Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Bebush 2020

    Bebush 2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Имам 7 год детенце и кога беше бебе немаше бејбитол и не препорачуваше никој омега, пиеше вигантол. Ова сега мислам излезе. И да, блуцкаат,повракаат од омегата, тешка е за меше. Големото ми се жали кога му давам, не пак на бебе да давам,тек па на гладно... Јас ја тргнав кога видов дека не ја прифаќа, и бејбитоли и све, давам пливит д3 барем знам колку дозирам, за разлика од твистериве. А демек ние што недаваме ке ни останат недоразвиени во мозокот децава???? Еве мене пред 35 год сигурно ми давале бејбитол со омега :D за да денес сум доктор специјалист, може до тоа е... Не викам не, кај дечиња каде што лекар ке укаже на потреба од истата, со одредени тегоби и дијагнози.. Некој мн се едуцира по интернет... Без лутиш мајки
     
    На thelittle17, Kallias2 и LadyC им се допаѓа ова.
  2. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Мајче, ај полека, не се расфрлај со вакви изрази. Никаде, ама никаде не напишав неразвиени мозоци, језиво ми е само што те прочитав со ваков начин на дискусија, а велиш дека си специјалист доктор. Плус тука не си ги мериме кој колкав степен на образование има според суплементите што ги прима во текот на животот или кој колку и каде се образува. Полека. :)
    Еве доктор си била, јас би сакала да прочитам некаде дека е океј да не се прима Омега како бебе, научи ме нешто ново. Мајкиве што не даваат бидејќи ја повраќаат, нека прочитаат зошто е во ред. Сакам докази, не на муабет не пиев ни јас, па еве ме доктор сум, бидејќи тоа ми е бабински муабет како она ни давале мед кога сме биле бебиња, па што ни фали. Како и за сè, наукава оди напред, истражувања, не е истото време порано и сега за да тераме дискусија јас не сум пиела, а еве ме специјалист сум.
    Тука специјалисти каде што одам со бебето (не го носам на интернет), на секоја контрола ме прашуваат дали давам Омега.
    Ако ти сметаш дека тие грешат што препишуваат да даваме, кои се тешките дијагнози и тегоби поради кои ни ги препишуваат да им ги даваме на децата?

    @Kallias2 Секако сите тераме како што ни рекле доктори, без разлика дали сме во Грција, во Македонија или каде и да е. Мислев дека е нешто штетно и дека затоа во Грција не ви велат да давате, затоа и прашав.
     
    На Sexybaby86, zamce, Bicka77 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Срц, омега е нова мода гаќи.
    Коа го родив у 2016та првиот син не даваа омега, само д3 оти немаше уште изгледа измислени омега за бебиња .:D
    Нити педијатри у Систина, ни на дежурна, ни матични не викале омега да давам, јер не беше у мода.
    Раѓам второ у 2020 и оп омега, не знам ти што др измислиле и сл . :D
     
    На Fatalnata, Sexybaby86, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Можно е да е ново, ама сепак нема ништо лошо и во тоа да е нешто ново и да го прифатам.
    Нели, наука оди напред, докази, истражувања, цело време сме изложени на нови препораки, па некои прифаќаме, а некои не. Понатаму ќе излезат на форумов некои нови генерации со муабет од искуство дека порано не морало, ама сега е друго време, ние ќе сме бабите што грешеле :D
    Шала на страна, знаеш, кога ќе ти кажат доктори (не еден) да даваш, не можам да не го сметам за важно. Плус информации на сите страни, ќе слушнеш, ќе прочиташ...

    Едит. А, добро, што беа тие на времето рибино масло што ни ги даваа? Се сеќавам дека сум пиела такви, баш беа гадни, но не знам каков состав имаа. Д знам дека имаа, но што друго?
     
