Што да правам со тоа што ми ги повраќа Д3 и Омега капките? Одма после 5 мин. дали да ја сменам марката, на Бејбитол ги имам. Искуство некое, или совет?
Давај ги од сабајле кога ќе стане на гладно. Од раѓање, па до 5-6 месеци имав спремна лажичка до мене и сабајле кога ќе станевме менував пелена, давав капки и тогаш цицање. Д3 и пробиотикот е битно да се на гладно и од сабајле (барем д3, пробиотикот зависи од дозата). Пробај така, па ќе видиш.
И мене ми ги повраќаше со омега тие што беа по препорака на педијатар престанав едно време после тоа продолжив. Во било кој дел од денот ми ги повраќаше небитно дали пред,после или со јадење.Консултирај се дали да ги прекинеш одреден период, некои бебиња не ја поднесуваат омегата.
Д3 да од нив не повраќаат али од омегата ти повраќа.Продолжи си со д3 али консултација за омегата или види два три дена не давај омега ќе ја видиш разликата
@thelittle17 Прво пробај да даваш на гладно, не прекинувај ги прво омегата. Давај ги на пример одделно од Д3. Омега е најважна за мозокот, мора да се дава некако и мислам без консултација со доктор да не ја прекинуваш на своја рака.
Јас немам давано Омега до годинка. После годинката почнав. Не е воопшто страшно да не се дава , ако не одговара. Иако мене горе кај членката ми личи на бљуцкање кое најголем дел од бебињата го прават.
@0ли @duffi некогаш повраќа, некогаш бљуцка, ама само штом дадам Д3 и омега, одма го повраќа тоа, не знам дали прима доволно, тоа е работата, а знам дека Д3 е важен да го прима, а за омегата не бев сигурна.
Ај да прашам нешто приметив на бебињава мои (5 месеци) како црвенка линија под пенисот онака права одоздола и иде до доле. Знам дека глупо се изразив ама ако ме разбра некој би ми помогнало совет фала
И моето ја имаше ама беше така како спурено, не знам дали мислиш на истото, но и линијата ја имаше. Баш педијатарот го прашав што е и рече пудра да ставам после 2 3 недели се изгуби.
Да како спурено е, ги мијам цело време и им ставив пудра, мислам дека од што се повеќе сега на стомак и претаат па повеќе има триење. Не сакав одма да паничам ама ќе идам на лекар и така следна недела ако не им се повлече ќе прашам
Тука во Грција само Д3 даваат, омега не. Јас на ниедно дете не сум дала од раѓање омега, ете пример на син ми од 4-5 години почнав да му давам Молерс и тоа по мое барање, никој ми нема речено. Ми падна во очи баш тоа што викаш МОРА да се дава па јас на ќерка ми која е 12 и пол месеци не и давам, не сум и давала ич, па планирам сега да почнам Молерс да и давам.
Така ми рекле ортопед и педијатри. А може ако сакаш чисто онака да просурфаш и на интернет зошто е важно бебе да прима Омега 3. Иако сигурно веќе си читала штом си одлучила да дадеш воопшто. Која е причината што не даваше досега? Можеби ако мајката има доволно Омега 3, ако јаде риба и дои, можеби и не мора да се дава на бебе. Иако и тоа не е мерливо. Инаку нема како да ги прими, потребни му се на организмот.
Нема причина, едноставно тука нема за бебиња омега, не не советуваат педијатрите да даваме и во аптека сум прашувала и ме прашуваат колкаво е детето, им викам бебе, да се консултирате со педијатарнпрво е одговорот и тоа е тоа. Што да ти кажам, сега за третово прочитав од тука од вас дека давате на бебињата, за другите 2 не сум знаела, ти викам, не не советуваат така педијатрите како во Мк, разговарајќи и со други мајки од тука никоја до сега не ми рекла дека дава на бебе омега. После втората година може ама претходно никој не дава, па фала богу здрави прави деца имаме..... Еве ќе ги повикам и @koritsaki и @Yowannty кои живеат во Грција дали они им давале од бебе омега 3.....