Можам да замислам како ви е, но обавезно второ мислење. Мозокот колку што не знам не дише, па мислам дека може и џабе ве исплашиле. Идете прво кај добар ортопед, па тој ќе ве насочи. Од тоа што читав на интернет не би требало да има проблем и може да покажува кон проблем со тироидната жлезда, што е сосема решливо. Со среќа.
Дефинитивно ке одиме на второ мислење, а по се изгледа ке го менуваме и матичниот ај што не извади од памет дека мозочето немало да се развиват па уште кога побаравме да ни закажи прва контрола кај ортопед ни рече дека е многу рано ке сме виделе во 3ти 4ти месец.
И јас читав на нет дека може и порано да се затворат фонтанелите, ги има неколку на главчето, ама оваа е поголема, колку Д3 витамин даваш? И обавезно второ мислење, и на ортопед ако можете приватно, тоа и без упат оди, државниве ортопеди се крш, јас така се зафркнав.. со лесно и сигурно се си е во ред.
Здраво ние имавме сличен проблем. На 2 месеца матичниот педијатар ни рече дека и е затворена фонтанелата и да престанам да давам Д3. Е сега педијатарот осети само на допир и ни рече дека е скроз затворена, дека тоа е тоа и да ја следиме. Јас нормално се испаничив и се јавив кај др. Антоније. Човекот не прими другиот ден во 06:30 сабајле, ни направи ехо на главчето и ни рече дека само уште 2мм и отворена фонтанелата, меѓутоа дека нема простор за паника бидејќи кај 80% од децата ова се случува. Еве сме скоро 7месеци и сеуште не и е затворена, само секој месец и го мериме главчето дали расте. Д3 од старт давам минимална доза и не и го прекинав, само испитавме во Козле за да видиме дали треба да се зголеми дозата или да остане иста. Витамин Д не ја затвора фонтанелата. Барај си второ мислење и направете ехо, во 21 век они на допир осеќаат. Следи си го детето како ти се развива и не се секирај.
Побарајте и второ мислење. Чисто да си бидеш спремна, на блиски пријатели на малото исто се затворило порано од што треба и мораа да го оперираат.
И за моето бебе на контролата на 2 месеци ми рекоа премногу е затворена. Јас се испаничив и отидов на второ мислење во Плодност, таму ми рекоа дека вистина е позатворена од што треба, но не е страшно треба само да се следи секој месец дали расте главчето. На наредни контроли главчето си растеше ко што се очекува, еве ја сега е 9 месеци супер си е. А никој не ми спомна да намалам д3, таа си пиеше и тогаш и сега по една капсула бејбитол. Без грижи, ќе се следи, ќе биде во ред.
Обичен алкохолен разреден со вода. Ама колку што читам не се препорачува и јас така почнав, сега а разладувам со млаки крпи. Како е, висока ли температура качува? И на колку часа качува? Кај нас е баш страшно до 39.6, сирупот за 2ч и ја спушта а веќе на 3тиот качува пак.
Сабајле 38.8, дадов сируп и симна до 37.5, за еден саат пак 38. Разладував, масирав, дочекавме 4 саати да поминат и пак сируп. Еве го 39.2 Ќе го носам сега на доктор почнав да паничам. Освен да го истуширам после, што можам друго? Тоа со сенф, компири како се прави? Вирус е кај вас? Јас од корона се плашам да не е.
Јас знам вински дека се става. Разреден 50-50 со вода. И не се става кога се ладни стапалата зошто тогаш качува тт. И моето е со вирус,но најмногу имаше 38.3. Корона не дава висока тт,не паничи. Мојот крена тт до 39 на 11м, кога имаше вирус со 3 дена тт па после осип.
Од градинка е сигурно, нема шанса да е корона. Исти бевме 3 дена во градинка по 2часа и веднаш се разболе. Ако има само температура, не му тече носе, не кашла најверојатно е розеола вирусот, кој може да направи и осип после 2-3 дена. Ништо страшно, туш со млака вода, кај нас се покажа Блокмакс поефикасен отколку Ефералган. И тоа е мора да издржиме