    Последна измена: 12 април 2021
    На Bicka77 и WonderGuurl им се допаѓа ова.
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    3.994
    Абе за штетно сигурно не е штетно ама за да не го дават од раѓање може нешто има,не знам, според логика кажувам. А ќе се сложам дека е најнова мода, на нас ни давале од бебиња омега и витамин Д? Чисто сумјам. А и секоја држава си има различен здравствен систем,како што исто така тука на бебе не земаат крв од прст, тоа го нема тука, туку исклучиво од вена и пред вакцина никогаш не правеме крвна слика, да не ги вакцинираме децата? Не знам, ете различно е во Мк различно е тука...
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Омега јас почнав од 3 месеци зашто докторката ми рече дека нема потреба од раѓање.
     
  7. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    И овде педијатар дава само д3, а поучена од форумов кога прашав за омега ми рече дека нема потреба да прима. Немаат пракса низ Европа изгледа да даваат суплементи на бебе. Се надоврзав на @Kallias2 дека и Грција се со истиот став.
    Искрено овде во аптека не ни продаваат такви работи за бебиња под годинка:^) реков на своја рака ќе земам, ќе му подавам валјда нема штета, малку чудно ме погледнаа кога прашував.
    Зедов неколку кутии Бебитол од Мк па му давам, а дали има реална потреба не знам...
    Едит: исто не прават крвна слика пред вакцина, и крв земање само од вена. Еднаш од главче му земаа, не можеа на рачето да му најдат вена:worried:
     
    На SkarletOHara и Kallias2 им се допаѓа ова.
  8. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Да споделам наше искуство со омегата кога сме на темава:

    Ние не му дававме омега, но на инсистирање од педијатарот дадовме на 2,5 месеци. Само што ќе му дадев од рипчето одма лицето му се исфрлаше со ситни бубулички и тоа траеше неколку часа. Вака една недела. Во консултација со повеќе педијатри ни беше кажано дека алергија до сега не се јавила од омега. Постапивме по советот, ја паузиравме омегата некој ден и пак продолживме. Не се појави веќе таква реакција.
     
    На Kallias2 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  9. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Само едно знам дека ако немало потреба да им се дава омега плус сигурно немаше да ги менуваат формулите на сите ад млека да се додаде дха. Си знаат научниците што како сигурно има истражувања не е од памет или затоа што сега го произвеле прв пат
     
  10. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    3.994
    А тие што се само на доење? Еве јас дојам ексклузивно и не сум дала не давам омега
     
    На Fatalnata и thelittle17 им се допаѓа ова.
  11. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Зборам за децата на ад,а задоените ваљда преку млекото се пренесува доколку мајката конзумира храна со омега. Не реков дека мора или ќе има последици сигурно има нешто штом ги сменија формулите на сите ад млека. Пс. Јас на моето му давав од третиот месец два три месеци па пауза правевме сега треба пак да почнеме. Во секој случај нема штета од омега а бенефит колкав има не сум истражувала.
     
    На Kallias2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bebush 2020

    Bebush 2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Оли некако имам чувство дека ги осудуваш мајките што не прават како тебе и како све да знаеш, ми бодат очи такви извини. Не реков да не даваш, ниту дека нема придобивки од истото, давај, реков зошто мајкава како да ја осуди што не дава, како да ги плашиш жениве ми звучи. НЕ РЕКОВ не е океј да не се дава, реков секој со своето бебе и искуство, секој според својот педијатар, и на крај секој како ке си одлучи како родител. Лично јас си одлучив за мое бебе да не давам откако упорно ги блуцкаше, а сакав да давам. Да, пиевме рибино масло, перлички мали еве за мене си кажувам али можда поголема кога сум можела да голтам. И да има дечиња на кои им се нужни суплементи во вид на витамини,омега, специјални млека и.т.н и читаш низ форумов зошто некои дечиња ги примаат, пр. прематурчиња, дечиња во чое семејство има некои наследни па и немора да се наследни заболувања, дечиња со повреда на нервен сплет при раѓање, крварење во мозоче, жално но постојат и вакви состојби.... Не го мерам моево образование, туку сакав да кажам дњка и без нив сме пораснале ок. Колку придобивки од суплементиве секакви некакви, толку и штета може некаде да се направи. Имај убав ден, добронамерно коментирам, споделувај искуства но не давај насоки.
     
