И јас скоро дознав дека имало во Филип втири во Битола ортопед,да во Плоднист ама тој само снима не е ортопед,вие задоволни сте од Плодност?
Дури сум на темава да прашам и јас. Бебе на едното око веќе 2 дена му се прави како жолто, лепливо и се затвара окото. Му го чистам цело време со вода, но повторно се прави. Што да правам, да го носам на педијатар?
Здраво колку е старо бебето,мислам може и со камилица да го одмиваш со газа или ако доиш капни му од млекцето нема гајле мајчиното млеко,знам порано постарите ако имаше некоја доилка и ке му измолзеше некоја напка капнуваа во очите доколку имаа проблем мн е лековито и тоа ми останало во секаванје и на моето му капнував јас. Поздрав
Пробај мајка и со млекце и со камилица ништо не губиш,свари чај од камилица и со газа чисти му го окцето неколку пати на ден,ке му помини без гајле мајка
Масажа на очниот канал, со малиот прст најубаво ќе ти фати, и измивај со камилица со стетилна газа, направија ја разредена камилицата, нека се олади убаво, и ќе чистиш од внатре према надвор, барем по 3 пати на ден
Ни млеко, ни камилица во очи не се става. Мајчино млеко може да стане добра подлога за да се намножат бактерии, а камилицата дополнително создава иритации. Немој, оди на лекар, ќе ти даде капки за окото.
Kakata na bebe bese malce ko ligava,boja ok ama koa ja izbrisav ko ligava tekstura...mi se iskaka na sred presobkakanje pa primetiv
Исто имаше и мојата пред некој период така ,а баш на нет читав дека не секогаш се става мајчино млеко и чај камилица.ја однесов кај педијатар и ми кажаа подобро што не сум ставила.Ни дадоа капки едни и за два дена окцето беше одлично.Така да подобро што си закажала.
Синчето од болница го земав со инфекција на двете очиња, му ставав торбекс капки, заедно со мајчино млеко и го измивав со камилица, не зборам на памет, и најмногу му помогна камилицата, за три дена дете очињата ги отвори, а за мајчино млеко бил кој педијатар да прашаш, ќе ти рече да ставаш дали во око, дали во нос. Сепак ова е мое искуство, а за тоа дека се прават инфекции од мајчино млеко и камиица,прв пат слушам.
Оф, бебе 10 месеци од седење на кревет се фрли на напред и со чело дирек во маса заоблена е но со стакло од горе и ќошот од стаклото в чело.. му се познаваше ко линија, после тоа линијата се направи црвена и му потече. Многу плачеше, но бргу се смири, ја следев саат и пол сега спие. Утре сабајле секако сме на лекар, само и тука да си прашам, оти животот ми се скрати, се осеќам како лоша мајка што во дел од секунда се свртив да земам нешто и не успеав да изреагирам.
Ти ставај си, знам дека порано ставале, ама одамна е докажано дека не треба. Уште за првото дете пред десет години ми беше кажано ова, од лекари. Кажано и потврдено, пиши и на интернет, истото ќе излезе. Камилицата е силен алерген, белја може да направиш, плус самата течност има ситни влакненца кои создаваат дополнителна иритација и црвенило во окот, а млекото со шеќерите е идеална подлога за развој на бактерии. Искрено, не ми се ризикува со бабини деветини да лекувам дете, кога веќе медицината има начин.
Инфекција земи со стерилна газа физиолошки раствор и избриши во еден потег од крајната страна на окото према носот. Не лево десно само нежно од надвор према внатре
Утрово бебуш си го удри главчето од страницата на количката, не беше силен удар, повеќе беше посилен допир, ама тој дел е железо обложен со материјал, а бебуш е мал, 2 ипол месеци само и малку се исплашивме со сопругот. Не заплака воопшто, после тоа се однесуваше нормално и заспа за брзо, му беше време за спиење. Го разбудивме неколку пати, ама пак си презаспиваше и се разбуди сам после некој пола саат, си беше насмеан и весел, дома си се однесуваше нормално, сега си спие пак. Нема ни црвенко, ниту реакција имаше некаква кога го допиравме. Какви знаци и реакции да следам, за ако треба да го носам на лекар?