Пробав на ушето, се вознемири повеќе, пробав претходно соблекување 3 пати, дури и го свртев во ќебе, може ли од вчера бањато денес да го боли ако му влегло вода? Дојам, не сака ни да цица, прстот ми го зима да го шмука.
Моево од ко е родено, сега веќе 4 месеци, не престанува да бљуцка, некогаш и повраќа. А качува на килажа ко да има 9 месеци
Можно е од ушето ,дај парацетамол,ќе видиш дали ќе се смири и право на лекар.Јас со девојчето првите шест месеци нон стоп од уши ми страдаше ,педијатарот обавезно капки за уши и антибиотик препишуваше .Земи стопли нешто памучно и стави му на ушето.Не знам дали од водата ама можно е.Можеби не сака да цица зошто ти лежи на рака и го притискаш на ушето,затоа те прашав дали го поткрева главчето.
Да нормално е и од носе за штотуку родено. Нормално е и да фрчи додека дише оти се чисти од плодовата вода, ова и дпма ќе ви се случува во прв период
Да, баш фрчиз ја викам носот да не му се затнал, чим е нормално тогаш да не му ја мислам. И така е успан не можам да го разбудам.
Ние сме добри. Осипот го снема но веќе два дена чудно кака. Течно и многу малку на пелената по неколку пати во ден и се различни се боите од портокалово до темно зелено. Утрово му дадов Провен кесичка за да видам дали ќе се среди. Накај 11;30 до 12:30 плачеше многу, грчеви страшни имаше, дури му се слушаа и звуци од цревата. Немав дома никакви капки и го масирав, го вежбав и ставав топли крпи на стомачето, се што правев кога беше помало кога имавме грчеви. Кога конечно заспа, се смири малку. Откако се разбуди беше искакан, пелената беше полна со шлајмови.. Што може да се шлајмовите?
Затнато носе нема. Вади едно забче моментално или две. Ама претходните забчиња кога ги вадеше немаше такво нешто.
Предложете крема за нега на газе ,имаше црвенило ама сега е како кафеавко и се лупи. Бепантен,пенатен...како беа тие креми? Ставав судокрем за црвенилото,ама мислам дека е доволно многу е суво местото. @Sexybaby86 ти пишуваше некаде по темиве за убава крема?
Јас пак да пишам. Супер малиот весел цел ден откако поминаа грчевите, спиеше саат ипол. Сега откако се разбуди плаче.. Ми изгледа на грчеви, пелената пак извалкана од водена столица. Дадов еспумисан и сега држиме термофорче на стомачето, така му годи и молчи. Не знам што да правиме и од што бидна вака.. FrezyDerm, Alverde и маст со перу балзам на Фитофарм имам пробано. Најдобра р таа на фитофарм и овие со цинк Chicco и FrezyDerm.
Веледа користам за црвенило јас, ептен сум задоволна Не суши, ама ако веќе му е суво газето, мачкај наизменично со некоја друга масна како павловичева (јас Бекутан витаминска користам секојдневно)
Да.. Малку леукоцити имаше покачено. То пред некој ден беше. Вчера утрото дадов Провен прв пат. И потоа после 3-4 часа почнаа грчевите. Поминаа и добар беше. Јадеше се беше ОК. Накај 17 часот пиев какао со млеко, онака му дадов да проба и мислам од тоа пак се јавија грчевите.. Не знам дали е од тоа, ама прв пат му дадов да проба од моето какао со тетрапак млеко.