На 2 месец ние имавме низок хемоглибин и не прими вакцина, 1 недела сидерал пиеше се подобри па вакциниравме и уште пие
Гледај кога ќе даваш сируп да не даваш млеко/храна бар пола саат тоа ти е мој совет покачени му се леукоцитите мислам само незнам до колку се референтните граници. Ако ти повратил одма чим си го дала сирупот дај му пак, ако не дај ја тек следната доза. Чим е затнат прскај физиолошки чисти носе, стави нешто под душечето да го подкренеш нека спие така, јас сум зимала маст на фитобалм и сум го масирала ќе му го олесни дишењето, а и ќе ја смири кашлицата.За температурата туширај почесто, над 38.5 дај сируп или чепче, ако качи повеќе масирај го со разреден алкохол со вода на дланки стапала помага ептен во симнување на температурата.
Млеко еден саат пред сирупот му дадов, ептен обилно поврати розова течност(од цефалексинот бојава најверојатно) Не му дадов пак цефалексин оти ми крена темп.38.8 дадов парацетамол па сега еве мерам ја симна на 37.5.. Ова со алкохолов никако не го сватив.. Имам 70%алкохол тој се разредува со вода? Колку вода колку алкохол? И мачкам само стапала и дланки?
Да таков алкохол па јас обично мешам пола вода пола алкохол и масирам, ми се има случено син ми да ми качи и 40 тогаш ставам облоги од ова на препони, под мишки, на грбчето плус масирам дланки и стапала.
Малиот е 11 месеци и пред неполн месец од нигде никаде крена темп. го држеше 3 дена и му пројде. КС ок беше. Од пред 10тина дена тргна првпат во градинка и почна нос да му тече, од пред два дена кашла сочно и денес има темп. до 37.7. Матичната ми вика вироза е, го слушаше нема ништо. Арно што кашлал влажно, и не препорачува одма кс. Какво е вашето искуство во овие ситуации? За нецел месец крева 2 пати темп. Патем прво дете ни е и малце Миле Паника.
Знам кумашинката кога ја пуштија во градинка ни три дена немаше дома болна со температура две недели ја оправаа таман се опорави ја пуштија пак пак истото се случи имале некое болно детенце што немале каде да го остават родителите а морале на работа да одат. Сигурно е од градинка вирус или нешто во друга тема баш се збореше дека не треба одма кс да се прави туку малце покасно
Како да читам за моето. Во септември на 11 месеци го помина тој вирус со тт 3 дена. Два три дена пред да тргне во градинка втората недела од ноември му се растече нос. И од тогаш навака на секои 3 недели е со растечен нос,а во декември правев и брис од нос имаше стрептокока. Сега во моментов е болен со кашлица прв пат, го држи веќе 7 дена. Претходно кога бил болен 7миот ден е како нов, сега не,уште тече нос,среќа нема тт ама кашла и свири. Крвна слика направивме на 3ти ден од први симптоми,ама рекоа може да не е веродостојна па ја повторивме после 2 дена од тогаш. Матичната ни препорача спреј Синомарин (претходно користевме аква марис и оперил) сируп Салбутамол и купки со морска вода. Пред да даде сируп препорача инхалации ама на мали му се виде многу страшно и неуспешно беше.
Она сега ништо конкретно не препорачува освен спрејче исто Синомарин, што сме се успаничиле.Рано било за инхалации или нешто слично. Он вака расположен е, си кашла чат пат ама викенд иде и мислам чурам.
Мајки имам прашање бебчево ми има 3 недели имаше кандида на јазичетп пред недела се исчисти со нистатин 3пати по 20 капки е сега пак и се повтори и има и афти ми рекоа пак да продолжам со тоа.. дали некој има искуство со ова ве моламм за совет, а исто има премногу нежна кожа да го допреш се црвени и излегуваат мозолчиња и се губат сами.. и кој шампон да го земам..мустела.. веледа .. еуцерин ве молам некој со слично искуство да пише
Кандидата е преедосадна ,пази многу да не ти се префрли на гради после ќе си имате еден магичен круг ти него тоа тебе ... Гредите после секој подој измиј ги со сода бикарбона убаво исплакни да не му горчи. Исто можеш и со камилица,јас правев еднаш сода еднаш камилица. Пред подој ги миев само со чиста вода. Пред да капнеш капки со чепкалка за уши или газа на прст помини му низ јазичето за да ги исчистиш наслагите,исто еднаш дневно можеш со сода во превриена вода да натопи газа и да му поминеш по устето . Се ова е советувано од педијатар ,сепак консултирај се и со твојот дали смееш
Јас пак, пишав пред некој ден и никој не ми одговори,па пак да си ја пробам среќата, има ли искуство некој со операција на новороденче коарктација на аортата(стеснување) или да чул некој да прави кај д-р Милев во Жан Митрев?
Касно пишувам. Моите нон стоп се со вруќици, топло ни е дома, иако се тенко облечени. Така да, ми личат на вруќици, сами се повлекуваат.
Температура нема веќе, фала богу. Носот му тече помалце, ама сега ги вади ко гумени зелени и уште поткашлува. И маж ми утре ќе го носи...а во меѓувреме му проби и едниот кец горе, али докторката вика не е од тоа носот и кашлицата. Фала што не помисли Ти го носиш во градинка?
И јас на секое течење нос помислувам на забче ама никогаш не е забче Не беше во градинка цела недела,од претходниот петок почна да му тече носот. Јас ќе барам упат за брис од нос,се си мислам стрептококата му прави проблем.. Штом се зелени мрсули не е лошо да си прашаш за брис да се земе.
@Sofi.ja и јас сакам брис ама матичнава е упорна дека е вироза. Ќе му напраиме во синлаб ако она не даде упат.
И мојата така беше и јас побарав брис ама матичната рече не. И престана, а сигурно имаше 2м со неколку дена пауза.