Кај нас побрзо се покачи од исхрана отколку со сирупи. Мало е сеуште твоето за многу намирници, но зголеми просо и кајсија, јаболко и брокула заради ц витамин и претпоставувам кај и да е ќе воведеш телешко месо. Штом доиш пиј ц витамин од 1000 и исхрана богата со железо, црвена храна и тоа ќе помогне. Сите викаат дека не се пренесува преку млекото ама јас имав различно искуство.
Ви благодарам многу на одвоеното време и одговори. Си имам уште една мака,прво дете и многу прашања Бевме на 2ро ехо за колкчиња сега на полни 6 месеци,но јадра сеуште не се појавени,ни рекоа дека нема место за паника но јас не сум мирна,рекоа широк повој и контрола за 2 месеци. Но јас ставав до 4ипол месеци и стопли па го извадовме дали да ставам повој,некој со вакво искуство?
Наусолвит јуниор капките за кока возраст се? Упатството не можам да го најдам. И бебе почна да повраќа, оф
Не сме имале ваков проблем, но моја блиска имаше и ќе те советувам да одиш кај друг ортопед изгуглај има многу добри приватни па ќе слушнеш повеќе мислења и совети..
Има електролити и од хип, во шишенце како сокчето со вкус на јаболко се Едит: сега прочитав дека се препорачуваат кај деца поголеми од 4 месеци. Но консултирај педијатар, за многу лекови пишува над 2 год па ги даваме и на година.
Малата преска ми поврати портокалово. Се посомневав дека големата нешто и ставила во уста ама нема шанси оти кога си дојде од градинка ништо немаше во раце. 3 и пол месеци е и пие ад. Од што може да е така?
Или вирус стомачен од градинка и донела сега има вирус или труење некое со храна ама штом е на доење не би требало. Најдобро одма да ја однесеш на лекар
Повеќе беше како бљуцкање. После пак бљуцна и си беше најнормално. Сега ми тегна дека пиеше легофер суруп а тој е темно портокалов, најверојатно е од него.
Здраво, Моето бебе има 2 месеци, денес бевме на редовна контрола кај педијатар и малце испаничено ни кажа дека капачето на главчето каде што дишел мозокот е скоро цело затворено останал уште мал дел незацврстен. 2 месеци било мал период за целосно да се зацврсти и може да има проблеми со развивањето на мозочето. Дали некој се соочил со ваква ситуација, дали да бараме второ мислење.. Секој одговор е добредојден многу сме испаничени. Пријатна вечер