Мајки бебчето ми има 2 месеци и 2 недели, рачињата му се нонстоп во уста, како да има нешто во неа пипкам не е уште набабрено место то ама нонстоп му течат лиги и е нервозно. Дали се забчиња или што може да е ?
Јас ја однесов кај матичниот кога заврши се, малку носот и беше затнат и поткашлуваше ама многу малку, ама додека отидовме помина. 3+++ беше тогаш. Јас на телефон се консултирав додека бевме позитивни и ме советувсше ако кашла многу и/или ако не спаѓа тт 3 дена тогаш да одам Козле. Не ми спомна инхалации.
Нормално е, тој период почнува оралната фаза, си ги открило рачињата и си ги става во уста. Сега ќе почне и предмети да фаќа и да ги носи во уста. Не значи тоа дека е гладно или дека ќе вади заби, тоа им е инстинкт се во уста да ставаат.
Физиолошки раствор можеш да му прскаш во носе,за друго мора со педијатар да се консултираш,сепак е мало бебе.
Му ставив прееска во млекото Kids Vits капки против грчеви, на инсистирање на маж ми кој се меша во све, а не дека има детево нешто многу грчеви...Му ставив само 10 капки, за после тоа да прочитам во упатството дека капките не смеат да се користат после 30 дена од отварањето. Нашиве капки се отворени пред 2 ипол месеци и повремено стававме... Дали е нешто во опасност сега детево? Не знам што да правам...Капките содржат симетикон во маслиново масло и некои витамини...
Малиот денес падна.. Беше ставен во транспортното креветче и си играше. Се исправи и се преврте падна на ламинат и многу плачеше. Удрен е на челото има како рогче. Што да ставам за да го снема отокот? Ми рекоа леб и вино, маргарин, лажица сребрена или мраз. Се мислев дали лепенка Антипиреа да ставам да го лади... Ако знаете ве молам пишете.
Јас хепатромбин мачкам, ама не знам дали е за бебиња. Помага многу за модринки и го лади местото плус.
Одма ништо не ставив, после 30-40 мин од ударот другарка ми кажа за тоа и ставив. Видно се намали отокот и се смири, ама виолетово е местото..
Мајки малото ми качи Температура под пазуви 38.2 и кенксв беше го истуширав симна 37.5 и заспа ама омалаксан е некако. Над 38.5 под пазуви да давам суруп или чепче ако качи?
Пробај со сируп прво, ако не бива чепче.Барем во аптека една што збореше кажуваше дека чепчето нагло ја симнува температурата.
Јас кога качува температура а е вака доцна за да не дадам сируп под 38.5 си правам аларм на секој саат и му мерам. Докторот ме советуваше дека и на 37.5 се дава сируп, но не давав, си правев аларм на секој час и мерев. Ако е покачена над 38.5 сируп, ако не го мачкав со expulmo или му ставав ладни облоги. Едит: За ова не праша, ама јас да си кажам. Нашиот доктор советуваше и алкохол 70% разреден со вода да мачкаме. И стари имам слушано со ракија симнувале тт. Тука на форумот кога пишав поделени беа мислењата за тоа со алкохолот. Еднаш го намачкавме, и потоа не. Му се исуши кожата, а и не е убаво да вдишува бебе алкохол. Барем според мене. Јас се сеќавам мајка ми користеше ациди борици за мене и брат ми, на памучна крпа ставаше и таа крпа на чело ни ја ставаше. Антипиреа лепенки сум лепела на боцнато место од вакцина, а на чело не знам дали смее и колку е препорачливо.
И мене докторкатс ми рече пошто е ноќно време и на 38.2 да дадам сируп, он спушти ама еве ми качи во спиење 38.5 и дадов сируп, само чудно ми е главчето му се олади а претходно ептен топол беше јас мислев паднала. Инаку џабе аларм во раце ми спие а го спуштам плаче... Долга ноќ е пред нас