Подобри, вчера качи температура кај 20h 38.5 дадов сируп и туширав и цела вечер не качи максимум 37 беше се надевам помина најлошто од антибиотикот. Само се мачи со мешето 3 пати ноќва ми се искака и тоа водесто о темно зелено докторкава вика од антибиотикот е да не давам ништо ама и газе му вцрви. Фала на прашање златна си ми
Ништо не ми кажаа, ми рекоа да испитам може да не има враќање на мокрачата кон бубрезите кај Кузмановска во Ремедика бидејќи се случувало од тоа да се добие инфекција но не морало да значи, знам бебиња и се раѓаат со такво нешто па се стабилизира понатака. Да се среди па ќе видам да отидеме. Инаку и јас се зачудив пошто какан не ми стоел повеќе од 15 мин,пеленка на 2 часа менувам, вода му давам исклучиво за бебиња за готвење и се изнервирав како дојде до ова на толку пазење
Епа така е колку и да пазиш ќе се случи нешто ќе помине добро е што се знае точно што ја предизвикува температурата Помислив дека машки да не фаќаат полесно ако остане крема да не се измило итн... и јас ептен внимавам ама ете се може да се случи Му спадна температурата?
А електролити даваш ли? Ние вирус имавме, така водесто какаше, пробиотик само давав, ама кога почна многу често така да има како пролив дадов и електролити. Едит: Исто и на моето газето прв пат му се вцрви на 9 ипол месеци од тоа водесто какање. Смрдливо и течно ептен и во секакви бои. Стави судокрем и ќе помине одма.
Не само пробиотик што давав и претходно, докторкана ми вика ништо дополнително штом си цицало само на течности да појачам
Да од синојка не качил се надевам ќе остане така, инаку баш читав женските се посклони кон вакви инфекции кај машки е поретко затоа и ми рекоа да направиме и ехо на уролог, не се секирај не е од креми јас тоа скоро и да не ставам пошто прв пат сега црвено газе да има
Не крем многу ретко ставам и тоа само на газе, пудра не ставам а со влажни виолета бришам 99% вода ама 1 до 2 пати дневно мислев не му прават проблем пошто никогаш до сега не се вцрвенил
Добро, но куре му бришеш со нив? Мислам, да не му останува влажно местото. Гледај на секое какање да го миеш.
Малата мислам од ад во кашата поврати. Понудив и други вкусови исто со ад кога ќе ја доближев до неа вриштеше и ми ја туркаше раката. Повеќе не дадов.
А дали тоа значи дека и АД млеко не би прифатиле ? Сега ја дојам ама кога ќе се вратам на работа не знам како ќе биде.
Мала е шансата, ама пробај. Повраќањето не е знак дека детето не би прифатило ад млеко, туку дека можеби не му одговара тоа млеко. Иначе моите не сакаа ад млеко, после прекин на доење не пиеја никакво.
Ако не сте завршиле работа, барај д-р Мирка Шалиќ. Работи и со фонд, нека ти провери матична дали има термини. Уствари сега откако е ситуацијава мислам дека повеќе вака работи, отколку приватно. Веројатно матичните и се филтер сега во услови на корона.
Ако бута во уста играчки од тоа му е.Јас вазелин со невен му ставам на моето од две мачкања му поминува одма.