38 . Кенкав од забите долу вејќе коа му дадов одма заспа и еве го само што е зарипан со гласот и ладен е
Мајки бебќе ми е скоро 2 месеци, носето му е затнато и ставаме солени капки и тргаме со пумпа, излегуваат бели прозирни мрсулчина. Дали е нормално тоа се чисти сеуште?
Како е малото? 38 не е за блокмакс, да знаеш за понатака здравје. На таа тт само парацетамол. Се надевам дека не спуштил многу. Ако не тече, не влечи со пумпата, доволни се солените капки, ќе искива се што има внатре. Има разлика од затнато, до чистење од породувањето. Ако е затнато и не може да цица/пие млеко, тогаш веројатно е настинато. Ако нема проблеми со цицање, тогаш уште се чисти. И не влечете со пумпа.
Денеска брвме на доктор,црвено грло и увцето малце,ни дадоа амоксиклав ама заборавив да прашам нешто за увото дали треба, ке го прашам утре матичниот,ама за сега совет?
Мене и така не ми го прифаќала ако и е грд на вкус. Ако можеш пробај со шприц некако набрзинаки, само да не поврати. Јас додека беше мала успевав вака да и протнам.
Како да имам прочитано дека некои антибиотици не дека немало да делуваат, баш скоро пишуваше некој за тоа ама не можам да се сетам точно. Пробај со шприц. И не заборавај и пробиотик да даваш.
Најдобро е со шприц да му дадеш Јас ништо од лекови не мешам со вода Макар по милилитар на повеќе пати,битно да го испие
жении може бебе само на доење да има затвор? ..до вчера 5-6 пати какаше..денес 4 пати..страшно е нервозна вечерва
Може ама не би требало. Колкаво е бебето? Јади сливи, пиј компот од сливи, сок од сливи, многу вода и бистар сок од јаболко. Чувај ја раката на стомаче да не го боли. Блага масажа ептен со кружни движења. Не се нервирај. Гушкај го. Пеј. Излези на свеж воздух.
Да. Мојата и по 7-8 дена не какаше Нормално е до 10 дена да не кака. Повеќе течности внесувај и пиј компоти од сливи!
2 месеци и 3 недели... водаа 1л на ден..сокови избегавам ми прават уште повеќе да ги пијам...денес не бевме излезени многу врнеше..до вчера секој ден излегувавме...она пиеше чајче бекутан ама нема потреба..грчевите прекинаа и и го прекинав и чајот со консултација од педијатар..до вчера многу ја спротеруваше пробиотикот и к1 капките ама денес еве нема ништо...само ги бута рачињата во уста и сака мноогу да спие на раце.. може да биде поврзано со забчиња? (ја сум забен тех. и мислам дека е премногу рано за нив)
Бебе. Може да почнал процесот ама да избијат на 6+. Го мачи нешто, ќе му помине. Нека го фати свеж воздух и ќе заспие.
Каков затвор кога 4 пати какало? Не може секој ден исто да кака. Нервозно е од друго нешто, за запчиња е рано, сигурно влегува во скокот што е на 3 месеци.