Моето беше слично. Се си плачеше, имаше грчеви, му давав пробиотик и колипрев па беа минимални. Како расте помалку е плачлив. Ќе помине мало е уште кога ќе подпорасне ќе се залажува се поовеќе.
А до кога приближно му траеја и кој пробиотик го користите, никако не можам да ја залажам, веќе почнав да мислам да не р проблемот во мене
Од грчевите плаче. Ставај топло на меше, можеш тетра пелена со пегла да загрееш и да ставиш над облека или има да се купи полнети вреќички со коски, семки, трици и се загрева во микро. Капки разни има, читни во темата Грчеви кај бебињата, многу имаат пишувано. Ако доиш, исфрли храна што може да прави грчеви, да не јадеш нешто што повеќе мака му прави. Може и нежно да го масираш мешето.
Тогаш користев ваја, по 4тиот месец сменив сега користам провен и двата се супер. Јас го сменив заради атопичен дерматит пробиотикот. П траеја доста хаха мене многу ми се чинеше ма адокја 4 месеци после втората доза рота пак имаше и се смири од тогаш наваму немал такви проблеми до толку. Некогаш се случува да се разбуди з апрднување ама не екако што беше толку немирно спиење претање плачки додека прдне и слично. Сега е скоро 7м.
Син ми е 9 ипол месеци. Качи тт 38.2. Му излегуваат запчиња, а денес два пати имаше и пролив. Педијатарот наш е во самоизолација, се јавивме и ни вика не се запчиња, да дадеме далерон 4мл. Дадов, не се симна после 1 саат. Пак се јавивме, ни рече настинка било утре да сме купеле амоксиклав и да му дадеме. Јас не би му дала амоксиклав така без да го прегледаат.. Ни рече со разреден алкохол да мачкаме, правевме и тоа. Ќе дежурам вечерва. Туку се мислам лепенка Антипиреа дали можам на чело да му залепам? И што друго можеме на таа возраст?
Јас моите со млака вода брзо ги туширав тогаш и сега кога се поголеми, најмногу им помага при температура. Далерон никогаш не им симнал скроз, туку Блокмакс, е сега Блокмакс е ибупрофен кој не го препорачуваат со коронава. Едит: и нозете во чорапчиња натопени со оцет, не верував но исто така делува
Ти благодарам, исто е мислам и понстан сирупчето како блокмакс, ама докторот рече не препорачувал, можни биле грчеви во мозокот со ибупрофени.
До 38.5 не се дава ништо. 38.5 се смета за благо покачена, па ништо чудно и да е игрив и расположен. Освен ако е омалаксан и кенкав ти си го знаеш најдобро, тогаш можеш да дадеш сируп, парацетамол, дозиран правилно според возраста. Иначе по правило, сируп се дава ако крене над 38.5. До тогаш само туширање со ладна вода, за да се излади и освежи телото и да проба сам да се избори организмот.
Весел беше, но наеднаш омалакса. Постојано мерев, до 38.2 не дадов ништо, потоа се јавив на педијатарот и он тоа ми кажа. Заборавив да прашам за антипиреа лепенките дали смееме на чело да ги ставаме. Го туширав 2 пати, течности давам постојано, само пробиотикот никако не можам да го најдам, утре ќе купам, заради дијареата требало вика докторот.
А баш често и течно кака? Зашто имам читано дека при вадење заби имаат пролив и качуваат температура.
Не се препорачува преку главата да се симнува температура. Лади го на телото, јас обично кај бутчињата му ставав нешто влажно, можеш и лепенките. Имам лошо искуство и со чорапчиња со оцет, повисока ми крена. Можно е и стомачен вирус да е. Вие како сте и да не сте имале контакт со позитивен на корона? Кај децата такви симптоми и короната дава, мојот беше со тт и дијареа.
Само да надополнам дека ако се ладни ноџињата значи ќе качува тт и во тој случај не се става оцет на чорапчиња.
Вообичаено кака ретко и тврда столица. Од вчера има течна. Вчера еднаш имаше, денес два пати. И јас така знам дека кога вадат запчиња голтаат плунка повеќе и им се разводнува столицата, ама педијатарот вика не било така.. Јас првично се сомневав на запчиња, сега не знам. Не верувам во разболување од ладно и промаја. Мислам дека е некој вирус или некоја бактерија, така имам слушано од мајка ми дека преку проливот се чисти телото од бактерија. И јас помислив корона да не сме закачиле и јас малку дијареа имав, ама ништо друго не чувствувам. Мои блиски беа во контакт со заболени пред 1-2 недели ама не покажа никој ништо.
Ако омалаксува давај сируп ама не порано од 4 часа. До тогаш со ладен туш ама без глава, течности, ако пие цеден портокал ако имаш воведено, вода нуди често. Антипиреа овде ги произведуваат и ви ги шиткаат таму, а овде по аптеки не знаат што е тоа. Немаш потреба да користиш такво нешто. За дијареата банана ама да не е презреана, двопек, кекс некој. Не се секирај ќе помине. Ако не сте имале контакт со корона позитивен, најверојатно е вироза. Обично трае до 3 дена. Не е страшно, во секој случај температурата е здрава состојба, телото се бори. Чорапи со оцет само на многу висока иначе може да имаш контра ефект.
Здраво мајки бебе ми е два и пол месеци му се затна носе капнувам синомарин но ме интересираше имам усна пупица за носе стара 8год од поголемото ако ја зовријам дали можи да ја користам да исчистам носе или нова под итно да си купам ете вечерва поминваме некако.
Дежурав цела ноќ. Пак му се покачи температурата накај 3 часот и пак дадов далерон. Утрово пак има малку, ама добар е. Весел. Јас сум напната оти сите дома креваат паника како којзнае што да било. Ама не е важно. Барем јас знам дека не е температурата од што бил измрзнат и што сум го носела вчера кај моите. Е сега дали да му давам амоксиклав не знам. Без да го прегледаат и без брис да му земат не знам дали е за антибиотик. Планирам да почекам и да видам дали ќе биде подобар.
Добро тој педијатар нема ли замена ? Обично сите имаат ,си одиш кај замената доколку не е тој тука. И исто веќе ти рекле крвна слика.
Епа ќе направам, друго не знам што. Па ние кога му се јавивме не кажа ништо. Рече во самоизолација бил не можел да го прегледа, ама ништо страшно настинат бил да сме дале амоксиклав, немало потреба нигде да одиме по болници корона имало многу.