Не знам точно. Јас на пр имер камилица не би дала на бебе ама иммам дадено во чај од бекутан и се нафрла. Од тогаш воопшто не сум дал ачај.ама аако има ммака после 6 месеци би пробала со нане или анасон.
Одмивај му го газето после какање, и еднаш обавезно со хиперманган. Нашето газе од болница ѝ беше црвено, дури и ни се направија како црвени бубуљици и ја печеше на секое мочкање/какање, и плачеше кога ќе ја бришев на преслекување. Сѐ пробав, и здраве, и веледа, и павловичева... по првото миење со хиперманган и спласна, сега фала Богу повеќе од 3 недели не сме поцрвениле ич. Ама уште практикувам барем еднаш во денот да ја одмивам после какање, и ако малце се зацрвени ја одмивам со хиперманган па одма се смирува.
Не е баш обичен раствор. Има тема на форумов, прочитај си за тоа. Мислам дека треба да бидеш внимателна со хиперманганот
Искрено не би знаела да ти кажам, немам користено иако свекрва ми ми прати да сум имала. Јас од раѓање и ги користам марамиците на база на вода (Aqua pure - Pampers и Weleda) и не сум имала никаков проблем. Си пробала да свариш чај од камилица и со туферчиња да натопиш и така да ја бришеш?
Од такви влажни 99% вода, ми се напрси лом, и не можам да му го средам газето. Камилица немам пробано, ама ќе пробам и тоа, од креми се пробав, сега одиме на природни лекови да видиме колку ќе помогнат. Фала ти, иначе.
Јас и го поминувам со влажна и после одма под туш ја мијам. Пробај вака може че ти помогне и ако можеш голо газе оставај по малце во текот на денот.
Со обична вода почесто, а со хиперманган само еднаш во денот. Побарај веќе растворен во аптека и истури малку во водата да добие розова боја, и одмиј го. Толку. После си ставаш крем што го користиш и тоа е тоа. И точно дека треба да си внимателна, тоа значи да не го користиш постојано зошто ќе му ја исуши кожата.
Денов Нема веќе грчеви, мислам со пробиотикот се смири, нема гасови и какаше 2 пати ама гледам густо и лепливи некако, изгледа стварно мешето го измачи. Инаку, влезен е во 8ми скок порано дремките ги скрати на 30-40минути, па кај не сум спиена цела ноќ, ова ме дотепа. Исфрлен е со вруќаници или како и да се вика осипот од топло веројатно од термофорот ноќеска и бонус : почна горниот кец да грепка, другиот кец и двојките на повидок. За два дена на вакцина сме, па нека ми е со лесно неделава.
Овие мене повеќе ми личат како оние бубулици што викаат дека се појавуваат поради чистење од хормони. Пробај само со вода да ги поминуваш. Педијатарот ми препорача и веледа за лице а ми рече можно е дополнително да е и алергија на млечните производи што ги јадам. Се повлекоа за месец, месец и пол. Вруќиците кај моето беа како црвени пликови по главчето и вратот.
Нормална темп кај бебе е до 37.5. Супер си е 37. Колаво е бебче? Може да му се тие бубулички хормонски што се чисти..
Некој да не знае дали сега на педијатар кога би го однела на приватно Систина или Ремедика, ќе го прегледаат или мора закажување?