Епа чим ЦРП е покачено ќе мора антибиотик. И да 39 е висока тт и за поголеми деца, а за вака мало бебче мора побрзо да се реагира. Ајде само брзо нека помине. Во мојот случај не беше толку висока тт и само два дена имаше. Продолжи со пролив и осип на телото.. Затоа не дадов антибиотик. Кај вас е потребен најверојатно// Пиши како сте..
Нормално е на 35.2 под пазуви мерено да му падне температура? Беше 38.1 туширав не симна качи 38.8 и му дадов сируп пред 3 саати сега мерам 35.2 а спие?
Може да падне. Каков сируп даде? Ако даде блокмакс можно е нагло да ја има симнато. Парацетамол послабо симнува, ибупрофен побрзо.
Евераглан за саат време почнува да му симнува ама после пск ми ксчи 39.5 се извадив од памет се тресеше па сируп туш едвај падна на 37.7 за 3 саати после сирупот. Душа немам веќе
Колку дена трае? Исто вака беше и со мојот бебуш пред недела дена, после 3тиот ден сама од себе спадна температурата, др рече дека според крвните анализи се работи за некаков вирус...
Душа малечка. Веќе на 39 ако не се симнува мислам дека може оцет на чорапчиња. Мене една членка ми кажа дека е мало бебето да ставам суви чорапи еден пар, па врз нив уште еден пар потопени со оцет. Само внимавај течности давај му. Сокчето на хип со електролити земи го. Или во обично сокче раствори му кесичка електролити и пробиотик 2во1 јас земав такво од Зегин. Ќе ти прикачам слика.
Обилно повраќање од што може ? 7+++ сме и дадов инстант ваква кашичка. После пола саат поврати обилно оттогаш не сака ни вода ни цице... И сега поврати пак не толку обилно ама поврати... Еве сега заспа ,ама немам мир.
Цица барем тоа не одбива и водичка и чајче му давам пошто уште немаме оброк на вкусови сме па страв ми е и сокче да му воведам сега. А ставив алкохол 70% разреден со вода но не помогна, да не треба 100% да разредам
Ти кажаа ли од што се фаќа/појавува инфекцијава? Чисто заради превенција ме интересира. Супер чим пие течности по возрасни што знам таа 37.5 ќе си стои температура се бори телото. Татко ми имаше 3 дена висока до 39, после уште неколку дена 37 5 додека не се исчисти од антибиотикот
Тогаш добро е. Нека цица почесто. Гледај да прима течности, чај вода . Храна не е толку битно. А за алкохолот не знам.. 70% ми кажа докторот, ама и не ми е ич по кејф, кожата му се исуши и му се лупеше.. Ако ептен не се симнува пробај. Или купи ациди борици турај на памучна крпа и лади го така на градите и грбчето, мислам тоа подобро е од алкохол чист. Јас со ациди борици го ладев.
Ако има адаптирано млеко, може на него изреагирала. Имаше баш порано една Хип каша, иста ваква, многу бебиња реагираа на неа со повраќање, оти содржи адаптирано млеко, не знам дали уште ја има.
Обезмастено млеко во прав пишува... Од нутрино и имам давано со млеко во прав ама полномасно пишува на него... Среќа не повраќаше веќе и не и давам веќе ваква. Добро што ја дадов наутро..