моите две така ја држеа главата, правев вежби и ги вртрв на другата страна сега сме 3++ и сами ја вртат на двете страни
Сакам да прашам дали нс вакво време и ставате капички на бебенцата син ми е 6м ама не ставам бидејки и без неа премногу се поти.. Ама ми викат ќе му изгоре главчето од сонцето вие ставате ли се потат ли инаку му облекувам боди на кратки тенка маичка на долги надоле тенки панталони дали е многу и дали мислите дека треба капичка
Да, ако е директно на сонце како денес обавезно шеширче, со дупчиња да "дише" главчето. Не те сфатив, горе е на боди по кратки, а доле тенки тренерчиња? Ако е така спотед мене е таман за надвор, а и сама ќе приметиш дали ќе се испоти така, зошто е сепак многу топло деновиве. Јас да прашам, дека денес имаше и малце ветер, им ставате ли капи што им ги покриваат ушињата? Од тоа ветерот највеќе ми е страв да не го фатат ушињата, или си правам филмови?
Ако е како денес вака топло, само боди на кратки, ништо не ти треба друго, ориентирај се според тебе, моето е многу помало па јас така го облакам, нема шанси да е натунтан со облека, одма се нервира и се црвенее.
моите две така ја држеа главата, правев вежби и ги вртрв на другата страна сега сме 3++ и сами ја вртат на двете страни Какви вежби правевте?
Детево падна во боцки денес надвор На рачињата има црвени точки, сигурно се од боцките. Но на мисла ми е да не треба да го намачкам нешто,да не е како алергиска реакција?
Сигурно му е од боцнатото, алергиска реакција моето имаше на трева вчера и тоа играчката му падна во трева ја исплакнав со вода али џабе цело лице како флека му се направи црвена кај што се имаше допрено среќа брзо се повлече.
Мамички да ве прашам малиов два дена е веке нафрлан незнам од што може да биде нова намирница не внесивме, а ги извади и другите кецови првите со тт ги вадеше. Можно е да имал тт, а да не сум го сетила? И нема по цело тело само напред кај мешето
Вруќаници, и син ми имаше на стомаче, вратче, и образи, со Еуцерин му се средија за 2 дена. Ама пак се појавуваат чим му е мн топло.
@Milkiway исто спиеме само на меше. А и многу тенко го облекувам.. А и 9м сме си мислев само додека се мали можат да се претоплат. Фала ви многу
Malata koga imase okolu 3meseci taka ja drzese glavata se na edna strana, so tek na vreme sama ja ispravi, jas samo i pomognav so toa sto koga mi bese vo race ja drzev pravo na srese na stomak a ne na strana so edna raka
Температура од заби? Читав дека тепературата всушност е од вирус кој може да се појави во тој период бидејќи организмот е ослабнат поради вадењето на заби? Малата вчера качи тт, денес гледам забче горе излегло. Цел ден немаше сега пред спиење пак се вжешти. Ако е од забите колку време да очекувам вака. Бев сабајлево на педијатар, ја прегледа во ред е, уствари ништо не ми кажа освен да не и давам сируп до 38,5 и да ја туширам.
Како да му олеснам на бебе 7месеци, многу затнато носе, не кашла, нема ништо на гради, доктор вели само пумпица и низита спреј и бекутан морска. Не помага чњкам 8часот да се јавам. Буквално не може да диши, се измачи цела ноќ.