Дали може да се зголеми застојот (проширувањето) на пиелонот на бубрежето после неколку месеци или доколку го нема по раѓање, да се појави? Благодарам.
Два дена ме плаши фонтанелата на бебушот. На моменти е пропадната дури и од профил се приметува. Млекото ми е малце во застој тргнав некако втор пат да добивам па застанав. Имаше имаше дури ми се здрвија градите и наеднаш спласна. Му давам преку ден да цица на два саата по колку сака а ноќе до 3 пати го будам да цица. Се доиме и галиме и до саат. До сега вода и чај не сум му дала. И пишав на докторката рече почесто да го дојам или чај. Пробав почесто да го нудам на града ама се заситува за 20мин па си игра со нејзе а кога ќе му здосади нечка. Знам дека е во прашање дехидрација ама ме плаши да не е можеби нешто друго поопасно. Вака до сега си е активно си игра гуга полни пелени нема темперарура. Ве молам за совет како да изреагирам. Да му дадам ли водичка/чај? Толку му се плашам на моменти што анксиозност ми се ствара.
Ako polni peleni ok si e. Stom mocka znaci pie. Ne se sekiraj. Ti malku stimulacii napraj si za mlekceto ako treba
Ако е на моменти, а не постојано е ок. Следи мокри пелени, каки ако нема доволно дури тогаш давај нешто додатно.
Зошто мислиш дека е дехидрација? Еве и да е тоа, не мислам дека чај е решение.. Ти пиј чај за доилки, јади овесни снегулки, пиј повеќе вода, пумпај после подој - се тоа е во насока на зголемување на количина на млеко. НО, тоа што спласнале градите не значи дека немаш млеко - при воспоставена и нормална лактација градите и треба да се меки - тоа значи дека се изедначила побарувачката и производството. Дополнително, може да е во скок, па да протестира со цицање, но тоа е краток период. Во таков случај форсирај ноќни подои како што и правиш и тоа е тоа.
Ако полни пелени не е дехидрирано. За фонтанелата најдобро да ве види ортопед, може ќе треба да зголемиш доза на вит. Д3. А за градите исто е нормално, се зголемуваат ептен додека се воспоставува лактација.
Како сте? Дали е пропадната кога лежи или само кога седи или е исправен? И јас бев забележала дека благо е вдлабната но нормална кога лежи. Така било во ред.
На малиот вчера при бришење на курето од главчето му протече малце крв. Му намачкав крема,денес гледам црвено е и кожичката испукана. Што да правам има некој вакво искуство?
Јас имав такво искуство пред 4 год со синот. Исто како што опиша ти, капка крв на главчето од курето(кожичката не беше испукана),од памет се извадив и одма на педијатар. Испитавме урина и крв, кај нас се покажа дека било цистит. Јас би те советувала појди на педијатар. Не значи дека е истото што беше кај синот ама да си раат консултирај се со педијатар.
Само два пати беше пропадната ама доста значи го осеќав триаголникот на черепчето и на профил се познаваше. Било блага дехидрација. Со почесто доење се врати во нормала и не се повтори. Кај мене било до хотмоните намален млаз на млекото. Мислеќи дека се најадува за 20мин подој помалку пиел. Имав знаци за втор мензис добивање па прекина па сега ми изби алергија под гради. Ама тоа е кај мене поврзано со операција на жолчка што вадев па малце ми се изреметени хормоните. Среќа уште се храниме мајчино.
Mamicki aj help bebka dve dena mi e so tt do 38.6-38.7 bevme na lekar se go slusna cist e na gradina, nema grlo vospalwno, ne mu tece nos znaci se e vo red samo tt kreva dva dena i e periodicno omalaksan, a nekogas i e skros vesel iako tt moze da ima 38.5 i jade sega za sega normalno.. Sto moze da bide neznam.. Isto zapcina izvadivme dvata keca ednoto e celosno izlezeno, a drugoto malku od vcera...
А крвна слика да направите да не има некое вирусче? Пишуваа во друга тема дека крвна слика за болно дете после два дена се правело. Чисто превентивно можеби и од забите да е али крвна слика направи си
Денес баш планирам да правам... Матичната ми вика нема потреба како демек за 3дена ќе помине само од себе ништо не мо даде.. А да прашам овие лепенки што се стават на местото од вакцината дали се океј да ставам на главче заборавив да ја прашам
Претпоставувам и матичната знае дека е вирус, а за вирус нема што да му даваш да го лечиш, освен ако цица па почесто на града, за тоа не те пратила крвна слика да правиш, обично после 5-7дена се подобрува ситуација. Имаше дискусија за кс во друга тема, ако му верувате на педијатарот , може нема потреба од кс. Барем сега во пандемија кога веќе сите се пазиме нема потреба да ги шетате по лаборатории на своја рака.
мислам дека температурата е подобро да се вади од ноџиња...чорапи со оцет лепенки пробај али од глава мислам не дури и кога се бања не се мие главче барем јас колку што знам
Тие Антипереа...како им беше името?нели на самите нив има сликичка за бебе и возрасни дека се за на глава?прочитај ама мислам за тоа и ср наменети ние ги користиме за ноџиња поедноставно е од ациди борици со гази и тетри
Приметив дека окото малце му е вцрвенето(белката во окото е вцрвенета само на едната страна на ќошето од окото како да е пукнат капилар ) не знам дали си пикнал прст или од прљаво од некоја играчка што се допира. Не можам педијатаров да го добикам веројатно викендов вака ќе тера што советувате да чекам или да го носиме на преглед итно? За мене за такво црвенило не сум обрнувала внимание но не знам за бебе да не се напрај инфекција/проблем некој?