Знам исто беше, главчето оладено, а кај градите и грбот топло.. На тие места ставав лепенка или ладна облога, но секако и сируп. Денес како сте?
Ние во понеделникот бевме на вакцина, рота и шестовалентна. И дадов превентивно далерон така ми рекоа во болница. Во понеделникот немавме температура, само ми поврати и врчерта какаше ( тоа кај нас е реткост на неколку дена и ептен беше омалаксана скоро цел ден преспа. Е од вчера одбива да цица, плаче, дига ножиња и 3 пати ми какаше, поврати неколку пати и цревцата многу и крчат. Имал ли и некој друг ваква реакција од вакцините, ако е вака и денес ќе ја носам утре на педијатар.
Сабајле качи во 6 39.1 пак дадов сируп сега нема. Пошто ми е прво како правите кс и црп да го носам уште денес на преглед.. Или да почекам? Ќе ја барам матичната пак попосле ако ми качи ама чисто искуство
Пред неколку дена и ние бевме во иста ситуација. Крвна слика и црп правевме после 24 часа откако се качи температурата... Како сте сега?
На матичниот педијатар се јавив вика ти ако имаш јадено нешто од тоа повраќа и пролив има. Денес јади компири и ориз. И веднаш сменив педијатар кај друг ја однесовме и рече дека од ротата е.
Од првата грчевите 2 до 3 дена траеја, иако пак се сомневам дека беа од ротата. После 14 дена имаше конци крв кои ми рекоа може да се од рота или од млекото. Од втората ревакцина никакви грчеви немаше од ротата или некои други појави.
@Milkiway да беа само грчеви немаше да бидам загрижена. Кај нас и пролив и повраќање затоа барав и тука мислење и втор педијатар.
За каката се менува знам 10 дена треба да се внимава жив вирус искакува на тоа ли мислиш? Ти кажале сигурно кај син ми немаше ништо ама бев предупредена за потечна. А за повраќање не знам какво повраќање он редовно бљуцкал и во млазови повраќал ама се беше ок напредуваше, јадеше... сега еве 6м веќе се смирија бљуцкањата не е како порано
Не се мачка експулмо маст или било која друга која грее, додека е со температура. Може да стане полошо. Само ладење е потребно. А ваков вид масти, греат.
А разреден алкохол докторкава ми рече може ама не сум пробала? На 6 саати ми качува до кај 39 тогаш давам сируп и симнува ама да се спремам за вечер. Инаку уринарна инфекција излезе
Мојата до 40 качуваше на 2 часа. Само туширање,само телото,чепче,на памук разреден со вода 70%алхохол ставен на препони,и помагаа колку толку. И само по памперс додека спушти.
Јас го однесов за кс со црп и излезе вирус дека е, ЦРП мирно беше, леукоцити малку качени, и уште некои параметри укажуваа на вирус. Меѓутоа кога се јавив матичниот рече да дадам антибиотик. Не сакав да дадам и го однесов малиот за брисеви од грло и нос. Откако излегоа резултатите отидов кај матичниот и кога виде дека се чисти брисевите препиша сируп за пролив само.
Мајки по колку дена може да трае покачена температура за време на вадење заби. И како знаете дека тоа е причината во таков случај? Ние ги вадиме горните двојки, ги прескокнавме кецовите. Овие два дена качува до 38.5 на 5-6 саати.
Кај него покажа покаченп црп и леукоцити и еритроцити во урина ни дадоа одма антибиотик и уринокултура да правиме пошто докторкава вика дека е 6м мал е да го остава да трпи 39 трмпература со денови да чекаме резултати, а еве на 6 саати си качува