Педијатар ти го кажа ова? Очигледно е презаситена кожата од масно, не ја мачкај неколку дена. Кога има сувост само со лесна хидратантна крема
Моето бебе има еден месец, постојано плаче, малку спие и се смирува само кога цица, може по цел ден да цица и да повраќа. Имала ли некоја од вас вакво искуство? Не знам што да правам
Мојата е месец и пол и е исто така, грчеви ја мачат. Само кај нас се на период од 6 часот наутро и од 12 часот веќе сме мирни. Нас ни помага спиење на меше, си ја легнувам и на нога со благо тапкање по газето и се смирува.. Кога ја легнувам да спие и оставам на мешето перниче од трици затоплени и тоа ни е мирот може 3 часа.. Само трпение мајка, ќе помине и ова
Јас го држам со меше свртено на рака, ставам термофор, му ги кревам ноџињата, го ставам да лежи на меше, давам капки ама пак нешто го мачи
Од кои капки му даваш? Јас денес го барав Nursey Harvey's сирупчето по препорака од педијатар но поради поминат рок се повлечени од продажба па ќе чекам дури не ги добијат пак.. Јас давав Бекутан капки но ги прекинав бидејќи немаше никакво подобрување, земав Infacalm oil во комбинација со BioGaia пробиотик и малку од малку ја смирува. За да си помирна ако не сте биле веќе на педијатар, однеси го бебушот може пак нешто друго го мачи Со лесно да им мине само
Можно е да голта многу воздух кога цица,затоа повраќа и има гасови кои за бебињата се болни. Променете положба на цицање и убаво да ја фати брадавицата. Обавезно да ждригне после цицање, со тапкање по грпче и држење исправено. Прочитај и во тема Грчеви кај бебиња, покрај еспумисанот може да внесеш капки со состав ензим лаказа и пробиотик. Ако полни пелени и си напредува нема што да се секираш
Мене ме секира тоа што многу малку спие и дење и ноќе а кога е буден само плачедодека не му дадам да цица
Такво со е детето плачливо во тој случај. Моетежо беше исто додека имаше грчеви или спиеше или плачеше друго немаше. Еве сегс како е поголем нема грчеви но сеуште си е плачлив , пресоблечен најаден наспиен и пак знае да кенка да плаче таков си е ... За ситница ако нешто не му е пгоодено и одма плаче плмалку од порано и се среди спиењето но си е плачко
И мојата така правеше, цело време си мислев дека и е нешто. Види во тема скок во развој, во 5та недела се особено кенкави. Тоа им е прв скок. Малку спијат, промена на апетит, сакаат повеќе гушкање. Само трпение е лекот.
Мајки ве молам мислење. Беба за некој ден 11 месеци ќе направи денес прв пат и дадов риба, лосос сварен со морков и компир кашичка. Преги како и беше тешко малку кенкаше, еве сега обилно поврати два пати. Се плашам да не е нешто од рибата. Рибата беше замрзната, чисто месо како што зимам со години за нас. Вакумирана е. Јас ја пржев за нас, за неа едно мало парченце и тоа само 5-6 лажички. Мислите е од рибата, пред тоа цицаше. А риба млеко баш и не оди. Да додадам повраќа жолто исто како кашата И на хипп има каши со лосос, ева ваква дадов
Да се надополнам, се јавив на детска клиника дежурен и кажав како што, рекоа не е алергија на риба, не е труење, можеби не ја поднесува организмот на рибата. А можно е да се работи и за некоја инфекција како кога се настинати бебињата. Со пролив повраќање и температура. Да ја следам сега како ќе биде. Леле многу се исплашив да не е некое тровање од рибата или нешто друго,нешто да и биде, недај боже, ќе си пукнам од мака и од грижи.
Направи пауза, ќе дадеш после година пак. Во принцип се почнува со бела слатководна риба, помрсните риби како лососот се даваат подоцна. Од комбинацијата млеко и риба не е, оти е мит дека не оди риба со млеко. Нешто не и одговара. Затоа не давај пак, како е сега? Моево од спанаќ така правеше, после јадење го повраќаше, па прекинав да го давам, после третата година пак почнав, немаше никаква мака од спанаќот. Нема потреба од паника.
Sin mi vaka reagirashe na riba kako mal imav dadeno tri pati i povrakase posle toa sekogash, svativ deka e od ribata i na ja dadov poveke sega ima 7 god i jade samo oslic. Napravi pauza ne ja davaj nekoj period mozebi ne ja podnesuva a pogotovo lososot e tezok za jadenje dosta.