Пониска треба да е температурата за да е со боди со куси и плус боди на долги и панталони со ногавици, околу 21 степен. Над 22-23 босо без чорапи и без ногавици. Ако е ладно во ноџињата, не му е ладно. Ќе проверуваш кај вратчето и на градите дали е топло-ладно и според тоа ќе знаеш дали му студи.
Претопло му е на грбчето и главата, и така се зафркнав јас вчера, ама денес ете го по кратки, така и си спиеше. Јас викам да не го настинам детево, ама супер си спиеше, покриен со едно тенко летно ќебенце ноќеска беше.
Ладно не му е, а на пониска температура и поубаво ќе спие. Табеливе се добри за да имаш некоја претстава што и како, како насока. Не е убаво да се претоплува, особено машки деца. Од страв да не му е студено, бидејќи сите со тоа се соочуваме кога е прво дете во прашање, обично ги наоблекуваме и тие се претоплени.
Фала ти Оли, тука да не е форумов ќе побеснам, свркрва ми како што не се разбира џабе ми е дома, немам фајде, а јас паничарка за сите пари сум. Туку уште нешто, дали на лиценцето да му ставам сега од Веледа кремата за лице што е, дали ќе му ги подсмири тие бубуличките? Ме нервираат не можам да му ги гледам такви. @justwoman и јас така му давам, по препорака од педијатар, според тежината ми дозираше, сакам сега да ги сменам Бејбитол, и ќе земам на Др.Лео. Уште е малечок мојов, тек месец ипол.
Кај моево бебе таа крема ги потсмири малце ама искрено поубав резултат видов со вода. После некое време ставав и уриаж ама тоа веќе при крајот. И мене ме нервираа, сакав што побрзо да исчезнат ама не можеме да ја забрзаме природата. Ќе поминат. Бебево мислам дека неполни 2 месеци ги имаше, сега лицето и е скроз чисто.
Само со вода ја миеше? Ги нема само на лице моево, и на вратчето, на тилот, и на градите. Каква е таа крема на Уриаж?
Абе јас ја ставам од Веледа и не гледам некаков резултат, а имаме повеќе бубуљици, на почетокот беа малце.. кога спие и после капење не и се изразени, ама а ја фатат грчеви или напнува за да кака, мислам дека на цело лице и се... има мицеларна на мустела, се мислам да и ја земам...
Дај слика од таа нс Мустела, ако не ти е тешко. Туку, само на лицето имаат кај вас или и по телцето? @Bicka77
Моево имаше само на лицето-обравчињата и слепоочницата. Инаку читав дека не се ограничени само на главчето.
Третирај со влажен туфер, намалете на бацки, тато со брада никако, свеки не слушај и додека се свестиш ќе ги снема. А сега на почеток очекувај и нови.
За бубуличките дамо еозин. На гази ќе, ставаш, минеш, благо притискаш и фрлаш Газа. За ново бубулче иста процедура.
На секое бубуличе вака да правам? Премногу ги има... иначе имам дома еозин, црвената течност е тоа, баш ќе ставсм после.
тоа е. Ова ми е совет од педијатар. Работа е што тоа што допира до бубулчето, да не допре друго, да не го шири.
Има и на вратчето, раменцата, околу пупките на градите и на гениталии горе. Ваљда ќе поминат за брзо.
И кај малавамимаше и јас и ги мачкав со еозин после тоа и го чистев лицето со вода па ја мачкав со јекодерм и еве сега и се изгубија
@thelittle17 ќе се самоцитирам, баш на Бицка и имам пишувано. Еозинот кај мојот ништо не направи, само вода.