Ремедика ќе го прегледаат ама ќе мораш да почекаш ако има пациенти со термин. Кога ќе имаат слободно време 5-10минути измеѓу термин ќе ве примаат, а зависи и колку е итно. Ако ти е за ова осипот, ми личат на чистење од твоите хормони.
Да, ама денес тек му е излезен, му немам приметено до сега. И плус ТТ цело време различно ми дава те 37 па 37 со 2, па 36 со 8-9 итоа на 5 мин разлика, му мерам под мишка.
Не е тоа покачена температура, и јас еднаш така се исплашив кога му беше 37.5. Расоблечи го и ќе видиш дека нема да отиде над 37. Ако сепак мислиш дека има нешто однеси го.
Ќе почекате ама да. Во Ремедика еден педијатар прегледува болни, Искра од Козле и секогаш има термини, така да јави се за ист ден ќе ти закажат и тогаш нема да чекаш многу
Не беше мн облечен, ама во соба ми беше 26 степени, пуштив и фен демек да се смири, и го претоплив изгледа, пекол беше, ша луфтирав и нс кратки го оставив, ќе видиме до после ќе мерам. Да не знае некој колку мин да мерам ректално тт? Колку време да држам де.
Моето бебе од раѓање има ректална температура мерена во газето 37.3 до кај 37.4 јас си мерев мене ректалната температура ми е 37.1, дали имам причина за паника да не има некоја инфекција или нешто не знам во болница му земаа крв му правеа тестови ништо не ми рекоа, бебето има 5 месеци, температурата мерена ректално покажува повисоки вредности за разлика од под рака но сепак... искуства
Ректалната температура е секогаш повисока од аксиларно мерење. И ректална 37.4 е нормална температура .
Топло му било нема тт, над 38 кај бебе се смета за покачена. А иначе не мора да пушташ фен во соба да ти дува, има на YouTube бели звуци (фен, провосмукалка, аспиратор, вентилатор) и пуштај му од телефон, јас така правам, по цел ден брчи телефонот дома.
Да, ама јас секогаш си праам филмови, и осипот си го поврзав со тт, дека е мн мало ми е страв ептен. Се нешто топол ми е, а мерев и ректално и под рака, 36 со 8/9 имаше. Не знам како ќе заспијам вечерва, ќе бидам на штрек да му мерам..
Да не беше на мерак, еве не и нас ги имаме уште од втора недела бубуљиците, и не се секирај, освен што се за изглед незгодни нема други грижи. Точно е, се чистат од хормоните, и може до 2-3 месец да се присутни. Најверојатно од окситоцинот од провокациите. Кај нас имаше и околу градите и на гениталии горе благ осип. Главно, не се страшни и не се вруќници
Тек денес му се појавија затоа ми беше и чудно, има и кај градите, позади на тилчето, и кај вратот, се исплашив и со ова тт, изгледа сум го прегреала денеска, и сеа цела ноќ ќе висам над него да мерам тт. Вие спиете навечер, како е?
Па не сум за жалење со спиењево, само 3 пати по саат-саат и пол се буди. Ама немаш потреба да висиш со таа тт, не си прави да ти е потешко. Ако е така, што ќе правиш кога ќе примате вакцини? Опушти се малце, повеќето работи што се случуваат со бебето се најнормални, диши малце, ќе се швркнеш вака
@thelittle17 Што му облекуваш на 26 степени? Еве ти две табели за ориентација колку треба да е облечено на одредена температура внатре и надвор. На 26 степени само по боди со куси треба да е.
Топло е 26 степени, сега ми е по боди на кратки само, а иначе само плус боди на долги или блузиче облакав, и панталончиња со ногабички, а некогаш и само боди на долги и панталончиња.