За да бидете помирни советувајте се со педијатар. И мојата исто вака и се правеа дури цело лиџенце и беше прекриено со вакви мозолчиња и поголеми некои полни како со водича(гнојче) но тоа е од што се чисти од хормоните ја миев само со чај од камилица
Нормално е во првите месеци, се чисти бебето од хормоните. Јас мачкав со бепантен по препорака на педијатар, важно да се одржува кожата со крема, да не де остава сува. За 1 недела ги снема, а малата беше премногу нафрлана. Чело, образи, околу ушите...лом беше.
Не знам дали има тема па затоа прашувам тука, ако треба бришете. Дали некој има заболено од корона со бебе? Нема симптоми никакви ама некако ако не и понудам да цица, ретко да побара. За прв пат цела вечер спиеше и кога станавме и понудив, цицаше амаа не мн заинтересирано. Инаку си е весела, си пеее, зуи по цел ден, кашички почнавме. 6 месеци сме.
Ние прележавме. Бебе е 4 месеци. Прв пат имаше тт, крена до 38 со 6, беше многу омалаксана и имаше пролив еден ден. 2-3 дена беше така омалаксана, а температура имаше 2 дена. Никако не спаѓаше. Дадов далерон сируп кога крена 38 со 6, спадна до 37 со 2, и 2 дена така и беше, 37 со5, 37 со 7...Туширав, расоблекував...Давав витамин Ц во капки, д3 со омега и пробиотик стандард што давам. Дента кога беше омалаксана нон стоп ја ставав да цица и давав електролити. После тоа се затна носето неколку дена траеше. 2 недели се поминати од тогаш и се е во ред засега.
Најди капки Саб симплех, најдобри капки, ние од Бугарија ги земавме. Ги има и во Германија ако може некој да ти пуште
Сега бебе ми поврати цел млаз, се нацица малце подолго ваљда, и само што го кренав исповрати и низ носе и низ уста, цело блузиче го направи, беше само млекце и малце како засиренки грутчиња му останаа во устето, многу се исплашив. Дали е така нормално, дали ви се случило и на вас?
И кај мене така прави, и јас се вадев од памет, и на приватно ја носев и ми кажаа нормално е, а грутките се од млекцето.
Фала ви женски, јас гледам одма да го кренам во раце, ама ете сега ме претрка и исповрати. Иначе, дали е добро вака да го повијам и да спие? Или треба да му се слободни рачињата?
Па така помирно ќе спие. Јас не ја повивам оти не дава, плаче, сака кренати рачиња за спиење и затоа за спиење и облекувам плус 1 боди или блуска зошто горниот дел на телото и е откриен цело време.
Повивај слободно , така по спокојно ќе се осеќа , одоздоле само не претрупувај со алишта да не се претопле и замоткај го .. За повраќањето нормал е не се секирај се случува често , за некој месец ќе отрпниш од такви и др случки
Јас не го повивав, сакав да му се слободни рацете и нозете. Ептен ако мрдаше му ги покривав само рацете со тетра додека заспие, после ја тргав.
Јас го повивав како на сликата ама само денски ноќе немаше проблем за заспивање. Вака повиен и во количка. И уште вака заспива само што веќе не го повивам, во раце ниту еднаш го немам успиено дали повивањето играше улога не знам. Едино имав вакво вреќиче пошироко кај колковите за да не го стискам не ми е однтука купено но пробај такво да најдеш ..
Не знам дали е во ред крвната слика на бебе за вакцина ,со оглед дека има малку покачени лимфоцити ,а намалени гранулоцити? Имал ли некој вакво искуство?
Јас му правев две недели после вакцина педијатар кажа супер е исто како твојава крвна слика имавме и ние па еве го фала богу си ги прими после тоа третите вакцини ни температура имавме се супер беше.
Искуства со бронхит кај 5+++ бебе? Многу многу плачеше не се смируваше за убаво на слушалка да го слуше,панцеф даден е само мисла ми е да не не се слушна нешто како што треба. Многу тешко диши хрчи па дали сте користеле и нешто природно плус за олеснување.