Тогаш не би требало да е од нив, за секој случај на крај од перењето вклучи уште едно плакнење. Можеби е од храна исто, обично млечни производи, јајца, месо може да предизвикаат. Дали си внесувала нешто ново специфично во исхраната, ти или бебе? Мустелата е хипоалергена не би требало да е од неа, во секој случај нека ја види педијатар. Добри се маслените купки и медицинска козметика за атопична кожа.
@fana Фала @BeLLaDona23 Не сум давала ништо ново ,ниту пак јас сум јадела нешто спрцифично. Ќе ја купам купката засега и ќе сменам детергент. Па ќе видиме. Фала ти
И ние имаме на ноџето, до сега не обрнав внимание малце имаше, сега откако читнав тука баш проверив и гледам се проширило. Uriage козметика користам, претходно мустела. Незнам дали е откако сменив или пред тоа, не сум сигурна..
Да не пишувам на секој посебно еве вака. Денес баш бевме на вакцина и покажав на педијатарот рече ништо не е бидејки немала по цело тело, да ставам јакодерм. А иначи јас персил сензитив од раѓање користам,сега земав да и сменам на виолета да пробам само чекам да го потрошам прво овој. Лосион почнав да ј мачкам преку еден ден кога ја бањам пред две недели и тоа Мустела и ставам н рацете и нозете по малку,можно е да е од неа, веке нема да и ставам па ке видиме. Купка на почеток бекутан користев после сменив на corine de farme, сега што ве прочитав најдобро е може маслена на еуцерин да пробам. Сега за сега ке следам ке сменам прашок,купка и нема да ја мачкам лосион само на тие места со јакодерм па ке видиме дали ке има ефект.
И нас истото ни го рече педијатарот или од мустелата или од детергентот.. Па сменав со биодерма и му ичезна има уште по некое на рацете, а детергент користам антиалерген фрош али вака се смирија па изгледа беше до мустелата ќе видиме ако не ичезнат целосно ќе менам и детергент... Иначе многу подобра се покажа биодерма топло ја препорачувам и јас и бебе ја користиме
Значи и на моево може да му е од мустелата. Испаѓа сите лишаи од тоа имаат Пошо ми текна сеа на лице мустела го шлапав едно тестерче во аптека што ми го дадоа и лишај има Сите беа против бекутан ама дур со тоа го шлакав мазно лицето...
Да не звучам како тетка некоја ама не им ставајте ништо најдобро. Бебешката кожа си е мека и мазна секако. Само по потреба соодветна козметика и секогаш бирајте прво природна, па ако не помогне тогаш нешто поагресивно.
Искрено и така е ставав веледа мустела бекутан и мислам бетер му е кожата откако почнав да ставам креми да го средам и веќе не му ставам
Никој не ми одговори во Првите запчиња Па ај тука поактивни сте На малиот ќе прај 3м глеам кај непцето запче цело отцртано нормално ли е ова? Со рацете се чеша нервозен е и се закашлува читав дека се ова се симптоми Земав гел го намачкав мислите сега ќе се појави или ќе се мучи до 5ти мес? Башка лицето му е ужаш се корне од нервоза и од лигите цел образ му е лом #загрижена Искуства? Треба нешто др да купам или правам?
Не се знае ,сепак мислам дека е рано.Тој е во орална фаза затоа и лигави.Кога се забите обично какаат зелено,нервозни се, може да имаат тт(им паѓа имунитетот ама тт не е од забите туку од вирус), може да одбива храна и лошо да спие.Може да теае пробивањето и подолго време.Гелчето се користи максимум 1 надела па така не би ти препорачала да ставаш ако не му се набабрени непцата.Пробај со гумичките за забите , се ставаа во замрзнувач некоја минута и се дава изладена па ги намалува болките.Со лесно да му биде
Стајв веќе гелче Какаше зелено и денес воопшто не е спиен а пишував баш дека убави дремки има Многу е нервозен темп нема за јадење пие Ќе земам утре и од гумичкиве ова бар гелов да му помогне. На непцата го гледам забот испакнат стои баш целата форма и гледам пика прст таму и се чеша Офф валда нема вака да биде ко денес цело време
Кога ќе излезе веќе ќе се врати старото бебе Штом го гледаш мачкај гел иако некој вели дека не е препорачува мислам ради алкохол.Ама на моето му помагаше гелчето многу па го користев во краен случајИнаку користев едни глобули на база на камилица- хомеопатски, ама ги нема во Мк
Важи фала ти ќе пробам и друго да видам што има бар со гелов ноќе да спие ако ништо Откако ќе се гледа има правило за колку време излегува или не?
Кај моето се гледаа така доле, па потече местото, на периоди имаме плачки и нервози, неспиење, лигавење, ставање двете раце во уста, сега скроз е бело горе и уште ги нема 8 месеци ќе прави за една недела. И јас мислев на 4 месеци ќе ги извади, нема правило.
Да знаеш за следно бебе Купив Фрезудерм грчка е со 0 алкохол без парабени и шеќери може долгорочно да се користи. Може ја имаш таму... Гелчето го смири синоќа ајде че видиме
И кај нас гелчето помагаше порано ама на пола саат. Ако вади тешко заби ништо не помага ама ајде рано е, ќе видиш како ќе биде. Јас сега му потопувам газа во вода, ја ставам во фрижидер и после се чеша со неа, ја шмука. Ова најмногу му помага.
Е добро фала ти уште не знае да држи глодалки па да се чеша со нив ама глеам почнува веќе да бара нешто да синпомогне со чешањето
Не ми текнало на ова , моето освен тестил во уста ништо др не става никакви глодалки не сака ама затоа лигарчето, блузи , бањарки се во уста пика . Морам да пробам и јас