Мојот од жолчка така реагираше, на секое пробување обилно повраќаше. Направив пауза после година пак пробав, пак исто беше, па дури на 3 години почна јајце да јаде. Како нетолеранција е, не поднесуваат некоја храна. Направи пауза подолга.
Бевме на педијстар крв и мокрача има воспалние на мочните патишта од кај појма немам. Антибиотик и даде. Вели можно од риба да има стомачен вирус, ама температура не е од рибата. Некоја инфекција се поклопила. Кутро бебе мое. Има темп и треска. И го почнав сега антибиотикот двапати на ден една недела. Таман за 10 дена имаме термин на систематки. Рече мора да исклучиме урина дека не е од неа оти може да е опасно за буврезите. Нека поминува само.
Ок, валда превентивно го дала антибиотикот, ама ако е стомачен вирус може и повеќе проблем да направи. Сега добри сте?
Не е превентивно има потреба за антибиотик и црп е покачено малко. У германија нема превентивно. Докторот рекол на мм да ја оставаме малата дента да има температура до 40 степени. Обавњзно ќе оставам да ми гори бебето со 40. Вчера ми качи до 40,4 кога качува висока температура има и треска. Нема шанси. Сега е подобра фала на прашање нема висока
Има брзи тестови за утврдување дали има или нема леукоцити во урина, и врз основа на тоа се утврдува дали треба уринокултура или не. @ddevojce се поклопило со рибата. Побрзо да оздрави малата.
Да да знам дека таму тешко даваат антибиотици, па ме интересираше дали имаат уринокултура со антибиограм или е емпириски. Подобро е да качува до 38.5 така организмот побргу се изборува, ама над 40 е ту мач.
Стави солен раствор за бебиња (sinomarin, isomar) по 2 капки и потоа со пумпица по можност оние со шмукање што се со цевче (nose frida) и нежно извлекувај.
Направете сауна, топла бања и седете внатре колку повеќе можете. Помага многу за затнато носе, проверено
Кога ќе ја капиш во коритото тури 1 рака јадра морска сол. Одма ќе се одзатни. Природно и релаксирачки.
Мајки некоја да има искуство со зарворена фонтанела на 6 месеци?! Сте правеле ли некакви испитувања ?
Мајки дали некој има искуство со анизокорија од раѓање? Зениците и се разликуваат минимално, не се иста големина. Бевме на педијатар, се е океј, но ќе правиме ехо на глава за секој случај. Секое петто дете ја имало ова состојба, кај некои се повлекувало, кај некои не... Некој со вакво искуство?
Јас имам анизокорија, откриена подоцна ми е на очен преглед. Не ме пушти очниот доктор да испитам ништо, немаше други промени. Ми кажа дека е честа појава, голем број луѓе имаат од раѓање, физиолошка анизокорија, без одредени причини.
Здраво мајки, би сакла да прашм дали некој знај после колку време од појава на симп на ковид кј бебе може да се вакцинира? Бебе појави симп. На 24 декем. Крајно вакцинирање за рота 3 фоза ни е 21 јануари.. Докторката рече ке провериме црп, крвна слика ам некко шубе ми е нз и јас што д правам
здраво, како давате капки за грчеви дали се дават превентивно уште пред да почнат, бебето ми е 15 дена и незнам дсли да давам или да почекам, сега за сега незабележувам