Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Од прилика и моето беше толку, сега ги видов пораките во кој период сме споделиле со мајката.
    Ти сепак консултирај се, но мислам дека не е стршано.
     
    На Teo2020 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bebush 2020

    Bebush 2020 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Провери и во друга лаб, има разлика од една до друга, мое мислење дека не се мн високи, почекај недела дена и во др лаб провери. Може и од рота да е, ипак е вирус, како вакцина го поминуваат во поблага форма за да створи организам антитела, за не дај боже да не дојде до правата инфекција со неа. А и референтниве вредности во грото лаб се однесуваат на возрасни
     
    На Teo2020 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    3.994
    За бебиња зборуваме сега, не за бременост и доење. И јас пиев мултивитамини по моја иницијатива во бременост и продолжив до ден денес ги пијам, 1 година после пораѓај, педијатрите и гинеколозите не ми рекле никогаш да пијам, само фолна, железо и калциум даваат гинеколозите во бременост, ништо повеќе, фолна само првите 3 месеци после не, железо и калциум после се воведува само до крај на бременост, а во Мк ви даваат од сам старт прегнакер или не знам како се викаат тие таблети за трудници. Значи пак е различно. А штета нема да пиеме сите и не трудни омега, освен ако јадеме преку еден ден риба и секојднњвно конзумираме работи кои содржат голема количина на омега 3 и 6, тогаш не треба дополнително да се пие.
    Значи разговараме за омега 3 за бебиња, а не за постари.
     
  4. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    3.994
    Ете, исто. Не знам во која земја живееш ама тука е многу различно здравството отколку во Мк, подобро или полошо е, не знам, битно многу работи како и ти што кажа ги прочитав од форумов и прашувам лекари и фармацевти, ми кажуваат нема потреба. Како што вие, т.е. тие сите во Мк ги слушате педијатрите и ортопедите, така и ние тука ги слушаме овдешниве правиме каконшто не советуваат и тоа е тоа.
     
    На WonderGuurl, 0ли и Bicka77 им се допаѓа ова.
  5. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    А бе сеа, ми кажуваш за што зборуваме, како јас за возрасни да пишувам :D
    За бебиња и јас зборам, коишто преку мајката во бременост добиваат или преку доење кога цицаат. Како тоа што спомнав бременост и доење не е за бебињата кога на тој начин примаат што и да примаат уште во стомак...
    Додека доев, пиев Прегнакеар, но сигурно не за мене. Кога прекинав со доење, прекинав и со нив. Не пишувам што пијам за себе. Спомна калциум, еве јас не пиев во бременост бидејќи направив проверка дали треба. Но ми рекоа да пијам омега, дека е добро за бебето.
    И не е спорно тоа кој кого си слуша, се разбира дека вие тамошните, а ние овдешните. И ништо тука нема за чудење, нормално дека е така.
    Еве, лично јас си прифаќам совети и од жени што не живеат во Македонија, ме интересира како ве советуваат, што правите, па ќе прашам на следна контрола во врска со тоа и сл. Отворена сум за сугестии и за совети.
    Споделуваме информации, форумот е супер за разни искуства, ќе знаеме каде што се советува и сл.
     
    Последна измена: 12 април 2021
    На thelittle17, Bicka77, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Оли кај нас најмногу се претерува со суплементи. Не за само за бебиња, за сите.
    Омегата која ние ја пиевме како деца, не беше од раѓање.
    Нема ништо страшно и да не се дава. Или да се почне покасно.
     
    На Sexybaby86, thelittle17, Sofi.ja и 4 други им се допаѓа ова.
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека се претерува. Не само со суплементи, туку и со антидепресиви и чуда што луѓево ги пијат без доктор да каже.
    Не би сакала да навлегувам многу и во тоа колку кај нас не е иста земјата со таа претходно, испосната е, воздухот катастрофа итн. Просто некои витамини и минерали е невозможно да ги добиеш поинаку.
    Но, друга тема е ова, да не го тапам за тоа, па да застанам тука.

