зема, за кратко време се смири, крвта престана...Дали да го носиме на лекар? Од што може да му е крвта? Дали со ноктињата се има закачено во устата или од грлото му е крвта или не дај боже од стомачето ...Дали на детска клиника да го носиме? Сега е добро, нема крв...
Најголема веројатност има да се изгребало со ноктињата. Моето по лице се гребеше кога плачеше прегледај убаво во устето непцата ако не се повтори нема простор за паника.
Разгледај го убаво низ устата, дали има некаде крв. А да не е од твојата града, да не си се раскрварила? Од стомачето не би требало, затоа што кога повраќаат крв, крвта е со темна, скоро црна боја, реакција на желудочна киселина врз хемоглобинот во крвта. Ако е светла баш црвена боја, тогаш е од некаде погоре. Ако му даваш адаптирано млеко, да не си го сменила?
На адаптирано млеко е и не му е сменето од самиот почеток. Крвта беше светла. Не знам што да мислам веќе...Се обвинувам себе си дека му викнав и бев груба со него кога плачеше ама и јас веќе не можам да издржам, цело тело ме боли, едвај стојам на нозе... Можеби се потресол од мене... Ако е така подобро мене нека ме снајде лошо.
Ако е светла крв е од устата, помини со стерилна газа дали ќе има крв. Може му пукнало некое капиларче од напнување и не е ништо страшно. Друг пат кога ќе бидеш нервозна или напната, остави го на безбедно (креветче, сопруг), тргни се во друга просторија и диши длабоко неколку минути...пробај вака, и да плаче не се стресирај. Недостиг од сон, стрес, грижа, болки од породување, не доведуваат до стрес а бебињата тоа го чувствуваат и стануваат уште пораздразливи. Што направивте со цицање, баш те мислев пред некој ден? Знам во болница се одмолзуваше
.Мамички ве молам за совет.. Малата е 3 недели и беше само на мајчино млеко, но пред две вечери и воведив адаптирано на Hipp бидејќи моето не и е доволно. Од тогаш почна да има грчеви и не може да кака Денес само еднаш има какано како со зрна, дали се тие дробни и што се всушност истите? Help pls, нова испаничена мајка овде
Моето таква му беше каката на почетокот кога почнавме со дохрана, така да мое мислење е ради ад млекце промената во исхрана, би требало за неколку дена да се стабилизира
Само упорно, лактација се воспоставува со упорност,нон стоп на града, доволно и е ,верувај, првиот месец е така. Знам дека прашањето ти беше друго, ама морам да кажам дека таа грешка ја направив со првото, втор пат се опраив. 4м само на ексклузивно доење. Не давај адаптирано, верувај во себе.
Консултирај си се со педијатар дали да воведеш или исклучиш адаптирано Знам дека @NanaMia мислела добро и во право е Ама ти немаш наведено дали полни бебето пелени и како напредува и кој ти дал да воведеш адаптирано или на своја рака си вовела. Супер е да е на доење ама може бебето не се нацицува доволно и многу мајки хранат комбинирано. Те молам на своја рака да не правиш ништо сама треба да одлучиш дали да дадеш ад, да исклучиш или не ти си мајка и ти си секој ден со детето. Ние тука не знаеме даки напредува или не и дали е гладно. А за твоето прашање мене Колиеф ми помагаат да кака кога сменив со други имаше проблем. Мораш да најдеш што му одговара. Еве пак сме на колиеф и кака нормално.
Колиеф го даваш поради грчеви или за да кака? Не е пробиотик затоа те прашувам؛ Инаку и од биогајата мозе да има запек؛ Така беше кај нас и откако ја прекинав секое сабајле стануваме и додека цицаме и какаме
Рекол пробиотик давам и колиеф за грчеви ама ја смотана прекинав нагло и дадов други капки за грчеви и запек ну напрајв. Со колиефот одма се искакува и испрдува и му олеснува на мешето и нема грчеви. А за био гајата многу и мене ми пишаа дека запек им напрајла
Претпоставувам во ремедика си породека затос што тие мн го форсираат реколот؛ Го прашав педијатарот дали да давам пробиотик ама не е нешто воодушевен؛ Советот му беше се помалку капки и сл ако нема проблеми؛ Реално фал богу грчеви 2-3 дена имавме ама сега малце се мачи да се искака некои 10тина мн а после следи експлозија
И мојот педијатар вика да не давам ама немаше грчеви сега еве не се запира од вриштење овие денови и плус во скок е затоа не му менувам. Педијатаров вика и кс да не правам пред вакцина а сите прават Со овие доктори на 2 ума сум Иначе да во ремедика сум породена
Јас на почеток ја доев плус АД комбинирано. Сега сме на ексклузивно доење.Проблемот со АД е кога даваш рачунај се скока цицање и за следното доење се намалува млекото. Не дека е некоја фатална грешка ама знам многу случаи кога млекото престанува баш поради воведување АД. Секогаш кога даваш АД измолзувај се 10-20мл колку е толку е за следниот пат да имаш повеќе млеко. Пиј вода, чај за доилки, супа и само трпение.