Испаничив малце не се случило сува пелена да има толку саати... Сигурно е од жешково па ни јас не одам во вц многу
Од што може бебе 1 месец да има проливче..? На екслузивно доење е, веќе неколку дена нема таква класична кака како со семиња низ неа туку само жолто на пеленката... А предходно какаше зелено.. Можно ли е да е од грчевите?? Вака ок е бебе не е вознемирено освен што се стега од грчеви
Може не е пролив, ептен е течно? Моето цело време си кака не течно многу ама не и тврдо. Баш на педијатар еднаш се искака, им ја покажав ми рече така треба. Правилна боја на кака е златно жолта.
Течна е. На пелената нема ништо само жолта боја. Иначе на почетокот му беше супер златно жолта кашеста како со семиња низ неа педијатарот рече дека така е правилно. Ама ова сега ептен ретко, затоа ме загрижи. Утре сме на педијатар секако, ама мислев да видам мислења
За пролив се бројат колку каки има значи да се кака цело време пример 4 5 пати во 1 час...ако има нешто плус од вообичаено тогаш може да се сомневаш дека е пролив. Јас имав дома на фрижидер залепено како се менуваат каките со возраста види на гугл а има и доста апликации внесуваш и ти пишува дали е во ред според боја и форма Glow Baby ја користев и таква беше симни си ја
Мајки хелп. 2 дена сме со температура до кај 38.5 39 ама нон стоп качува на 4 саати давам ефералган па блокмакс но до 37.5 повеќе не паѓа. Крвна слика и црп ок на лекар ми викаат црвено грло и вироза... Нормално ли е 2 дена да е без подобрување? Ми овена детето, а пиеме антибиотик cefaclor
Немам совет, Ако ти значи околу мене со дечиња оваа температура по 3 4 дена ги држи ама баш 24/7. Сега од братучедка малата е болна и ми кажа кашла и црвено грло 39 со ништо не спушташе 3 дена веќе од 4тиот поминува...
Дај боже да е 3 утре ни е третиот ќе издржиме уште малку, бил и друг пат болен ама вака да не спушта не било страв ме фати
Моето беше 4 дена со висока температура, на два пати и до 40 крена и тоа точно на 3-4 саати креваше. Моето имаше високо црп.
Здраво мајки. Ќерка ми има скоро два месеца и кога ја оставам да леже на грбчето преку ден и навечер кога спие во креветчето постојано се врти на левата страна и левата страна на главчето и е сплескана. И ја менуваме позицијата постојано, но таа упорно се врти повеќе на левата страма. Дали некој од вас го има истиот проблем и како се справувате?
Здраво мајки. Син ми за 4 дена ќе прави еден месец. Носето му е затнато, ставам марисол капки ама не помага. Само понекогаш кога ќе искочат на површина ги влечам со пумпа, а инаку се некако многу навнатре. Почна и да кашла како да има секрет па ми е страв да не се загуши. Веќе почна и да плаче додека цица и со тоа не цица долго. Ги видов овие лепенки дали има некој искуство со нив, со тоа што ќе ги залепам на креветчето кај што спие? Или како да му помогнам да го исфрли секретот кога кашла?
На моето бебе исто му беше сплескано главчето и ортопедот рече со вежби да му ја вртиме главата на другата страна. Со тек на време почна сам да ја врти, посебно кога почна да се врти и да спие на стомак. И сега му е малку сплескана, ама има многу коса и не можам убаво да видам, а на ортопед сме во септември.
Многу е мало бебчето за било што освен капки спреј на база на морска вода. И влечење со пумпица прскаше спреј или капки чекаш некој аминута и влечеш со пумпицата. Најверојатно кашла од секретот кој се слева во грлото од носот. Исто тука имам читано не ми е испробано сецкан кромид до креветчето дека помага. За се друго консултирај се со матичен
Не е страшно. Така е кај сите. Може се има плус измочкано ко се покакало и наеднаш течно нели се прави. Ние од првиот месец наваму се со таква кака сме. Тукуу, навечер спие во креветче, без проблем ама денски нема шанси. Многу во раце сака. Ми падна полојнава. Чаре?
Исто е и моето. Навечер во креветче, преку ден не. Евентуално во колиЧката во корпата го легнувам некогаш знае да заспие, а највеќе сака легнат на мене или на татко му врз гради, на меше. Така мислам да го оставам цел ден ќе спие
Мало е за лепенкиве, над 2 години се користат. Освен солен раствор ништо друго, да постои малку па аспирирај со пумпица
@Andrejaaaaaa И ние сме исто со каката веќе повеќе од недела дена, течна како пролив ама кај нас е жолто-зелена бојата. Бебе си е супер, цица преку денот на 2 часа, некогаш и помалку.Преку ноќ знае да заврзе и до 4 часа.Гречеви многу малку има се стега обично навечер накај 20часот ама трае кратко, ќе се искака и му поминува. Прашав педијатар за мислење за каката зошто е со зелена боја, и течна ми рече дека е можно да немам доволно млеко и дека е гладно, а бебуш не покажува знаци на глад.Полни пелени, со таква кака, и си мочка исто, плаче кога е гладен и кога му се спие и тоа е.Незнам зошто така ми кажа... Иначе @Lili4e и моето само навечер спие во креветче и тоа како да знае дека му е време баш тогаш.Преку ден во дневна со нас, на музика гласна, и многу галама.Со татко му по цели денови слушаат рок и тоа го смирува комплетно.Па и заспива така...Навечер после капењето, цица и до 22часот веќе зацврстува и го ставам во креветче си спие.А преку ден ако го ставам во спална во креветче нема да спие ни 5мин. Мене тоа ми е супер.не ми преставува проблем, барем преку ноќ си спие во креветче мирно.
Majki kako da dadam sirup ili bilo sto drugo sto ne e mleko na 4 mesecno bebe? Znaci nisto, ama bas nisto drugo ( vodicka, eve sirup, elektroliti..) osven mleko ne saka da goltne dajte mi idei