Ништо нема мајка не се секирај и мојава цело време се мава во нешто, ако не плаче и ако си е весела немаш потреба да се грижиш.
Бебе има 1 месец, од почеток за се користам производите на мустела. До сега немаше никаква реакција. Од пред 2дена на газето има црвени точки. После секое какање го пресоблекувам одма и го мијам. Не користам влажни марамчиња, навечер бришам со памук и вода. Предлог со што да мачкам да се исчисти и кој крем да користиме за понатаму?
Лелеее, ваков проблем имав месец ипол, ништо не ни помогна, стигнав и до природни состојки веќе. На крај на Еуцерин aquaphore, многу ни помогна и на babylove крема за пеленски осип, пробај ги, во нив има цинк, пантенол, глицерин, ланолин.
Мајки хелп, прв ден на море и место дерматитот да се повлече цел на меше и грбче ми се исфрли. Идеја од што? Можно е од топлото? Вака не се чеша ама на мисла ми е да не е алергија а матичнава уште не ми одговорила
Откако се исчисти окото, морам да ти се заблагодарам за советот, да не ставам ништо. Одевме 3дена со ред, му го чистеа тие, а јас дома само со вода. Спомнав за млеко или камилица ми кажаа никако можело да настане голема инфекција.
Здраво малата ми е скоро 8месеци пред еден месец хемоглобинот и беше 92 и ни дадоа сируп легофер(не го прифакаше го повракаше и го давав во кашичките овошни да не го осеќа) и појачавме во исхраната веќе 3недели воведов телешко,жолчка,леќа,цвекло во кашичка по малку,но еве денес по еден месец хемоглобинот и е 86 дали е можно да се намалува,размислувам да земам малтофер капки читам позитивни искуства. Како вие го покачивте вие хемоглобинот?
Од топлото, а може и реакција од кремот за сончање под дејство на сончевите зраци. Ако е првото, ќе се повлече само, ако е второто, алергија е најверојатно, за тоа матичната ќе ја консултираш. Мило ми е што помина. А за пелените, те читав погоре, може ос топлото да му е, се спурува кожата. Оставај го без пелена по малку, и крем со цинк обавезно.
А пазиш да не даваш млечни производи 2 саати пред и после капките? Ц витамин внесува? Можеш и семе од коприва да даваш, кајсии, просо, грозје (белото мислам подобро е), брокули и зголеми го телешкото, јас на таа возраст давав 4-5 пати неделно.
Давам Ц вит еднаш во денот ми рече маточниот.Да саат до саат ипол после сирупот да не цица,кога давам немлечни кашички пред нив давав сируп за да ја држи обично од ко ке стани го давав,оти заспива со цицање,давам и јас телешко 4,5 пати неделно и жолчка 2,3 пати и други намирници што содржат железо,ке сменам и лабараторија наредниот пат и порачав капки малтофер се надевам ке има подобрување
Да, не е лошо и во друга лабораторија да се повтори. Кај мојот се подобри со исхрана, капките не помогнаа ама тие малтофер ги фалат.
На педијатар да види дали кашлицата е од селрет што се слева во грлото од носот или има спуштено на бели дробови. На слепо за толку мало бебе ништо не се прави
Preska bevme na pedijatar,cisto e nA gradi Toa e od sto se sleva sekret Dr rece da pocekame ama mene ne mi se mn ceka,mn kashla
Можеш да ставаш спреј аква марис и да вадиш со пумпица да не оди толку секрет накај грло. Побрзо нека минува.
Ti blagodaram Bash toa go pravam no ne e dovolno,zatoa sakav nekoe iskustvo No utre pak ke vidam so pedijatar,mora nesto da prevzemam Moze ke predlozi inhalacija,poshto ne znam dali bi imalo neshto za tolku malo
Бебуш има 2 месеци. Прес неколку дена му се појави ова на рамото. Ми личи на мозолка, но не сум сигурна дека е тоа. Гледам дека нема болки, бебе си е најнормално, весело, расположено. Некој со слично искуство?