Кај тебе се исчистиле до 40 дена, кај нас тек се појавија, и на лицето мачкаше? Кај нас не помага исто, ќе почнсм само со вода и газа да поминувам. Се надевам брзо ќе поминат.
Мојот имаше на цело лице и малку на вратчето. Мачкав секаде. Еозинот ги сушеше, но не поминуваа и престанав. Кога почнав само со вода се намалија и се исчисти целосно. Ќе биде и кај твоето, само трпение, не поминуваат наеднаш.
И кај нас на синчето му се појавија прво на обравчињата, па после почнаа да се шират, накај очињата, накај слепоочница, накај главчето, на брадата и последнот на вратчето и градите. На почетокот кога се појавија педијатарот ни рече торбекс маст да мачкам дека образи се и се блиску до очна регија, дека се трла со рачињата, мачкав 5 дена, фајде никакво, и после почнав со вода да му го пребришубам лицето и да си го мачкам со биодерма млекото за тело што му го користам, и се подсмирија. Мислам дека треба време, сами по себе ќе се смират, се чисти бебе. Во понеделникот кога бевме на контрола, педијатарот за тие на вратот и градите ми рече дека му се вруќици и не му ги третирам никако.
@thelittle17 еве ја мицеларната, моментално е на попуст. Исто земав кремче помрсно за лице Mustela-stelatopia. Ќе видиме. Мислам дека сега сѐ буквално имам на Мустела
здраво девојчиња имам едно прашање имам бебе 3 месеци скоро пред некој ден откако ја избањав приметив дека едното уво и мириса чудно буквално пробав само со вода да ја бањам исто мириса ја бришев со влажни пак исто знам дека не е убаво со чепкалки за уши ,незнам што да правам а со прст кога ја пипкам има како закоравено ,значи само кога ке и се натопи мириса вака не дур не се приближиш
Со чепкалки можеш со бебешките земи до кај што дозволува не премногу длабоко. Уште во болница ми покажаа како со чепкалки од прв ден терам со нив
Веќе очајна сум, уште не е поминато црвенилото и раничките на газето, и како малце крв да има, сегс ми дадоа маст белогент да мачкам, се живо пробавме, веќе не знам што да се направи, на некој добар кожен доктор да го однесам, да предложите.
Јас овде за мене одам кога имам проблем. "Дерма естетик" https://zk.mk/derma-estetik Дали си пробала секој ден да го бањаш/проаѓаш со вода. Па тогаш на чисто да мачкаш тоа што ти препорачале.
Овде може и за бебиња? Секое пресоблекубање го мијам, или го бришам со ватички натопени во вода, не бришам со влажни никако, го оставам малце така гол, па тогаш ставам креми и памперс. Искрено веќе се нервирам дека не поминува, на се што пробав до сега! Уштр кожен др да посетам ми остана, и не знам што после ако не помине....
@thelittle17 Месец дена беше керка ми скоро со рани на газето ништо не и помогна а 10 креми пробав Од кога исфрлив влажни, и сменив памперс и не мачкав никаква крема само и се исчисти за 3 дена
Влажни секако не користам, ајде ќе пробам и така да не мачкам ништо три дена, зошто веќе се пробав, и секој пат се нервирам се повеќе и повеќе. Кој памперс и направи иритации и со кој го смени?
@thelittle17 Ако е многу лошо консултирај педијатар дали да ставаш мешавина од канестен,афлодерм и герамицин. Само од себе бар кај мојов никад не поминало. Само се влошувало. Викаш дека има и крв, може премногу да го пече. За не толку влошен пеленски осип ми помага мустела 123 и судокрем.
Да го пече, и плаче кога го пресоблакам, мачкав и судокрем не помага. На почеток мачкав канестен со афлодерм, сега канестен со белогент ми дадоа, и до вторник така, после не знам... бевме на педијатар секако, само со негова препорака ставаме креми кортико, на своја рака не би ништо. (Крема со перу балсам, судокрем, цинк, павловичева, веледа за пеленска регија, бекутан за пеленска регија, кантарион, бетадин, маст за потпарено, хиперманган течност за миење, канестен, афлодерм, белогент) се ова ми е пробано.
Оф знам. Мојов и од вода плачел кога сум го миела така воспален. Луфтирај газе колку можеш повеќе. Би требало да помогне комбинацијава.
кај нас се појави кај двете бебенца истовремено дури како изгорено, не помагаше ништо па матичната ми напиша рецепт да ми направат маст во аптека, за два дена се исчезна