    Добро е ако не е страшно да не се дава, еве тие што имаат проблем со повраќање да не се секираат, тоа е најважно. И претходно пиша дека нема гајле, и добро е што пиша, делува смирувачки.
     
    На thelittle17, mal.ecka и duffi им се допаѓа ова.
  8. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    5.379
    Пол:
    Женски
    Во Грција не препорачуваат да се пијат суплементи, затоа кај вас и по аптеките нема избор за да се купи.
    Еве јас правев ин витро во Солун.
    Никакви суплементи ни пред ин витро, ни после трансфер. Само најосновната терапија. За поддршка на бременоста ми дадоа само утрогестан и прогестерон депо на три дена. Јас си побарав пролутекс, зошто во време на корона не ми се одеше до амбулантата за да ми стават прогестерон депо.
    Ако споредам овде што терапија сум примала кога правев инвитро, разликата е огромна. Тука дури примав и инекција нивестим мислам дека се викаше, кога прочитав на интернет дека таа терапија се препишува при трансплантација на органи се запрепастив.
    Во Грција се дава само тоа, што е потребно, а тука се и сешто.
    Дури и докторот кај нас ке ти каже од која аптека да си купиш, бидејќи многу работи ги нема во сите аптеки.
    Значи кај нас е лудница, бизнис не виден си прават докторите.
     
    На Inana123, SkarletOHara и Kallias2 им се допаѓа ова.
  9. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    3.994
    Па ете јас на син ми кој е 8 години не сум давала, тогаш ни витамин Д не се даваше, не ми кажа никој и не сум давала ниту омега ниту витамин Д. Здрав, прав е со одлична крвна слика секогаш :)
    Исто и малата, на 12 месеци баш некни бевме им направив комплет крвна слика и супер и на неа и на него.
     
    На 0ли, tanjatt и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ама Д витамин и омега немаат врска со обичната крвна слика. Недостаток на Д витамин може да препознае ортопедот или добар педијатар, евентуално директно да го испиташ преку крвна слика. Се согласувам дека можеби омегата не е неопходна ама Д витамин на сите ни е потребен. Јас имам 30 години, па ми давале како бебе.
    Поточно и Д витамин различно се дозира во секоја држава. Многу е различно да живееш во Гр и Англија на пример.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    3.994
    И витамин Д испитавме, фолна, калциум, тироидна, железо и ред други работи и сите беа во граница на нормалата, без никаков сумплемент, што значи нема потреба од давање плус ако нема потреба :)
    А омега, да, не може да се види преку крвна слика
     
    На thelittle17, Jana06 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ептен ми е мило, за жал не е кај сите исто. Син ми прима 2000ие, испитавме Д витамин и поблизу е до долна граница отколку до средина (во нормални граници е, но очекував повисока концентрација), а и ортопедот се сомневаше на недоволна доза. Плус различно е дали ќе испиташ во зима или лето, новороденче или тодлер.

    За омегата секаде кај што читав нема буквално никаква штета, само бенефит и буквално е одлука на родителот.
     
    На SophiaBella, 0ли, Kallias2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. VeseliCka

    VeseliCka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам за помош, очајна сум веќе. Ќерка ми е 5 месеци, родена е 3100 гр и 49 см. Сега е 5600 гр долга 60 см. До сега е исклучиво на доење само на една дојка на која нема завидна и потребна количина на млеко. Пробано е со аптамил,хип, кравјо млеко од тетрапак никако не сака да пие од шише, не сака ни од лажичка ни од шприц. Кашички многу слабо јаде и домашно и купени.Барав денеска на педијатар нешто за зголемување на апетит ми рекоа многу е мала и такво ти е дететото. Дали некоја се соочила со сличен проблем,како моето бебе повеќе да напредне во килажа?
     
