Да кандида е и од тоа плаче. Колку дена ставаше нистантин? Се тоа што ти пишав претходно и на усната шуплина прави го ,ќе исчезне.
Пелени не сум сменила памперс актив му користам. Го одмивам за хитни случаеви имам марамици виолета со вода тие. Може синоќа во бањање да го имам некако потсиснато со мустела го бањам нп не ми е на изглед како повреда....
Мислам дека ништо не е и дека ќе помине за ден-два. Ако нешто забележиш да отекува, се шири црвенило, со лекар консултирај се. Еве не го бриши со влажни додека не помине и само одмивај со вода. Претпоставувам не е суво местото како сува кожа, така само како круг е црвенко?
Баш кругче црвенко,како да сака брунче да излези но е мазно и од надво и вака кога ке фатам од внатре нема ништо. Не е ни како лишајче. Се на памет ми оди да не му е од пелените бидејќи од си е малце покрупен 8кг и нешто плус е а му носам 4ка. Ке земам баш 5ка пелена да не му е од кога ке го држам во рака се со едната го држам тука па да го имам изиритирано. Ова од сабајле се покави мачкам судо па ако не се смири до утре ке го однесам на еден преглед за мирна глава. Сепак тестис е во прашање
Здраво мајки , бебето ми е 2 месеци, сега ранејки го приметив позади на главчето испакната коска како топче некое.. многу се загрижив .. дали некоја од вас имала ист проблем ? На преглед сме во ремедика за 10 дена но неможам да се стрпам ве молам за совет
Претпоставувам дека мислиш за топчињата позади паралелно со вратните жили малку погоре? Жлезди се тоа, без паника. И јас имам испаничено за тоа. Сите бебиња ги имаат, кај некои повеќе се приметуваат.
Ако мислиш за над вратчето и позади ушињата, лимфни јазли како што пишала членката погоре. Туку, слушав педијатар кој многу го почитувам, дека ова е најпоставувано прашање од родителите на систематскиот на 2-3 месеци
Се смири Оли. Заприметив имаше на раче и на ноџе исто такво. Највероватно пешкирчето може било полазано од инсект и како некоја реакција . Но фала богу си се смири. Дефинитивно контактно беше
Се надевам некој брзо ќе ми одговори многу сум загрижена, ќе посетиме педијатар од утре секако... Син ми има 8 недели и реагира на светлина но не следи никакви предмети кога ги мрдаме пред него а и кога гледа во мене како да гледа низ мене не знам како да објаснам... Има ли простор за загриженост, почнуваат ли веќе на оваа возраст да следат некоја играчка кога е пред нив???
Сеуште е многу мало за да реагира на предмети, обично после 3тиот месец почнуваат да распознаваат движења, предмети, бои, движење со рацете за да дофати предмет/играчка итн.
Ќерка ми е 7 недели. Некад гледа во мене, некад низ мене... Предмети не следи нешто многу. Треба да е у добро расположение (сменета пелена, нацицана, наспиена) и многу бавно да движам некоја играчка со јака боја пред неа за да покаже мал интерес. Се загледува само во едни картички што ги имаме со јак контраст и правилни форми. Мислам немате простор за грижа.