    На Sofi.ja и Kallias2 им се допаѓа ова.
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Токму тоа ме интересира, зошто не порано.
    И мене ми рекоа од 12-та недела.

    И не само ете во ад што ставаат, и во бременост се пие, гинеколозите ги препишуваат и додека се дои педијатри ми рекоа да пијам. Прегнакеар земав додека доев, од кои едното апче беше омега.
     
    Последна измена: 12 април 2021
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Teo2020

    Teo2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2020
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Мајки тромбоцити 150-475, кај нас се 582, повторно крвна слика после 1 месец исто, истиот дечко му зимаше крв двата пати. Дали може од стискање на прстето или нешто друго е во прашање? Оваа недела треба пак да правиме крвна слика, ќе одиме на друго место, докторката рече дека ако пак е вака ќе ни даде упат за хематолог. Дали е опасно?
     
  15. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Па споделувам искуства, тоа што ми рекле и тоа што сум прочитала го пишувам. Не фаќам никого за гуша да прави нешто, кажувам тоа што знам. Не знам сè, нормално, ниту мислам ниту ќе мислам дека е така. Секој пост ми е од искуство.
    За кои насоки зборуваш да не ги давам? Тоа што пишав сепак да се консултира со доктор пред да прекине да дава тоа што и' рекле? Од претпазливост што препорачав да си праша?
    Ако ти бодам очи, слободно може на игнор да ме ставиш. Ако @thelittle17 се осети дека ја осудувам што прекинала да дава, може слободно да каже. А на сите ни е страв за децата и затоа се информираме и прашуваме на форумов на пример.
    Инаку, ти ништо од тоа што сега го напиша, не кажа така претходно. Ти дојде да кажеш што си правела за своето дете, како и сите ние, но немаше потреба да спомнуваш изрази иронично за нешто што не би сакала ни да го повторам сега и да ни кажеш какво образование си завршила иако не си пиела омега.
    Да настапеше како сега што малку од малку објасна, мојата реплика немаше да е таква.
    Инаку, се согласувам дека има многу суплементи и несоодветна суплементација може да направи проблем. Нели дневни потреби има на секакви минерали, витамини, нутритиенти, па затоа и консултации со доктори, па едно и пет мислења ако треба итн.
    Бидејќи и ти си ги примала перлите, знаеш каков состав имаат?
     
    На thelittle17 и Bicka77 им се допаѓа ова.
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Колкаво е бебето?
    Моето имаше високи тромбоцити на почетокот и ми рекоа дека со тек на време ќе се нормализираат. И така беше, инаку, прво околу 400, а потоа околу 600-700 му беа. Ми објаснија и дека границите за бебиња се поинакви, се консултирав со двајца педијатри и со роднина докторка, сите ми рекоа дека не е страшно, можело и од некој вирус да е, од вакцината и сл.
    Баш со една мајка пишувавме за ова, таа отиде на Хематологија. Ќе ја тагнам, па ако прочита, ќе пише @Maja92@
     
    На Teo2020 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bebush 2020

    Bebush 2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Да не имате некоја вироза закачено или сте поминале? Може при вироза може и секундарно да се јави кај паднат хемоглобин, ова не е страшно се корегира. Зависи колкави сте а и бројов не ми е страшен, следи ипак упатсва од матичен лекар
     
    Последна измена: 12 април 2021
    На Teo2020 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    На мојата како по мала и беа покачени матичната рече тоа е од стискање на прстето да не се секирам.
     
    На Teo2020 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Teo2020

    Teo2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2020
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    4 месеци е бебето
     
  20. Teo2020

    Teo2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2020
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Не, освен рота што примивме ама помина доста време