Без гајле. Тешкото поминало На дежурен јасно ко ден веќе дека мора да препишат нешто Да се види дека работеле.
Ништо страшно, ќе мине самото.. И ние бевме исто па среќа матичната ми кажа послем тт дека ќе му излезат па не испаничив ништо не ми препиша сами помина за 4-5денаш
Мајки здраво. Сакам да побарам совет. Бебето ми е 2 недели ама се уште му излегуваат дрљи од очињата. Ми дадоа тобрекс ама не помогнаа, му прскам млеко ама и тоа не делува баш. Ве молам дали имала некоја сличен проблем, што да правам дали да барам друг педијатар или ...?
@BabyT* @elcezelce @Snowflake92 Пред малку ми пиша докторката дека и личело на претопленост. Не сакав да ја давам во недела вечер на вибер и оставив така, расоблечен е, луфтирам пред спиење, па ќе видиме. Фала ви за одговорите
Ќерка ми имаше до месец и недела дена скоро, стававме капки и јас и капев мајчино млеко но залудно. На месец и пол некаде само застана.. Ќе се повлече не грижи се
Не знам ова со прскањето млеко да не направи поголем проблем.И ние имавме проблем со едното окце кое траеше па неколку месеци 3-4.Правеше гуралки и солзеше,беше подзатворено.Правевме брис немаше ништо.Не беа сигурни дали е до солзниот канал или инфекција некоја.И покрај тоа ни дадоа терапија хлорамфеникол маст за навечер убаво да се намачка и навнатре и тобрекс капки,3 пати на ден.На крај помина.
на мојот му излегуваа зелени дури до месец дена. чистете со физиолошки раствор на газа, така го чистеа во болница, така ни кажаа и за дома
Пишував многу пати тука, на мојата истобтака од раѓање уште од болница и солзеше само едното окце, со гурелки зеленки беше нон стоп. И го чистев и пак имаше к сентака. Почнав масажичка да и правам, посилно малку од горе од окцето па нафоле накај носето ќе правише горе доле масажа, ако е солзен канал ќе се отзатне така и ќе мине. И мене тогаш миврече педијатар тобрекс ама не земав, само масажичка и со физиолошки на стапче за уво ставав и и ги чистев гирелките. На 40 дена точно помина преку ноќ. Ама бев упорна, неколку пати дневно и правев масажа и се отзатна каналчето.
Качи синко температура 38.6, дадов далерон 4мл како што кажа педијатар ама пола го исплука, па ај дадов уште 1мл и тој го исплука и сеа немам поим колку уствари испи. За 4часа може пак да дадам нели? Инаку прими денес пнеумокок и шестовалентна
Мојата вака од Бекутан масло се исфрла. Немаш ли чепче да му ставиш? Расоблечи го на пелена. Стави и сенф на стапалата тоа и помагаше на мојата.
@Butterfly1107 јас би дала чепче ако не се симнува подолго време Како му е сега температурата? Мојот качи вториот ден од таа вакцина 38.3-4 и откако спушти, не качи пак. Се надевам и кај вас така ќе биде, но ноќва прати го цело време
Мајки да ве прашам прими втора доза рота плус боцка во нога.. сега гледам газето му е црвено прв пат незнам од што може да е дали има врска вакцината? а за рота прва доза немаше ништо.. сега за пелени купив памперс еве втор ден како ги користам,, а пред беше на кан бебе и бекутан.. за неколку дена 4 месеци полни и исто приметив дека има по 1 жлезда на задната страна на главата на двете страни дали на вашите бебиња се појавиле такви?
Јас сметам дека е од пелените од промена на пелени се јавува црвенило на газето... Од ротата најчесто се фаќам пролив, повраќање, грчеви тие се нус појави.. Мој совет послем промена на пелена газето одмивање со млака вода да не се рашири црвенилото од влажните.. И ако не помини земи си некоја купка за атопичен дерматит и ќе го одмиваш со неја по можнос маслена ќе му се смири и врати се на пелените кои си ги користела ако биле океј.. Памперс можеби не му одговара нека се смири некој период па пробај пак со памперс понатаму и оригинал павловичева мачкај.. А за жлезда незнам моево има коса па немам приметено..
Фала ви на сите што се грижите. Ми беше страв да му дадам чепче зашто секако колку толку испи од сирупот. Го избањавме без главата и се спушти на 38. Во текот на вечерта се спушташе и сега има 37.5. Си седи на боди по кратки да се разладува. Него не знам дали е од нервоза од што ли е, вчера така силно ме гризна, ми ја раскрвари брадавицата. Имаше и крв кај него во уста. Ајде се намачкав ланолин и го доев од другата ама продолжи да гризе па на крај го заспав со цуцла во уста. Сабајлево пак му дадов да цица, пак ме гризна. Не знам што ќе правам, ако продолжи вака ќе мора да се учи на адаптирано. Како би цицал иначе од две раскрвавени брадавици
Мајки, има ли некој искуство со операција коарктација или стеснување на аортата кај новороденче. Се надевам некој ќе пише.
Мајки денеска дадовме крв излезе анемичен црп во ред. Ми рече д земам сируп Логофер и витамин Ц, и дека може утре д прими вакцина. Сега сме во 6ти месец од што доаѓа до анемија дали некој има искуство од Вас и некој совет?
Малишан де со растечен нос и поткашлува од секрет, де му се затнува па неможи да диши и плачи..омалакса темп.нема Го носев на педијатар испитавме крв и ни даде цефалексин сируп..Ништо не ја разбирав докторката од што вриштеше малиов и излегов па маж остана и ништо не прашал зошто што како... Ова од сабајле пишано.. Цело време сака да спие и омалаксан е не сака ни вода ни млеко едвај сируп му дадов од цефалексинот и сега мерам темп.38.5-8 Смеам сируп парацетамол да давам со цефалексин заедно или не? И дали некоја знае да ми кажи за рез.од крвта