Малово ми е 7 месеци и четврти ден со висока температура поради високо црп, пие алмацин, брисеви чисти. Докторката вика и до 5-6 дена може да трае температурата, ви се случило ли така? Плус давам далерон ама некогаш после три саати пак ми качува. Туширање мислам па и повеќе му качува.
Срцка туширање со ептен млака вода и не топи го главчето никако.. Сецкан компир во чорапи исто беше и кај мене 3 дена со ширупче не верувам во тоа што останало од порано па се противев ама кога видов дека не симнува ставив компир за саат време симна и веќе не качи..
Го туширав со млака вода, ама одма пак ми креваше. Кажи ми компирот директно на нозе па чорапчиња облекуваш? Ќе пробам следно тоа
И кај нас не помага туширање, одма после тоа качува ама купува време до следната доза сируп. Соблечи го на пелена, лади со алкохол, ставај облоги, температурата во собата да биде пријатна. Пробај со Блокмакс сируп комбинирано со далерон на 4 саати, значи еднаш блокмакс, по 4 саати далерон, по 4 пак блокмакс итн. И сила и трпение.
Здраво девојки, што правите за превртувањето додека спие ( на бебето) Нашето две вечери под ред го наоѓам на стомах превртен, а не знае да се врати назад и не знае да ја сврти главата на страна, па страв ми е дека ќе се угуши
Ќе мораш ти дда го вртиш, и преку ден вежбај го да ја врти главата кога е на меше. Прво главата нека научи да ја врти лево десно, а понатака и телото али секако нервоза и плачки ќе има зошто нема да може само да се заврти додека да научи самото.
Се надевам подобро е.. Касно гледам инаку компир на мали парчиња и во чорапчиња кратки и тенки на стапалата кај мене помогна многу
Помина да, изрендан компир ставив, за саат време му ја намали температурата. За друг пат бар ќе знам... иначе вински оцет му ја качи и до 40,читав и кај други се случило да кренат повисока тт од оцетот.
Ако си ставила на ладни нозе, да. И кај нас не помогна оцетот, си продолжи да си качува, стигна до 40.5 и летавме на клиника. Ниеден бабински совет ми нема помогнато, ова со компирите ќе го памтам, се надевам нема да ми треба.
Бебето ми има 1 месец, по природа е голем плачко, кога не му е погодено нешто дури помодрува од плачење, се зајдува и губи воздух. Денес при едно такво плачење после тоа гласот му стана зарипнат и на моменти кога плачеше ко "кучешки глас" да имаше. Се изначитав де вирусни де бактериски причинители..... Има ли место за паника, да му ѕвонам ли утре на педијатарот или ова е нормално и ќе помине?
Ako ladies so alkohol mora da e razreden,1 del alkohol,dva dela voda.Ke probas na mala povrshina za da vidis da ne e alergichno na alkohol I da se isfrla. Isto I so vinski ocet.Porano imase rektalni cepcinja za temperatura.
Разредувам 50:50 во длабок сад, ги мокрам рацете и го масирам. Тетра сечам на помали парчиња, ги накиснувам и ставам под пазуви, на вратчето, секаде каде што врие. Најчесто од нозете нагоре почнува да се лади. Само немој да го ладиш додека му се ладни рацете и стапалата зашто во тој момент качува температура и му е ладно.
Оцет се става на топли ноџиња, не на ладни. Ако се ладни нозете и рацете при температура, значи дека уште ќе качува, штом се стоплуваат, ќе стагнира.