Какви користиш ти? Јас одамна сакам да ги сменам Бејбитол, убедливо најлоша капсула што сум ја видела, страшно ме нервира што повеќе на прсти ми останува отколку во уста кај детето. Гледам кај нас нема некој избор за бебиња. Молерс пробала некоја?
Ништо страшно мало е уште ќе му се среди, и на моето му беше на ортопед Антоние ми рече 10тина пати дневно да му ја вртам на другата страна и да го држам 10сек така за да почне и сам да се врти но не придаде значење на тоа пошто мало уште не верував ама стварно почна сам, така да пробај така
Не ги сменив се уште затоа што некако ги "засака" ок му се овие Д3 со ДХА . Ама планирам сега од ДМ тие да ги земам ги видов само не ми текнува како се викаат. Не му се секирав толку многу затоа што во адаптираното секако има па и да останеше нешто не испиено пак во денот прима доволно ...
Ја прашав да, ми рече пола саат пред доење, и гледам 40 мин саат време, да не ми поврати, го држам високо. @Milkiway ми рече педијатарот кои сакам да ги земам, и ако сакам да ги сменам, ама јас веќе имам купено Бејбитол, да ги дотрошам и ќе сменам, само не знам кои, се мислев на Лео, со лавче нешто беше амбалажата. Иначе, таа тактика како тебе на сред доење не можам, зошто после тоа може одма да ми поврати, затоа и ми кажаа пола саат пред доење, и еве веќе 2-3 дена ми нема повратено после витаминиве.
Нив Др. Сајковски ги препорачува. Два пати сме биле кај него, два пати ни држи предавања колку биле подобри од Бејбитол. Па ни ги отвара и на компјутер и ни објаснува. Последниот пат искочи и негова слика, дека само тој ги рекламира, и на сите статии за Др.Лео тој е потпишан. Па ни се правди, еве случајно и моја слика тука искочи. Смешки
Јас живеам на место каде 365 дена е сончево, мј ги дадоја овие капки. Омега до сега ми немаат препорачано да пие, затоа овие и ги давам.
Оф сори, не нагласив дека за омега мислев. Д давам Вигантол на Мерк. Џејмисон како бренд ми се ок, ќе се распрашам. Фала
Не можам да сликнам, сама сум со бебе Со едната рака му го држите рамото, а со другата дланка ставена на цело лице на бебето ја вртите главата во спротивната страна, значи на страната на која што послабо ја врти главата. Секако додека е бебето легнато на грб. Не знам дали успеав да доловам и уште еднаш да напоменам дека вежбата е кажана од ортопед.
Бебуш само што влезе во 5 месец. Со забите почна да покажува знаци од 3ти. А неделава ептен се лигави и навечер е многу нервозен а на града се жали дури и ме гризна два пати. Денес гледам топол ми е измерив 36.8 , 36.9 температура. Има потечна столица еднаш зелена еднаш нормална. И не ми дава да му го видам мепцето горе. Некако го фатив и видов дека лево горе кај единиците изгледа доста луто и отечено. Можно ли е од тоа да се симптомите? Ќе избива ли запче наскоро?
Кажете што да се прави со црвено газе? Значи се пробав, перу балсам, судо крем, канестен со афлодерм, маст за подпарено, сменив и пелени, павловичева, јекодерм, веќе не знам што се не сменивме и само мало подобрување има, веќе и некои бабини лекови ќе барам, од што се нервирам, му го немам видено газето чисто месец дена мислам дека...
Ние сме 7 и со месеци му се такви и никако да избијат. Дури сега кога се смешка му се гледаат долните два. Може да му е од тоа што се спурува, оставај го без пелена малце види дали е и до тоа. Пробај и на Здраве крема со цинк.
Не, веќе 2 недели, како му се појави, го мијам со вода, или го бришам со памук и вода, кога како. И што се не пробав, уште не му е поминато.
@thelittle17 Задоволна сум од Веледа за пеленска регија. Ако земаш да пробаш од Здраве, во Детска козметика ја препорачуваа оваа, не обичната Тука ѕирни, уште еден крем со цинк од Бејбилав имаше ставено Биодевојка.
И ние имавме првиот место сличен проблем како вашиот, нас пликови ни се направија и почнаа да крварат, јас одма сменив пелени,исфрлив влажни и почнав да пробувам креми....пробавме се што се продава, на крај после два дена од мачкање со маст за потпарено одма видовме подобрување...штом смена пелени и не користиш влажни,ништо измивај, тапкај суво и мачкај, со нешто мора да се смири
Здраво мајки, ноќва се појави проблем кај синчето кое има 1 месец. Осетив грчење со носето уште пред да заспие. Не ми е чудно затоа што му се бери кога повраќа често и низ носе повраќа. Ноќта стана ептен како да де гуши, како да не можи да диши. Му влечев со аспираторот извлеков доста бела течност, претпоставувам млеко. Кога диши плитко е нормално, но ако подлабоко вдиши, тогаш се осеќа грчење, затнатост, па и како да губи здив на моменти така длабоко кога ќе вдиши, како да останува без воздух. Неколку пати со солени капки и аспиратор влечев, последно веќе немаше ништо, а состојбата остана иста. Се преплашив Ве молам дајте ми совет што можи да е ова, што да правам? Да го носам негде сега во недела нема ни каде освен во болница. Многу е мал а и ми е страв со короната да го влечкам по болници