Почнуваат на таа возраст да следат. Но многу поразлично од нас и не се заинтересирани за се. Сеуште не можат да го следат објектот повеќе од средина на глава. Пробај со нешто со висок контраст (црно бело најдобро) и многу полека почни од средина спрема страна некоја. Следењето е задоцнето, очите ги мрдаат со закаснување од твоето движење. Секако секое бебе се развива на свој начин, но првото следење е стварно многу различно и може да испуштиш дека уствари следи. А и треба да е расположено - најадено, пелена сменета, не сонливо или да има мака како грчеви, мали се и се им пречи, немаат фокус за друго
Здраво мајки ,вака сакам да прашам моето бебе има скоро 3 нед, цица мн малку од мене бидејки немам мн млеко па се измолзувам ,кога ке и го дадам тоа млеко преку шише да го испие одма го кака ,зашто така ми прави до што може да е Фала ви однапред
По нови студии што читав, не влијае многу храната што ја јаде мајката врз организмот на бебето ( грчеви, какање...) само мал дел од тоа ние што го јадеме, и сосема разложено се пребесува преку млекото кај бебето. И јас многу се преоптеретував првите 2 недели со тоа, што ако му е ова од мене, што ако му е друго од мене... Не грижи се, не му влијае 100% директно храната што ја конзумираме ние.
Се мислам искрено дали да продолжам да и давам или не бидејки пак е гладна откако ке се искака и не ја држи ,искрено незнам што да правам
Нема ништо поздраво за бебенцето од твоето млеко. Јас немав многу млеко првите 2 недели, сеа ми се полни градите, зошто ќерка ми преку ден на саат, саатипол ми цица. Давај и да цица секогаш кога сака. Колку повеќе цица, толку повеќе ќе има млекце. А да не ти е многу на мисла однеси ја на педијатар, кај мене пак има проблеми со какање некогаш и преку еден ден ми кака, ама нормално било, посоветувај се и ти.
Син ми до 2м од 24часа 20часа беше на града.. Уште се мали немат доволно сила да тргат и да се најадат веднаш како што замислуваме ние, а по готово ако има жолтица тоа заспива и затоа не се донајадува.. Бара топлина некогаш не е за јадење колку што сака да е до мама... Стимулирај млеко имаш многу совети во тема доење читни и практикувај. За какањето е ноемално биди среќна што не фаќа запек и да напнува по цел ден, а да неможе да се искака, прати колку пелени полни во 24часа и ќе знаеш дали е најаден доволно, каката да биде со златно жолта боја ако сте само на доење зборувам. И мислам сега имаш контрола за една неделаа па ќе види педијатар како напредува и дали му е доволно
Бевме сега во понеделникот на педијатар ама тогаш не ми правеше вака одма да го искака ,ке прашам пак сеа за неколку дена сме пак на педијатар иначе мн малку млеко имам 30 мl одвај од двете гради полнам со измолзување ,од сам почеток тешко фати да цица и се нервира бидејки сум до царски ми рекоа и нормално било тоа да немам одма млеко ,пазам што јјадам што пијам
Јас молзев 10мл од двете, а бебе кога ќе фатеше да цица вадеше многу повеќе. Градите ми беа преполни, си качуваше супер на килажа од моето млеко. Само многу течности, топол туш пред доење и форсирај што повеќе да цица. За какањето според мене е многу нормално, моето е 9+++ месеци и кака 4-6 пати дневно.
Ја приметувам има грчеви коа цица и одма ке се искака ,иначе ја дохранувам бидејки и не ја држи моето чим ке го искака и одна е нервозна
И јас на почеток дохранував зашто после 5 дена ми дојде млеко и постепено намалував ад, па по 3 недели беше само на доење. Секогаш прво и даваш да цица, па даваш измолзено/ад така? Менувај ги и градите, кога ќе ја исцица едната префрли ја на другата. Грчеви и моето имаше, големи маки видовме, јас не јадев салати и овошје со лушпа долго време, повеќе бев на ориз, компир, месо.
Здраво девојки, да прашам освен детска клиника козле каде на друго место можам да испитам витамин Д на бебе ?
Прв пат се соочувам со поврајќање во млазови. 4 пати денес. Бевме на педијатар наслушуваше демек пневмонија давала такво поврајќање а мали два дена е со температура до 38.7. За на крај да ми каже типична вироза е малце црвено грло еве ампицилин сируп. Бебе е само на ад. На сред оброк поджригнува и во млазови поврајќа. Не продолжува да пие. Дали од грло црвено надразнето може да биде ваквото поврајќање? Више цел месец не е наткренат. Де нос затнат па кашлица и сега ова
Да првин да цица,или измолзено па ад ама и малце цица повеќе се нервира што неможе да ја фати пупката и само од левата цица бидејки имав проблем со вовлечени и некако само левата ја извлеков а десната слабо
Во приватните лаборатории, во Авицена знам дека може само поскапо е околу 2000денари и треба да одиш во главната кај што се апаратите, не треба да се транспортира примерокот.