Синко на 1 месец има напреднато 1.300 гр. педијатарот ми кажа кога ќе ги потрошам омега, да земам Д3 со омега, и плус овие Д3 со К1, дека бил поголем, па според килажата требало да прима повеќе Д3, дали и некој друг се соочил со ова? Дали да давам толку Д3, нели има препорачана дневна доза според возраст?
Убаво ти кажал, се зголемува дозата на Д витамин како што расне бебето. Нашиот ортопед препорачува 200ие на 1кг. На вас ви препишал 800ие, мислам во д3+омега има 400ие и во к1+д3 дека има уште 400ие. Еве моево прима 2000ие Д витамин на 10кг. Кога ќе наполни 3 месеци к1 се прекинува, па тогаш можеш да почнеш со Пливит или Вигантол и плус омега посебно. Ќе се консултираш со ортопедот кога ќе наполни 3 месеци.
И моето толку прима 800ие али ради што имаше испакнати ребра од едната страна само петок сабота и недела прима по 1200ие.
Lele ne znam rece se e vo red na 6 ipol mes go nosev 800 ie i ioga kje se stopli da namalam na 400 mi rece ....
Не знам да ти кажам дали мора да прими толкава доза. Ортопедот Антоније препорачува повисоки дози ама пак доктор мора да утврди која е вистинската доза за секое бебе. Еве пишав дека моето прима 2000ие ама тој се сомневаше дека му е малку, па не испрати да испитаме Д витамин во крвта. Си зависи од многу фактори, како се развива бебето, колку брзо напредува итн. Не се секирај, ако ортопедот е добар ќе знае која доза е потребна.
Леукоцитите се нормални нема зошто да одлагаат вакцина. И кој е тој лекар што дава антибиотик без симптоми и нормални леукоцити!??Направете нова крвна слика во приватниве лаб како Син Лаб, Авицена каде имаат референтни вредности за деца со точна возраст. Патем за дете од 6м до 17 се нормални леукоцитите.
Кога ќе се стопли да ама ако е изложено бебето на сонце што е реткост. И да е изложено, обично ги заштитуваме со капче, со крема и прашање е колку навистина примаат Д витамин од сонцето.
Ако си во двоумење направи му анализа за витамин Д и ќе видиш дали треба повеќе или не, секако ќе се консултираш со ортопедот.Али нормална дневна доза за бебиња е 800ие на ден во месеците што имаат Р
Не живеам во Скопје а и крвна слика на приватно правам и овде секако. Реф вредности така ги пишува. Не сакам да прима снтибиотик заради ова и посебно затоа што го следам бебето и гледам дека си е иста, весела. Не го знаев ова за реф вредности за бебе, телефонски контактирам со марина од ремедика таа само рече да појачам пробиотик и пак да повторам КС за 7 дена и да одложиме вакцина сега за сега
Леукоцитите се до 17 кај бебе како на ваша возраст и е нормално да се толку, не се покачени воопшто. Антибиотик на 6 месечно бебе без никаков симптом мене ми е не логично скроз, башка и доктор ти го кажува тоа Ништо да не даваш, следи си бебе, вакцината може да се одложи и да се прима друг месец, не се секирај. Здравјето е нај битно да знаеш.
Женички на синчето му е искривена главата од спиење се на една страна, 3 месеца сме пробав со тетри, крпички да му ја блокирам таа страна но тој пак си најде начин и си се наместе, цело време му ја менам и положбата го вртам но џабе, мн се грижам да не му остане така главчето, педијатарот вели дека ке се среде но јас сум во паника, дали некоја е имала ваков проблем дали стварно се средува со тек на време
Исто и моето бебе ја вртеше главата само на една страна и му беше сплескана. Ортопедот ми покажа вежба како да му ја вртам, па така правев. Полека полека почна да ја врти и на другата страна. Дали е од вежбата не знам иако не ја правев толку често или само по себе, ама ете почна да ја врти. Инаку скоро 5 месеци е.