Не вади одма со пумпица пробај само капки или спреј да ставиш, ако не кивне и ако не ги исфрли тогаш пумпица, зошто со пумпицата ако често ја употребуваш може уште толку секрет да се прави зошто надразнето ќе биде внатре.
Не мора лупен само пресечи на пола стави блиску до креветчето кај мене пола метро имам наткасна таму ставив. Сабајлето не хрчеше му се отпуши носот
Сестра ми денес го шеташе синко преку ден, била настрешницата отворена цело време ама на рачињата е црвен. Добар е, спиеше, јадеше. Го намачкав со хидратантна крема. Раположен е, не е многу црвен ама загришена сум ептен да не му биде нешто. Ова беше сабајлето, сега е добар...
Бебе 3 - 4 дена со температура, сега ја гледам со црвени точки по цело тело, дали од температуратата, сега веќе не качува. Дали да чекам до утре на педијатар или вечер на одделение да ја видат?
А во овие 3-4 дена консултираше доктор? Има вирус само со тт 3 дена а после се појавува осип по телото кој не треба со ништо да се третира. Моето се разболе така на 11м
Да бевме во вторникот на педијатар, ја преслуша, рече вирусна е тт. Се слушнав сега со др. така и ми рече, не треба ништо за осипот.
Те прочитав погоре и ние запчината први ги вадевме со тт која траеше 3дена..поради пад на имунитетот што се бори со вадење на запчината доаѓа многу лесно до вирус.. Нормално е што се нафрлал.. Кога ќе ја снема тт послем еден ден претежно излегуват тие црвени точки по телото.. Ќе траат 3-4дена и ќе се изгубат сами немаш потреба од педијатар,требало да те извести дека се јавува таква реакција..
Има ли некоја мајка што давала сидерал со вит. Ц капки на бебе помало од 6 месеци? Бебе за 3 дена ќе праи 4 месеци, педијатарот ни препиша вит ц капки, во аптека ми рекоа вит.Ц бил за над 6 месеци?
Сидерал е за железо така? Мора вит ц за да се врзе инаку џабе сидералот го пие На доење е или ад? Анемија има?
Не ме сфаќај погрешно знаењево ми е лаичко. Има други знаци на анемија? Толку е мал процентот на бебиња што се на мајчино да развијат анемија. Кога го носев пред вакцина на кс исто му испадна низок и таму ми рекоа ако недоволно земале крв искача низок па пак го боцнаа. Сега ти си го гледаш бебето најдобро си го знаеш земи ги препаратитњ ама би ти предложила да повториш кс ако не си