Го снема црвенилото. Веројатно било од температурата, ама за секој случај утре го носам за крвна слика и брисеви од нос и грло. Антибиотик не дадов и не планирам освен ако нема реална потреба. Имавме немило искуство со овој доктор кога беше мал брат ми. На 6 годинки доби менингитис, другите доктори тврдеа дека е од предозираност со лекарства. Нормално го прашав за мислење, се јавив бидејќи е доктор, но на крај јас одлучувам дали и што ќе дадам. За алкохолот не сакав да го послушам, ама ме напнаа дома дека така требало, ме напнаа дома и антибиотикот да го купам за секој случај, баш затоа и не го купив. Бев во аптека ама купив само пробиотик, електролити и далерон сируп. Дури и далеронот не го давав на 4-6-8 часа. Ако немаше температура повисока од 38 не давав дури и ако минале 6те часа.Синоќа цела ноќ бевме добри, еве и утрово е добар. @Brpbrp Што е руска вода?
Не знам дали е препорачлива кај бебиња, јас еднаш или два пати за мене ја имам користено, ама не за температура, за болки. Ниеден доктор не ми ја спомнал како опција за симнување температура кај бебиња.
Моето извади долни кецови на 6 месеци. И ништо немаше се до пред 2 недели. Наеднаш извади 2 горни кеца и лева 2ка. Сега излегува горе десната 2ка и долу лево 2ка. Ќе ги комплетираме ај. Јас мислев во исто време ќе излегуваат горни и долни 2ки наеднаш, они наизменично, едно десно долу едно лево горе.
Во глобала добри. Ама сега приметив осип по телото. На газето малку под половината и на грбчето. Малку има и на вратот и стомакот. Се мислам што може да е. Вчера сменивме пелени, од кан бебе на Виолета преминавме, ама не му е цело газе, само мал дел. Свеки прво викаше ништо не дала, сеа се сети му дала боровинка вчера утрото. Не знам што може да е осипов. Јас прво помислив од топло премногу да не е..
Руска вода топли колку што знам, има некој ментол или така.За температура никому не би дала руска вода
здраво мајки, бебушите ми се два месеци, еве втора вечер како едниот бебуш неможе да заспие цело време плаче, кога ќе заспие се стресува во сон како да се плаше и силно заплакува, не витка нозе како да го боли меше, нема темп, си јаде убаво, само на вечер плаче,од што би можело да биде
Тој е веќе од температурата. Не е од боровинките или од топло. Розеола значи било, добро што не даде антибиотик. Ќе трае три дена, колку што имало температура. Не мачкај ништо, само ќе се повлече.
Ти благодарам. Нема да мачкам тогаш. Му ставив малку од кремата што ја користам за пеленската регија. Планирам да ставам Јекодерм или судокрем, ама чим викаш не, нема да мачкам.
Незнам дали за тука е прашањево, качив трмпература и омалаксана сум контакт со позитивен не сум имала само со моите кои имаат прележано пред некој месец. Малиот ми е 5м сега не покажува симптоми закажав тестирање за мене. Како функциониравте со бебињата тие што сте имале? Ставив маска дојам со маска но да му се доближам нели смеам, седевте во одделни простории или?
Јас бев иста и крвна слика правев се сомневаа на ковид со бактериска суперинфекција носев маска 24/7 и на спиење зошто во иста соба. Среќа испаднав негативна но продолжив д аносам уште неколку дена додека закрепнам добро.
Јас бев позитивна, носев маска неколку дена и дома, во иста просторија седевме и избегнував блиски контакти со ќерка ми 7м (колку се може) Излезе негативна на тест, ама се сомневам дека и таа прележа бидејќи еднаш ми качи околу 38темп и беше со затнато носе ден два.
Ви бљуцкаат бебињата често? Моево вчера родено, ќе му дадат АД, и после саат време го бљуцка, дури и да го ставам да ждригне, не знам зошто така, дури и преку нос го вади..
Моето и сега си бљуцка, некад додека го држам да ждригне а многу често и отпосле. Само си перам ќебенца, тетри и лигавчиња.
Бебе 3+ месеци плаче без престан 2 часа, вришти како да го боли нешто, нема покачена тт, нема грчеви. Се јавив кај докторката и ми рече дека е можно да му се воспалени ушињата, овој период им се воспалувале, да дадам Парацетамол. Дали некој знае што може да е?
Се исплашив дека видов и преку нос бљуцна, и ме извади од памет. Не се млазовиз туку баш се бљуцкања, во болнква ме прашуваа на колку време суж пеиметила, и викаат нормално, не знам..
Можно е да се ушенцата ,пробај малку притисни кај мекото до ушето ако изреагира ,ушето е,или ако го доиш ќе го исправа главчето.Дај парацетамол многу боли уво.Исто слечи го да не го затегнува на прсте конче од чорапче,знам таков пример.