Дали некој од вас се соочил со вакво нешто на бебешко главче? Веќе две недели го има,нема променето боја и форма освен што од вчера е малку поиспакнато.Посетен е педијатар, на ренген ништо не покажа е сега следно не пратија на пластичен хирург за дечиња кој што ќе го посетиме во среда а тој веќе преку слика претпостави дека се работи за вид на масно ткиво и можеби ќе треба да се прави биопсија за да се утврди точно, иако јас воопшто не сум за правење биопсија на бебе од 6 недели ( живееме во Америка, имаме супер педијатар но нејзиниот одговор беше дека до сега не видела вакво нешто што по 10 дена не менува боја или форма)
Мајки ве молам за помош.. Бебо ми падна од едно мече што се клацка и удри на левата страна од челото, и после тоа одма заспа. Како да го следам да не има некој проблем, совет ве молам.
Здраво, искуство со вакви црнки да ги наречам на образите и брадата на 5 месечно бебе ( се појавија на 3 месеци). Ви благодарам
Може прашањето не е за тука, но сакам да прашам пумпата медела се става ли во стерилизатор? Многу мека ми изгледа пластиката.
Истите ги користам. Денеска наут му дадов, па помислив од тоа алергија да не е. Треба да го носам на доктор или да почекам?
Фала ти. Го уклучив веќе стерилизаторот и си реков што биде нека биде. Супер, штом викаш дека си ја ставала и дека може.
Само на грбот. Приметив накај 12h од прилика, па покасно го снема црвенилото и вечерва пак се појави како на сликата. Температура нема, дишењето е добро. Ќе го следам ноќеска, па ќе видиме. Ако не е алергија не знам што би можело да биде, никакви промени немам направено освен што ни е претопло дома ама отворен прозор имам нонстоп и лесно е облечен.
Па моето е родено со многу бел тен и посува кожа склона кон атопичен дерматит. Но приметив од камилица му се влошува. Др до сега немам приметено од што, користам биодерма атодерм и е под контрола. Ама ако нема сува кожа не би требало да е тоа. Пробај намачкај го хидратантна крема дали ќе се повлече. А може и од жешкото ако се поти. Ако е алергоја мислам по јадењето се вцрвува кожата на обравчињата.
Може да е од прашак да не имаш ставено повеќе алишта па да се немаат исплакнато убаво,кај што го пресоблекуваш,од матерјал од некој боди што му имаш облечено.
Мајки, после 3 дена висока температура, бебето е цело со осип. Го носев на доктир му даде сируп за алергија, му дадов сабајле ама нема ефект, не му смири ниту му се намали. Колку дена може да потрае вака и дали е страшно?
Не е воопшто страшно, дури со ништо не се третира. Обична розеола која се манифестира вака кај мали бебиња и деца (мислам до 2 год). Не ги чеша, нема потреба од лек против алергија. За 2-3 дена најмногу ќе се повлече. Го носеше на педијатар или на дежурно? Чудно ми е што не знаеле ова да ти го кажат.
Да на матичната слика е пратив дека не работеше вчера касно, ми рече ставиму чепче од 80 ако е многу вознемирен и се чеша, на дежурен го виде ми рече алергија од антибиотик ми даде сируп ама немаше ефект. Се надевам ќе помине, фала ти.