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Прво да смениш педијатар?
    Кашичките течни, пробај повеќе на овошје ако сака така, можеш ад да и мешаш во кашички има такви кутии на Хип и Холе кои се прават со млеко. Искрено, ако е нејадач не знам што да правиш голем проблем е. Еве прва на која ми текна е @Kallias2, ако не се лажам сеуште се мачи со исхраната кај малата, може повеќе може да ти помогне.
     
    На Kallias2 и VeseliCka им се допаѓа ова.
  15. VeseliCka

    VeseliCka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Обавезно ќе ја сменам. Ќе пробам уште утре со кашички со адаптирано. Благодарам.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    77.710
    Пол:
    Женски
    И јас не живеам во Македонија и не ми препорачале омега. Дојдов во Македонија на гости и ја однесов малата на педијатар и веднаш ми препишаа омега. Не давам, ќе почекам да се вратам дома и да си ја прашам мојата докторка
     
    На Fatalnata, thelittle17 и Kallias2 им се допаѓа ова.
  17. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    3.994
    Да, јас имав проблем со не јадење со мојата ќеркичка ама јас почнав од полни 6 месеци со пробување вкусови, инаку е на ексклузивно доење. Не ја форсирав, секој ден нудев и таа секој ден затвараше уста, т.е ја запечатува и не отвара :)
    После 7 и пол месеци некако почна по малку 2-3 лажички да пробува едвај. Некогаш и по 2-3 денови воопшто не сакаше, само цице сака. Пробав и со blw методот ама повеќе ги гмечеше работите отколку што ставаше во уста. Некаде после 10, 11 месец отприлика почна да јаде по нешто, а највеќе по нашата храна посегнуваше. Сега е 12 и пол месеци и јаде од нашата што правам за нас и она тоа јаде, не блендирано, наутро каша овошна не јаде, и сечкам овошје и си зема сама и си јаде. Подобро е сега каде каде од почетокот.

    Е сега твојата е уште мала за да се нервираш оти не јаде. До 1 година млекото е прво основно и главно јадење на бебињата, останатото е дохрана. Штом цица не се секирај ама ич, се што треба зема од цице, да знаеш, јадела не јадела. Јас на мојата на 9 месеци и земаа крв од вена оти имаше некоја блесава Т 37.3-37.7,8 и многу кенкаше и ја носев на лекар и и направија крвна слика и крвта и беше супер, како за нејадач.
    Сега на 12 месеци пак и направив крвна слика, исто, супер и е се.
    Така да, не се секирај, имате уште време вие за да почне да јаде, па и да не јаде, цица, тоа е многу добро :)
     
    На VeseliCka и eta им се допаѓа ова.
  18. Iva Mitrevski

    Iva Mitrevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    7.242
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажаа од 8ми ден да давам д3+к1, во меѓувреме ми снема млеко и сме само на ад и ми ги сменија да сум давала д3 со омега пошто било на адаптирано, појма неам зашто, денес ќе дадам прв пат па ќе видиме како ќе поминеме
     
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.252
    Допаѓања:
    19.037
    K1 се содржи во формулата а го нема во мајчиното млеко
     
    На dromka, Iva Mitrevski и Bicka77 им се допаѓа ова.
  20. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Здраво бебе ми е 6 месеци требШе да прима вакцина на 12ти но крвната слика покажа леукоцити 12.6.
    Во консултација телефонски со докторката од Скопје ни кажа да одложиме. Матичната ми рече тогаш штом бебето изгледа добро и дишењето и грлото е ок, нормално било некогаш кај мало бебе да се качат тие вредности и да ја вакцинирам.
    Сепак не ја однесов на вакцина и повторивме КС денес, леукоцити 12.2.
    И земаа брис од нос и грло, но резултатите во понеделник. Имало некои ќесиња за мокрача да соберам ми кажаа за да испитат.
    Е сега бебе се однесува сосем нормално и весела си е, на дишењето докторката вели пак нема ништо и грлото и е ок. Сепак таа спомна да се даде антибиотик за да се симнале леукоцитите
    Имала ли некоја од вас вкво искуство? Ќе чекаме резулати па да видиме секако, но не знам од што би можело вака