Дали некоја мајка се соочила со уретрална дупликација кај машко бебе? Нешто како да приметив денес на капењето но не сум сигурна, мислам дека ќе треба да го види специјалист.
Мајки бебето имаше нешто жолтко на главата како кругче тоа да ти било перут земав со четката му го расчеткав главчето уште се расперута уште толку, после тоа го измив и дур го миев со шампонче со крпа го триев ама не силно главчето, после го снема перутот но како да беше на места изгребанко на скалпот, и црвено се појави после го снема црвеното за пар саати но се плашам да не му го оштетив косичето, т,е фоликулите на косата, дали е можно или не?
Теменица е тоа. Најлесно се чисти така што се става масло на тоа место пред бањање, може маслиново, може бебешко масло (немој кокосово, лошо мириса после), и се остава да стои пола до еден час, па се бања бебето и со бебешка четка се чешла местото и паѓаат лушпите. Не го триј со сила. Не си оштетила ништо, ама може да го пече од силното триење.
Ај да прашам нешто.... Свекрвата денес правеше испитувања и и излезе дека има хеликобактер. Цело време само ми го бацува бебево(нема разбирачка) ме интересира дали има некоја шанса да и ја пренеси и неа бактеријата??
Ај ќе кажат поискусните и мед лица за сигурно. Јас лаички колку што знам се пренесува орално може преку плунка да се пренесе од зазарено на здраво лице. Е сега знам постари ги фаќа не знам колку влијание врз бебе ќе има. Ако се пренесува една прачка земи...
Мајки дали некоја од Вас го користи перничево и искуства ако може? Малата ми е 2 месеци па сакам да и го порачам.. Ви благодарам и извинете ако прашањето не е за овде
Не избегнувај никаква храна. Ако забележиш реакција на нешто, тоа не го јади, но доилка се треба да јаде.
Јас не јадев зелка, краставица, грав, боранија, грашок, праз, лук, ајвар..реално ствари што и на мене ми прават грчеви. Сега на 4 месеци почнав дури да јадам се. Педијатри викаат дека може да се јаде се само да не се претерува . Јас си пазев за секој случај.
ке може некој што побргу да ми одг..малата ми има температура гледам означено од 6-24 месеци 5 мл парацетамол сируп да не е многу?
Кога бевме на прва вакцина таа ни кажа бидејќи имате 6кг 3мл ќе му даваш така да најверојатно по килажа се водат 1мл на 2кг
Баш го прашав ортопедот за вакво и ми рече дека од вакви перничиња на некои им се деформирале главчињата на долниот дел, не знам да објаснам точно со зборови на кое место. И рече никако да се користи. Бебе треба да лежи на рамно без каква и да е перница.