Кај мене на почеток додека да ми надојде млеко ја ставав да цица, ама само мјацкаше, беше нервозна и плачеше. Кога ќе и дадев АД пак ја земав пумпата и едвај измолзував по малку, ама се повеќе ми надоаѓаше и после немаше потреба од АД.
Супер е тоа. Еве јас 7 месеци сум со комбинирано, и покрај тоа што секогаш прво цица, па АД, пак не можев сосема да тргнам форумула, толку имам млеко. Колку и да се буни, самиот контакт на јазичето на брадавицата е супер стимулација. Само упорност и смиреност, гушкање, кожа на кожа, пиење чај за доилки, пиво безалкохолно, вода, овес помага итн.
Се измолзуваш ли со пумпа? Совет од педијатар ми беше да молзам, со самото измолзување дополнотелно се дава стимул, мислам тоа ме спаси
Се молзев додека ми дојде млеко и мислам дека ептен ми помогна пумпата за да успеам и толку да имам. Сега покрај тоа што цица пред секое ад, често го ставам на цице и онака. Понекогаш сака и трга, понекогаш не, но нудам.
Мојата беше полошо, 3 дена висока температура па 3 дена осип, вака беше на лицето а грбчето и стомачето ситни точки. Розеола вирус. Само од себе после 3 дена се повлече
Дали е можно од јапонско јаболко да се исфрли на тилот? Вчера малце му дадов имаше некои точки,денес пола јаболко повеќе точки...
Малата ми е 17мес. Синоќа приметив дека малце и е црвено левото цице и како потеченко. Денес нема црвено ама уште и е како потеченко. Педијатарката ми рече да не давам периодов месо и јајца, мегутоа ке ја однесам сепак да ја види.Некој со слично искуство? Ви благодарам
Мајки помош. Денес бебето ја прими втората вакцина. Качи темп. 38.8, и ставив чепче но само што го ставив почна да напнува за какање. Се искака малку и имаше како лигаво во изметот. Дали е исфрлено чепчето и кога би можела да и ставам друго?
На бебе секоја ноќ му се затнува носе, барем еднаш во текот на ноќта ова трае веќе 2 месеци откако залади времето... и тоа секогаш само едната ноздра, наизменично Преку ден нема ништо Крвна слика во ред, преслушуван на гради е чисто, влажност на воздухот е во ред, прочистувач на воздух врти постојано, ама ништо не помага Педијатар вели тесни носни каналчиња и затоа легнат се затнува Дали некој се соочил со вакво нешто? Што може да помогне?
И моето има тесни каналчиња, дури и од секретот едвај се отарасив поради тоа. Пред легнување му прснувам спреј за полесно да дише.
И кај нас е исто, капнувај физиолошки и со пумпица, друго чаре нема. Се прочистуваат дишни патишта, се додека нема температура и крвна слика е ок нема простор за паника
Ама нема секрет за влечење... мислам дека му стои назад и го голта А и не е многу мал, скоро 6 месеци ќе прави, на почетокот ова не се случуваше, туку последниве месеци Други симптоми нема, ама ме загрижува, плус му се нарушува сонот секоја ноќ, се буди заради ова
Каков состав е спрејот кој го користите? Овде не можам на најдам чист физиолошки во спреј, туку само со пипета Спрејот содржи и пантенол(за нега и навлажнување на слузница)