Мора да има ,јави се во ординацијата и прашај или ако не работи никој тркни на вратата мора да пишува кој е замена. А може и на книшката кај неговиот печат да пишува. Корона да има ама па антибиотици на невидено....
Мора да има замена ако не во таа ординација сигурно во друга. На вратата треба да има залепено кој му е замена што ги прима пациентите. Однеси дете, не настинка и одма антибиотик.
А дали плачеше цело време кога е будно..? Моево плаче постојано некогаш одвај ја смирувам. А не може да испушти гасови мислам од тоа и е или не знамм веќе што друго би ја мачело. За гладна не е нонстоп дури мислам се прецицува повраќа.
@Fallen.Angel амоксиклав без крвна слика за да видиш дали има стварно потреба од тоа не давај на своја рака. Како сте сега?
Се согласувам. Не не. Јас сум против антибиотикот. Не е на моја иницијатива. Педијатарот кажа да земеме, ама не послушав. Цел ден го следам. Качува, па се симнува ама никако под 37 не оди. Сега измерив 38,5 е. Дадов далерон, давам електролити и пробиотик во сокче. Лесна храна, го расоблеков малку. Намачкав малку Expulmo и сега ќе почекаме.
Имам тоа. Мачкавме синоќа, помогна. Ама кожата му се исуши и му испука и прекинав. Му ставам и ладни облоги. Ќе видиме. Следам, битно е весел.
Што е тоа, алкохол ли? Алкохол на дете НЕ! @Fallen.Angel до 3 дена температура кај дете не е страшно, обично толку траат вируси и никаква терапија освен за симнување температура не ни давале. За антибиотик да даде, доктор треба да види дете, не по телефон. Јер антибиотик е за бактерија а како ќе види бактерија по телефон.
Да да. Затоа и не го купив антибиотикот. Дома ме напнаа да сум купела за секој случај ама не земав за да не ме напнат да му давам. Сега се расправам дома и за тоа што го наоблекуваат и плус го покрива свеки да не му студело. Јас го расоблеков и со тенка прекривка го покрив. Сега му ставам ладни облоги ациди борици.
Антибиотик ко ќе се почне не се прекинува, така се прават резистенти бактерии кои после никој не може да ги опраи. Башка со атб обавезно и пробиотик, јер и корисни бактерии во цревната флора убива. 3 пати во 6 години имало потреба од антибиотик. Ако се ладни нозе се покрива ама лесно, после се расоблекува. Претоплување кога има температура не му треба. Ако потрае повеќе од 3 дена мора да го види доктор.
Ако мачкаш алкохол за разладување треба да биде во сооднос 50-50 со вода разреден. Моето на 11м имаше вироза со тт 3 дена, отиде и до 39. А четвртиот ден се исфрли по телото. Форсирај течности,туширај со 1 поладна вода и расоблечи го. Ќе помине.
Така де. Ама не. Му студело. Он од премрзнато така бил. Многу сум го шетала и не сум го облекувала топло затоа се разболел. И сега требало да го стоплам... И сега му го собув вториот пар чорапи.. Кога му го облекле не знам. Докторот е во самоизолација, ќе отидам во понеделник за крвна слика и ќе си побарам брисеви од нос и грло па со резултатите ќе се јавам на докторот. Ќе одел и он на работа од понеделник, па може и директ кај него да одам. Оти вака ако му кажам ќе се лути зошто не го слушам кога рекол да давам антибиотик. Така и рече матичниот, разреден алкохол со вода сооднос 1;1. Ама откако видов што му стана кожата прекинав со алкохолот. Му лепам анти пиреа и облоги со ациди борици ставам.
А црвенило по кожата на што укажува? Помислив од алкохолот да не е? На челото има неколку црвени точки. Не се како брунчиња туку само е црвено. Слично има и на градите.
Може од температурата, може да е и некоја, петта ли, шеста ли детска болест ја викаат кај мене. Следи го. А ова мачкање со алкохол не го разбирам, може мене грешно ме учеле @Annath ?
Се симна температурата конечно е 36,5. Го избањав како што кажавте со млака вода и не го бришев. Како ново дете. Очите му светнаа и се расположи ептен. Фала ви многу на сите.
Алкохол разреден со вода во однос 1:1 се користи за симнување температура ако не помагаат антипиретици. Прилично е ефикасен. Може да е осип од температурата, ама најчесто е по телото, на лицето и главата скоро и да не се појавува. Ако се прошири, розеола е најверојатно, вирус или тридневна треска, три дена температура, три дена осип, антибиотик не се дава. Течности, витамини, полесно облекување. Иначе може да има црвенило ако е преоблечено детето, избркај ги сите и гледај го сама.
Цел ден бевме во раце за да спие и не плсче а нсвечер врескаше без престан со саати во 4 наутро заспиваше а во 8 беше буден пак со кенкање тогаш ни цице ништо нејќеше и јас мислев друго е ама грчеви беа си се стабилизира само од себе