Давај полесна храна, варен морков, варен компир, печен леб, ориз, млеко тетрапак не давај засега. Ќе се смири, може е последица од вирусот пред некој ден.
На бебуш му излезе афта на непцето долно од што сме во фаза на забење и нонстоп пика прсти. Ми кажа докторка да ставам генгиел гел но некако рано ми е за почнување со гел забчињата допрва му се спуштаат во вилица. Некое друго чаре побрзо да му помине? Вака е нервозен и уште ако го разработи устето одбива да цица, особено навечер со плачки и молење сме.
Колкаво беше малото? Не давај кравјо млеко, особено не на течна столица. Уствари никакво млеко на течна столица најдобро.
Ама тој гел ќе го смири и ќе помогне да заздрави непцето. Генгигел Бејби барај, не обичен. Содржи хијалуронска киселина, нема анестетик како другите гелови за непца.
10 месеци за брзо ќе биде. Не го хранам со тетра пак. Си пие АД. Ама онака сакаше да се лигави со цевката од моето какао и без да приметам си испил убава количина.
Мајки, дали кај некоја од вашите бебиња има видливи вени на лицето? Мојата кукла има 5ипол месеци, се надевав дека досега ќе се повлечат ама се поизразени се. Има една баш видлива хоризонтално на почетокот на носот меѓу двете очиња. Читав се и сешто по нет, дека е поврзано со исхраната (на доење е), од многу јаглехидрати, од мутација на MTHF и малку се исплашив. Се си мислев дека е од што и е тенка кожичката, ама не се повлекува и баш е воочлива. Следна контрола ќе ја прашам и матичната дали има простор за паника. Ко на сликата и е
И син ми има од раѓање, никогаш не сум истражила што значи... на страна што една познаничка ми рече аа урочено ти е.. втф
Малиов е бел и му се познаваат вени и таму и од страна кај челото и главата. Откако е роден му се познаваат така и уште се видливи. Никој не ми рекол дека е некаков проблем тоа. Јаки се бабиве со уроците
Кај нас никој немал досега. Штознам некако и се познава доста, си направив филм да не и остане како комплекс, да не ја задеваат други деца... Знам дека е глупаво моето размислување ама штачеш И на мене баба ми ми кажа од уроци било, многу сум ја гледала, јас сум си ја урочила Инаку да, бела е ептен и е нежна кожичката
И на моето му се познаваат вени во делот од очите према ушињата. Јас ја прашував матичната,имаше една модрица на челото подолг период,ме исплаши дека долго време не поминуваше. Вика не се секирај,мало е детето,што би се рекло уште се проѕирни,ќе се изгуби
И кај моето се познаваат и мене ми рекоа дека се уроци Него да прашам, кака мали еве веќе втор пат (ама не едно по друго) гомце како талог од кафе. Минатиот пат да проверам дали е какан кога подотворив пелената, испопаѓа доле на земја од гомцата. После вакво какње мора да се тушира, зашто ептен се налепени и тешко се бришат. Баш како талог од кафе.
Мајки бебчево ми е 2 месеци ама нешто се нафрла по лиценцето. Не знам од што може да е и што да му ставам. Дали е нешто опасно. Цело лице ми е како со ситни точки бубулици и се вчрвенуваат а после се губат и пак појавуваат. Дали некој знае што е ова?
Нормално е.. Некој вика се чистат од хормони, некој вика од лиги, може и алергија некоја... не е страшно у секој случај. Поминувај со влажен туфер. Евентуално веледа за лице или уриаж за дерматит ако се влошат. Ама ако поминуваат сами, само со туфер ти е најубаво.
Блуцка уште 7 месеци денес прави. Не е ништо страшно ,и моето знае преку нос да исфрли. До 3-4 месеци ќе блуцне и по 10 мин пак да цица бараше. Прашав педијатар дали да и давам така. Одговор : бебе цица кога сака колку сака вака потенцирано. Некогаш цицаат само за утеха. Еднаш ептен се исплашив зошто поврати во млаз,а цицаше на секој пола саат,тој еден месец мислам третиот беше после 19 ч. до 22ч. цицаше на 20-30 мин. Најмногу тогаш се посомневав во себе си и во млекото. Прашувајќи секаде сите велеа нормално. И на педијатар се јавив вика вагата ќе каже дојдете . Тогаш ја дуплираше тежината. Педијатар вика супер сте нема простор за паника ,блуцкањето е нормална работел бидејќи не им е затворено "капачето" на желудникот и немаат осет колку цицаат,па вишокот го враќа.
Истото е и кај нас...и ние сме два месеци...некогаш му се прават црвени некогаш побелуваат...претпоставувам или се хормонски или од повраќање, баш на таа страна каде што ја врти главата кога блуцка таму му се поизразени