Сега следно брис да земете сигурно има нешто па треба антибиотска крема оти како што читам овде во ниеден случај не сте пробале со антибиотик. Обично даваат комбинација антибиотска крема со канестен и така поминува во 99% од случаите.
Темно плава е малечка ја имаш во аптека и по маркетиве.Гледам и Оли ти ставила пробај и со таа и види.
Мамички синко е 4ипол месеци, хрчка од вчера не може да исфрли ништо. Мрсолчиња вадиме, се масираме. Што друго можам да правам да му олеснам?
Совет од педијатар а и на форумов прочитав, исечи кромид пред спиење во просторијата каде што спие бебето навечер.
Едини знак за вадење заб кај мојата беше немирно спиење ноќе да не речам неспиење, од бебе кое спиеше ги претвори ноќите во кошмар, еве уште трае ова иако излезе едно но мислам доаѓа и другото. Не ја ни приметив кога излегло, случајно при нејзина јака нервоза посегнав да ја намачкам со дентинокс и осетив гребење под прст, инаку нервозни бевме месец можеби два уназад, го извади на 6м и 1 недела
Како да му помогнам на малиот од 21h навака го мачи мешето, плаче, се грчи, па се исправа скроз, прди често? Го пратив сега мм по пробиотик, друго што можам да дадам?
Чајче од нане. И пробиотик. Топло на мешето. Масажа. Полесна храна денес и тоа е. Ако недајбоже нешто посериозно има на педикатар
Пробиотик му дадов накај 2h, па сврза 3 саати сон ама цивкаше во спиење и пак со плачење се разбуди. Фала ти
Чај Бекутан од анасон, раствори го со ладна вода (превриена)за да шеќерот спадне на дно, па истури го во гезве(без шекерот) и стопли го, и дај му го. Бидејќи има премногу шекер во него, стварно премногу што не е добро а на овој начин ќе му дадеш само чај без шекер.
Пробиотик имај си секогаш делува многу добро на мешето , јас давам Ваја а задоволна и од линекс сум . Можиш и секоа ден , можиш и по потреба да даваш. За чај немора да е Бекутан тоа е се само чај не толку многу шеќер содрже затоа и ги смирува децата Имаш на Хип филтер и инстант кесички и се предобри , Холе , Хумана ( за неа не сум сигурна дали содрже шеќер , ама и да содрже минимално е за разлика од бекутан) Давај му по малку 20-30мл се доволни млако соодветно топло чајче да му смире мешето , ако доиш исто и ти пиј си секоа ден и мирно меше да си имате
Давав пробиотик до 10ти месец и си реков ај голем е веќе, не му треба. Земавме ноќеска, па ќе му го дадам и ова шишенце. Чај не знам дали да купувам воопшто зашто освен вода и цицање не сака ништо друго. Ако не се смири ќе земам ама гледам доста подобар е, ноќеска беше за греота. Фала ви на сите