Какво мислење имате за спиење во транспортер? Го легнавме малово во транспортеров и еве 5 и пол часа веќе спие,никогаш толку нема поврзано,дури се мислам да го разбудиме. Јаде на 3 часа.. Знам дека има поделени мислења ама сепак да ве прашам.. Некои велат убаво било ја имало истата положба како во матката од мајката и удобно му било, јас вака кога го гледам стуткан ми изгледа Иначе не го користиме за спиење често во креветче си спие а денеска го ставив овде за да ги одморам малце рацеве да го нишкам и си заспа..
Ако нема каде, не е страшно да поспие во транспортер. Ама бебето треба да спие на рамна, цврста подлога, во најголемиот дел од времето.
Ортопед ми кажа на 2 часа пауза ако се користи транспортер подобром зежете си релаксатор ако имате можност во енци менци се убави и бебе ми заспива тажу го префрлам во креветче
Многу се 5 часа да е во транспортер без пауза. На 2 часа треба да се извади, околу 20-30 минути да паузира, па пак потоа може 2 часа. Плус треба на рамно и тврдо да лежи, па не треба често да е со саати во денот во транспортер.
Здраво бебе од синојка ми кашла и кива по малку имаме 1 месец и две недели јас сакам да си го шетам редовно да го осети секое време но сега сите мене ме обвинуваат дека се летало настинки хахаха а навечер ни се случува да останеме без огин и маж ми го пали дури сабајле.. Небитно ми е кој е крив ме интересира како можам да му помогнам на бебенцето нешто природно?
Имаме релаксатор,ни го дадоа на подарок ..Си реков да не е рано за користење дека не го држи уште само главчето.Нема ни 2 месеци. Иначе за релаксаторот во право сте многу е 5 саати. Нема веќе така, ако треба ќе го разбудам за да го преместам в креветче..
Секретот е жолт Бебе од вчера ме спобудале, не сака да спие си дремнува по 20тина минути и тоа е тоа. Спиена сум едвај 3 часа, среќа свеки ми ја чува.. Мислам дека ќе се распаднам изморена сум психички и физички. Редовно си полни пелени знам дека не се грчеви, и немам ништо сменето не знам од што би било вака?
И моето уживаше во транспортер да спие, цел ден можеше да преспие, точно е дека позицијате е слична ко во матка ама не е препорачливо толку часа.
Нормално е да кива се чисти, и распознава миризби, парфеми средства се тоа се нешта кои можат да го раскиваат. Па и миризбата на дрвото од кое се греете. Тапкајте го по грб за да не спушта на плуќа, влажниот воздух им смета не е тоа настинка. Добро е бебе да шета и добро е да спие во просторија која не се грее. Секако нека го види и педијатар малечко е, да не случајно има нешто.
Јас го користам од 2нед кога имаше на мојов стои дека може успивај го и префрлај го во кревет чим е 2мес немај гајле по 2 саати седеше
Да не е во скок? Мислам тука-така се моето и твоето со возраст, 1 и пол месец. И мене ми беше 2 дена таква, само плачеше и во раце сакаче, ич не спиеше. Еве ја затоа од вчера, ко да немам бебе дома само спие.
Сакам да прашам кога се појавуваат скокови во развој ние сме месец и 3 недели родено во 36 та недела до сега не плачеше овие денови два ногу плаче ако не плаче писка сака мн млеко...
Дали ги научивте вашите бебиња на погласно или потивко зборување кога спијат? Јас од страв да не го разбудам се потивко зборувавме и сега кога ќе зборни некој одма се буни и се разбудува од сон..Си направив проблем ете. Пробав погласно телевизорот да го оставам уште кога не беше заспиен,само што ќе заспие се буди од звукот.. Животов ќе ми се скрати мене вака, ќе нема да можам да го оставам еден ручек да направам, се загрижувам.. Како да терам понатаму, да бидам поупорна со звуков? Ќе плачи..
Исто ни се малите И јас мислев да не е скок, но прочитав тоа се случувало во поголемите месеци но ништо чудно. Денес е подобра да не е за подрек Бебешките акни ни се подсмирија, не мачкам со ништо. Како сте вие?
Почни оставај се кога е време за спиење земи усисавај ќе се комира ќе видиш Мене куче ми лае он мука нема
После вториот месец тешко спиење со гласни звуци Повеќето бебиња се такви. Од третиот месец натаму ги препознаваат гласовите на мама и тато и се повеќе реагираат на звуци, па дури и најтивките некогаш.
@Mala_plava рачунај си 5 недели од терминот за раѓање кога ти бил, не од денот на раѓање, тој период од прилика е прв скок @firequeenn денски си бркам работа, пуштен тв, усисавам, важно е навечер да е тивко за да почне ден од ноќ да разликува. Ма да мали се уште месец и пол, два. @Inana123 се смирија и кај нас, не дека ги нема но не се како што беа. Има и по телото ама не се страшни. Мачкам сабајле бепантен навечер мустела стелатопиа, појма немам дали помагаат тие или сами од себе се исчистија. Сега почнува да и се лупи кожичето на скалпот... Се менува кожата за месец-два нови бебиња ќе имаме со мекано бебешко кожиче