Сигурна ли си дека е корона да не е настинка, пошто моите прележаа знам немаа затнат нос знам и колку што сум читала не е симптом за корона... Сега незнам освен кај дечиња ако е поразлично но сепак мислам за ден два ќе помине со лесно да е
Пиев аспирин 100 мг протект, панцеф плус пробиотик, пиев вит. Ц 1000мг, цинк 30мг.,селен 100мг.,вит Д 4000ие и плус хомеопатија конзумирав, бебето си го доев без никакви прекини и не носевме со маж ми маски по дома.
Дали некој има искуство со clubfoot кај новороденче. Каков третман имале и кој ортопед би го препорачале ?
Здраво,сакам да прашам,бебето е 1 месец и 2 недели,во последниве 2 дена многу почна да му мириса изметот,има јака миризба,да напоменам дека сме на доење. Претходно не беше вака,сега почна и малце да е покакан мириса,дали е нормално или да се обратам на педијатар? Пазам и на исхраната и тоа да напоменам
Еве ја нашата крвна слика од synlab. За референтни најдобро да прашаш во лабораторијата кај што сте испитувале. Ќе ти каже матичната кога да ставите вакцина, за недела дена повторно испитајте.
Нормално е Мириса како на киселско јак мирис или на што ту мириса? Јас кога е какан го мирисам дури и ќе прдне замирисува веќе
Би ти го препорачала Антоније. Јас сум презадоволна од него. Не сум имала проблем со синко, ама ни има спомнато за вакви стапала додека ни објаснуваше за нешто друго, има искуство. Со соодветни вежби може да се врати во нормала без воопшто да се приметува дека имало проблем. Однеси го што поскоро. Јави се и кажи му за што го бараш, ке те прими веднаш.
Да,на кисело мириса,прво мислев да не е настинат ама изгледа нормално е како расти повеќе ќе мириса...
Мајки малата ми е 5 месеци и пред некој ден на едното раче забележав како груба кожичка,денес гледам и се проширило, а има и на другата рака. Рапаво е на допир. Што може да е и што би можела да ја намачкам? Поздрав
Ми личи на лишај Син ми има вакво валда на блуза што сум го потпирала му се смири со веледа мачкав ама му ставав цел прст и да упие оставав
Јекодерм, пантенол маст ако ти се наоѓа по дома, или Еуцерин atopi control. Консултирај педијатар. Со што ја бањаш и мачкаш после бањање?
Ако е лишај, кај нас помогна Еуцерин атопи контрол. Му се појави ептен малечко на образот дека ги лиже теписоните, ногарките, папучите и се што ќе најде пред него и за 2-3 дена се повлече.
И кај моето се правеше вака, користев мустела од раѓање и педијатарот рече да сменам козметика. Ми препорача да земам купка за атопична кожа или маслена купка. Купив Еуцерин пх5, се среди. Ми се потроши па сакав да пробам Хип и сега пак се појавија. Ќе си купам пак Еуцерин. Кај моето се појавија на нозе, највеќе на листот позади.
И моето има вакви, на неколку места. Баш сега сакав да прашам . Мене ми рече педијатарот може од мустелата да и е, може од течниот детергент..Се било можно рече. И сега јас како да знам, што да и сменам
И кај моето почна вака, па ептен се вцрви и еве 2 месеци не поминува... Затоа реагирајте веднаш со навлажнувачка крема Јас користам Биодерма Атодерм интензив, но не дава некој уау резултат
Бекутан. Не знам со кој друг детергент да сменам. Чудно ми е што од раѓање овие работи и ги користам. А тек сега се појави ова. Веќе 6 месеци и ги користам.