Јана Антоније ти рече? И мене ми спомна за тоа имено испакнати ѓу биле долните ребренца ако не се средело на испитаме, вас поради што ви рекоа?
Да, Антоније. И кај моево ребрата беа испакнати, сега се враќаат во нормала уште малку време треба. Инаку, вака по телото по некои детали се сомнева дека има дефицит, по обликот на челото итн.
Мајки, му направив сабајле каша со адаптирано млеко, една мерилка само ставив, после два саата поврати све, страшно беше, му дадов пробиотик веднаш го поврати, матичната ми рече сируп Зиртек да дадам, инаку само на цицање е. Дали е некоја реакција на млекото? После и вода му дадов веднаш ја поврати и сега спие. Совет ве молам
Здраво мајки, мојата e 18 месеци, од вчера е затната со температура која варира од 37.9 до 38.5 Чепчиња ефералган ставам не се симнува. Бев на лекар ни дадоа сируп ефералган. И од него ништо. Од блок макс пред некое време имавме реакција осип и затоа не го зедов. Ако знаете да ми препорачате што да земам да и дадам. Цела вечер немаме спиено
Далерон сируп ако иде над 38.5,така и се препорачува. Во меѓувреме расоблечи го, туширај со млака вода, главата не ја мокри.
Мајки дали стњ имале искуство со жолти дланки и стапала кај бебе 9 месеци ? Жолти му се дланките на стапалата и рачињата од кога ќе го избањам ? Многу сум испаничена да не е нешто сериозно
Да не имате претерано со мпрков јадење? Мене педијатар ме опомени рече ако многу конзумира морков мпжно е стапалата и носето да пожолтат.. Е сега ова со дланкиве незнам
Колку кг има детето и по колку сируп/супозитории даваш? Температура до 38.5 не е страшно, дополнително може да го расоблечеш, истушираш со млака вода. Направете брис од нос, ако има некоја бактерија, може ќе треба и антибиотик.
Здраво мајки. Сакам да ве прашам кои капки за носе ги користите моево има месец и 2 недели ама почна носето многу да и фучи. Дури и кога спие цица..кога поврати малку забележав како шлајм.. педијатарот ми вели не е настинка ја слушаше се.. ми даде марисол ама не и помагаат исто е .. Да земам синомарин монодози или што некој да не има слично искуство?
Мене педијатарот ми кажа дека е малку затната а и кај нас е како што опишуваш... фучи на спиење, цицање.. Ми кажа да земам физиолошки и мрсулчиња што ќе видам со пумпица да ги вадам. Ќе почнам од денеска.
Исто, а не е настинат, докторката ни рече фозиолошки и навлажнувач за воздух, пошо од сув воздух било.
Малото денес прв пат проба јаболко каша. После 5 часа во изметот зелен гледам како парчиња крв како кончиња. Зар од јаболко ова може да биде реакција?
Мајки веќе извесно време ги забележувам овие брунчиња кај малата (3++).. мислев дека и' се прават од жештина но не е до тоа. Секако ќе ја носам на педијатар но сакам да слушнам и ваши мислења/искуства. Да напоменам сме на Hipp organic combiotic
И јас помислив на тоа, но не ми е сменет никако истиот го користам од кога е родена Од кој детергент сте задоволни вие?
Јас користам бекутан 2во1 детергент и омекнувач и за беба и за нас сепак се допира и на наши алишта и ставам помалку од едно капаче но секоја кожа е различна сепак види и со педијатар
Незнам каде да прашам веќе, ве молам ако некој имал слично искуство да ми каже. Бебчево денес ми има 7недели ама веќе извесен период не спие убаво постојано мрда со раце и нозе и испушта звуци како нешто да го боли., а да е гласно не е. , и е носено неколку пати на доктор викаат ништо не му е. Преку ден кога е будно нонстоп плаче со ништо не се залажува и во раце што пред некој период траеше сега плаче.. мислев се грчеви ама не знам веќе кои капки не пробав ништо не ублажуваат.. вчера вечер зајде , утрово пак пишти ни во раце ни на кревет ни со играчка ништо не се залажува ама денеска многу и кркораат цревцата премногу. Дали некој имал сличен проблем што може да е во прашање, веќе немам сила за ништо